Форумџика на годината

Медот како еликсир на младоста и долгиот век

Discussion in 'Храна и пијалаци' started by interesna, Oct 29, 2010.

  1. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Joined:
    Oct 24, 2013
    Messages:
    475
    Likes Received:
    1,030
    Gender:
    Male
    Чувате пчели, ама слабо си научила како функционира производството на мед кај пчелите;)
    Бесмислено и невозможно е да се вади нектар од рамките кога се знае дека во нектарот има далеку повеќе вода одколку што има во зрелиот мед. Нектарот е далеку понеблаг од медот. А неферментираниот и неузреан нектар богат со вода не е никаков продукт и нема никаква вредност. Тоа е исто како да се замеси леб, да се стави квасец и тестото да се продава за јадење нестасано и непечено. Кој би го купил тоа.
    Тоа што се продава по маркетите е одредена количина на мед помешан со разни хемиски добиени слатки сирупи. Само ова е напишано со многу ситни букви, што ретко може некој да го види.
    Тие кои од 5 кошници вадат по 300 кила мед работат поинаку, а ова не е место за тоа.
    Ставањето погачи и сируп во период кога нема лачење на нектар (касна есен, зима, рана пролет) е нормална пчеларска мерка. Шеќерното тесто или шербетот веќе одамна ќе бидат изедени и искористени од пчелите, па во време на собирање на нектар и правење на мед, од нив нема да има ни трага. Плус медот се складира во посебни спратови од кошницата.
    Кристализирањето е особина на вистинскиот мед, но тоа во поново време не е знак за негово препознавање. Разни шеќерни сирупи добиени по ензимски или термички пат, а нелегално се продаваат како мед исто така кристализираат. И мирисот, аромата и бојата се фалсификуваат па одамна веќе овие параметри не се користат за препознавање на квалитетен мед.
    Мој совет е да купувате само од добро познат човек, пријател или роднина пчелар или пак да си ставите две-три кошници во двор и да си обезбедите најмалку 15-тина кила чист мед за цела година.
     
  2. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Joined:
    Nov 19, 2014
    Messages:
    2,424
    Likes Received:
    9,684
    Gender:
    Female
    Од сабалје обавезно лајче мед и јас правам за слабеење лимон и вода млака и цимет натре во нив преубо и веќе од завчера почнав да пијам секој ден па ќе видиме :D:D:D
     
  3. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Joined:
    Feb 17, 2011
    Messages:
    2,731
    Likes Received:
    5,525
    Gender:
    Female
    Може да препорачате место од каде набавувате убав, темен и вистински мед?
    Имав до скоро извор за нарачка, ама сега веќе немам.
    Сум земала од оној на Кам, мислам не е лош, иако е поинаков на вкус и густина од домашниот кој го земав.
     
  4. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Joined:
    Feb 8, 2018
    Messages:
    4,279
    Likes Received:
    20,720
    Gender:
    Female
    Домашниот мед е фантазија, има преубав шмек и не се споредува со оној од маркетите. Највише ми иде во палачинка со ореви или со интегрално лепче, многу тенок слој на мед. :)