Утрово си кркнав пченични никулци со пола шоља млеко,лажичка мед и лажичка цимет.Да ви кажам право,како чоколино му доаѓа,но још боље и малку посуво е.А за слабеење,искрено,се сомневам,ама пробајте.Не за друго нема логика.
Извини , ама каде поточно на зелен??? а во стапчиња или мелен??? и има шанси да ме прелажат???или има начин да го препознаам???? а овој во маркетиве каков е??? извинете ама битно ми е
Епа нема начин,тој исто мириса,но интензитетот на мирисот е посилен кај вистинскиот и има сладникав вкус,а не прашкаст.Кај нас речиси и да не го носат,затоа што е скап,така да...не знам.Кај мене татко ми го зима,ама не знам од каде и тоа таква си е продавницата,се има,од интегрален сусам,лен до цимет и пред тебе го мелат,ако сакаш мелен.
Вечер ќе го прашам домаќинов и ќе ви пишам,без гајле! Едит.Женски прашав,ми рече од некои продавнички на зелен пазар,ако прашате ќе ве упателе,сите ги знаеле,една до друга биле две.
најдобро во стапчиња да земеш па да нарендаш или сомелеш, ги има и во веро и пишува на кесичката од каде се!
Порано имав 3 кг над мојата вообичаена тежина ,ама никако не се симнуваа бидејќи не можев да бидам физички активна поради повреда.. Не дека ми сметаа којзнае колку ,ама сакам секогаш да бидам фит . И ајде ,си реков ,да пробам со овој метод. Јадев нормално,пиев наутро и навечер 2 недели , а резултатот беше 2 кг плус. Оттогаш престанав да верувам во вакви чуда.
http://www.alkaloid.com.mk/content/Proizvodi/cimet-melen.jpg Jas ovoj cimet go piev sso cveten med vo zimata ama sega mi e toplo vremevo za ovoj tezok pijalak a vo zima mi e super kako cajce blagicko
Е многу ме замисливте со циметов! Јас си купував од оние на маестро, ама уште кога прочитав дека тој лошиот пецка во поголеми количини, сфатив дека таков имам. Не сум го пробала ова со медот и циметот за слабеење, ама за анемија секој ден јадам мед, семе од коприва, цимет и непечени бадеми. Циметот и бадемите сама ги додадов на основниот рецепт затоа што без нив не ми беше воопшто вкусно. А важно ми е да е добар, зошто нештово го јадам секој ден, и ставам многу цимет. Деновиве ќе го испратам татко ми на зелено пазарче, во потрага по добар цимет. Инаку циметот го регулира шеќерот, или така нешто. А природен мед секако здраво е да се јаде. Плус мене ми ја регулира желбата за друго благо.
А има ли од тој ,,добриот цимет,, во пакетчиња што можеме да ги купиме од продавница. И каква треба да му е бојата, сега купив еден на мерење од макробиотската, но не знам дали е таков.
Ајде некој ако може да ми каже поточно како е диетава, т.е напитокот, и кога да го пијам, сакам да го пробам
Вака сега..... тој добриот цимет потекнува од Шри Ланка и позади на паковката треба да пишува cinnamomum verum, додека другиот потекнува од Индонезија и е т.н. лош цимет на таа опаковка пишува cinnamomum cassia. Ете....тоа е тоа
Циметот сам по себе делува како лаксатив. Бидејќи деновиве седев на тврда столица , се обидов со кафена лажица цимет во чаша чај и успеа операцијата. Медот е самиот доволно хранлив и благ, за да ја убие секоја желба за благо во текот на денот. Пробајте, ако добиете контра ефекти, барем со сигурност ќе сте поздрави.
Имав слушнато за ова и почнав да пијам но не продолжив оти многу грозен вкус ми има .Дали има ефект тоа не знам но имам слушнато дека има.