Дали некој го пробал рецептот со мед и цимет за слабеење!!! Наводно имал многу големи резултати, па сакам да видам дали некој овде ослабел на природен начин Да одмориме малку од хемијава
Не е некоја диета освен што насабајле на гладно се пие напиток направен од 1 суперна лажица мед и 1 кафена лажица цимет кои се ставаат во топла (не зовриена) вода и се остава малку да се олади. После тоа се пие . Истото се пие навечер пред спиење.
Јас имам слушнато, дека делува но резултатите видливи по неколку месеци, и што ми е некако логично бидејќи веќе имаме слушано за диетата со мед пред спиење, додадено и цимет кој е здрав и кој го прочистува организмот од штетни материи, вреди да се проба, но редовна употреба за да има некакви ефекти. И ако решите да го правите ова, проверете го задолжително потеклото на циметот бидејќи има два типа цимет,од кој едниот не е препорачлив за редовна употреба, бидејќи и штетно може да влијае. http://www.rak.mk/index.php?option=com_ ... Itemid=218 http://www.rak.mk/index.php?option=com_ ... Itemid=218
Имам пиено ама одамна беше, за резултати неможам да зборувам зошто релативно краток период пиев. Циметот ми има специфичен вкус, не ми се допаѓа и ептен со сила го пиев и се откажав. А за да има ефект секако дека треба да се пие подолг временски период, со се е така.
За циметот имам слушнато дека помага во побрзо разградување на мастите во телото, така некако, може сум грешка. Мене пак ми има убав мирис Кога пијам млеко обавезно ставам една лажичка мед, и одозгора пропрскам цимет. Исто кога јадам сутлијаш пропрскам одозгора. А наутро пак, кога-како не секое утро, пред појадокот значи, полнам една голема чаша вода, ја подгревам на плинско додека се стопли малку водата за да се стопи медот, ставам мед, лимон и цимет во неа Кога го испијам сето тоа неверојатно е колку посвежа се осеќам.
еве дечки што најдов за медот и циметот. http://www.angelfire.com/az/sthurston/h ... namon.html Го пробав рецептот за слабеење денес и вчера вечерта како што пишува, и многу е вкусно додека е топличко, ама од сабајле и не е нешто баш. мене ми беше многу благо. Искрено, и да не ми помогне при слабеење, барем знам дека е здраво и не може да наштети ништо
Исто и јас, мислам дека е добра навика, барем е здраво и секако може само да помогне.Само што јас не го приготвувам на тој начин како во твојот пост, и наутро и навечер во филџан топла вода, ставам пола лажица цимет и една лажичка мед. Add honey now that it has cooled. Never add honey when it is hot as the heat will destroy the enzymes and other nutrients in the raw honey. Е ова не го знаев, ќе мора да направам мали измени во врска со медот.
Добро е да се знае какво дејство имаат медот и циметот врзани. Јас имав пиено цимет и топла вода пред околу 3-4 години ама без мед, и немаше ефект. Јас ќе пробам па ќе пишам. П.С. Само не ми е јасно дали треба да се вари како кафе или само да се прелие со топла вода?
медот никогас не треба да се излозува на температура повисока од 50 степени, зашто тогаш се губат повеќето од неговите својства... јас вака правам... зовривам вода, и во шоља (оние од 200мл) го попарувам циметот (пола лажица), исто како чај. го покривам и го оставам пола саат да одстои, после додавам една цела лажица мед, и тогаш водата е млакичка. половината ја пијам навечер пред легнување, а другата половина, покриена ја ставам во фрижидер и ја пијам веднаш штом ќе се разбудам. и јас не знаев дека постојат 2 вида на цимет ( прочитај го постот погоре, има и линк) значи едниот е штетен за секојдневна употреба а другиот вид може да се користи неограничено. но исто многу важно е медот да биде природен. еве веќе 2 дена го пијам, и баш ми е убаво резултатите се покажуваат после 1 недела, ама и да нема резултати не е ништо лошо да се проба. сепак медот не му наштетил на никој до сега
Фала ти многу melanie27, јас сабајлево си направив ама медот и циметот прво ги измешав, па додадов топла вода, ама од вечерва ќе го практикувам твојот совет. А инаку вкусот и не е лош, дури ми се допаѓа поздрав
Ајде девојки кажете дали има ефект некаков од ова зошто и јас сакам да пробам, па ако некој се придружува на ова правило нека ги сподели резултатите доколку ги има
Е па тоа е супер, а освен тоа имаш некои измени во исхраната па во комбинација со мед и цимет изгуби 3кг.? И јас го пиам ама во меѓувреме држев и диета па не знам во колкава мера медот и циметот се заслужни за кг кои ги изгубив.
не вечерам само, избегавам благо и тоа. Не сум на некоја строга диета !! Исто приметив дека кога ќе се напијам вода на гладно од сабајле, имам побрз метаболизам во текот на денот. А и побрзо се расонувам отколку со кафе.
Девојки ај кажете ми каков вид на цимет купувате колку пари и од каде ? Јас имам слушнато за мед и топла вода и дека тоа го забрзува метаболизмот а сега сакам да пробам и јас
ако може некој да ми каже и дали има такви кои ослабнеле од цимет и мед...бидејки денес почнав па да знаам,за колку време да очекувам резултати,да не се разочарам поздрааав до сите диеталки