Во едно книгиче наменето за растенија кои го зајакнуваат имунитет, се зборува за тоа колку циметот е едноставно прекрасен, за имуниот систем, варењето, срцевите заболувања, итн, дури и за ослабнување: „Секое утро, половина час пред појадок, на гладен стомак и навечер пред спиење се пие мед и цимет во прав проварен во една шоља вода. Ако се зема редовно, се намалува телесната тежина и кај најдебелите лица. исто така земањето на оваа мешавина редовно не дозволува акумулирање на маснотиите во телото дури и ако лицето е на висококалорична диета. “
со сестра ми почнавме од вечерва со медот и циметот, навечер и наутро во 100 мл вода додаваме лажичка мед и пола лажиче цимер, па за две недели ќе бидете известени како реагира на два различни организми, може да ја вклучиме и мајка ми
Прочитав на почетна за мешањето на мед и цимет за слабеење,и да се пие навечер и сабајле Kе пробам и јас,нема да ми е тешко зашто обожавам цимет
тешка глупост ама ете ние што сакаме да јадеме и да слабееме ке пробаме . со оваа варијанта можете само да ја регулирате тврдата столица додека го пиете друго ништо освен запекот кој следува откако ке престанете да пиете. дека е здрав не одрекувам но дека не се слабее со сигурност ву кажувам
Јас да ве исвестам дека јас се откажав од медот и циметот ,пошто многу ми беше тешко на желудникот од него
Cinnamon and Honey formula for weight loss: This should be prepared at night before going to bed. 1. Use 1 part cinnamon to 2 parts raw honey. 1/2 tsp cinnamon to 1 tsp honey is recommended but can use more or less as long as in the ratio of 1 to 2. --- so 1 tsp cinnamon to 2 tsp raw honey is ok too as an example. 2. Boil 1 cup...that is 8 oz of water. 3. Pour water over cinnamon and cover and let it steep for 1/2 hour..(30 minutes) 4. Add honey now that it has cooled. Never add honey when it is hot as the heat will destroy the enzymes and other nutrients in the raw honey. 5. Drink 1/2 of this directly before going to bed. The other 1/2 should be covered and refrigerated. 6. In the morning drink the other half that you refirgerated...but do not re-heat it...drink it cold or at room temp only. Do not add anything else to this recipe. No lemon, no lime, no vinegar. It is not necessary to drink it more time in a day...it is only effective on an empty stomach and primarily at night.
Јас често користам цимет, ја обожавам неговата арома, не сум забележала нешто посебно да прави за мојата линија, ама можеби тоа е затоа што не го комбинирам со мед... Инаку, ме интересираше обичниот цимет во кесички кој може да се најде секаде, спаѓа во добар или лош цимет? Јас секогаш го користам тој од Макс струмица, но не пишува на него никакво латинско име
Девојки јас го пиев ова некој месец дена од сабајле на гладно и пред легнување и искрено немав никаков резултат, слушнав дека се топеле масните наслаги меѓутоа кај мене немаше никаков ефект, но сум слушнала од други што биле поупорни да речеме што пиеле по 2-3 месеца дека им делувало.
Буквално бев опседната пред некоја недела со ефектите на мед и цимет пред спиење и рано наутро. Циметот е многу корисен, многу. Меѓутоа за слабеење не би тврдела. Прочитав околу 20тина статии од професионалци и заклучокот се речиси секаде ист.. Здраво е, но дека ќе ослабете не баш. Да напоменам, ова не ги топи масните наслаги, туку треба да го забрза вашиот метаболизам што е и клучот до губењето килограми и одржување константна тежина. Доколку го применувате внесувањето на мед и цимет наутро и навечер (по една супена лажичка) може да има некој ефект, но треба да се внимава на исхраната. Не е возможно да изедете хамбургер во седмица па мед и цимет, блакичко што убаво така.. И да се слабее.
A овој што е здравиот цимет,исклучиво во стапчиња се продава или го има и во прав?И стапчињата со што ги мелете?
Па на почетните страни кажаа дека имало разлика,еве и јас сега најдов во една статија: Спојлер Цејлонскиот цимет се продава во вид на стапчиња, има понежна и попријатна арома, додека касија циметот има поостар мирис и пецкав лут вкус. Цејлонскиот цимет може да се јаде во неограничени количини, но касија циметот, кој има појак вкус и црвенкаста боја, содржи кумарин, токсична хемиска супстанција која, доколку се зема во големи количини, може да предизвика вртоглавица, мачнина, слабост, оштетување на црниот дроб, на бубрегот, па во најтешки случаи да предизвика внатрешно крварење и смрт. Затоа не се препорачува касија циметот да се консумира во поголеми количини. Jaс кога купив од кесичка имаше црвенкаста боја,дали може да се најде цејлонски во кесичка или?
Види, се во преголеми количини има негативно дејство. Ова што ве плашат со смрт, мислам дека е претерано Јас од три години земам една супена лажичка со мед и цимет (нормален во прав од продавница) и жива и здрава сум. И мајка ми кога го прочита истото се исплаши и ме однесе на тестирање, ми рекоа дека сум здрава прва. Ни бубрег оштетен, ни црн дроб.
Сама по себе оваа смеса не е магична, тоа е сигурно. Ако јадеме сите по 3 хамбургери на ден и 1 пица како стоки, нормално дека нема ни Доктор Офболи да може да ни помогне! Значи финтата со оваа смеса е да го забрза метаболизмот, како што кажа и слаткичка. Тоа доведува до побрзо варење на храната и до побрзо исфрлање од телото. Постојат многу комбинации кои можат да доведат до побрз метаболизам, но тоа не значи дека човек ќе ослаби доколку само тоа го конзумира. Да веруваш дека само смесава ќе те ослаби е исто како да се мачкаш со средство за целулит без масажа, без да вежбаш, туку само да лежиш и да очекуваш дека магично ќе исчезне.
Порано го користев овој метод ,ама ни грам не ослабев. Мислам дури и дека ставив килце -две вишок. Мене не ми одговара ,за другите не знам.
Дали ви се верува – медот ги топи килограмите! Но само ако го јадете пред спиење! Приказната не е нова. Ја пласираа Мајк и Стјуарт Мекингс уште пред 6 години, при што предизвикаа вистинска хистерија меѓу елеганстно пополнетите верувајќи дека килограмите ќе се топат сами и тоа додека тие спијат. Изминативе години ја потврдија оваа теза, но со мало дополнување: самото земање мед пред спиење не може да ја стопи килажата, ако не е комбинирн со напор. Со хибернациската диета – како што се нарекува овој вид тактика за слабеење, предвидени се 15 минути тешка физичка работа дење и тоа секој втор ден од диетата. Tајната на хибернациската диета, за која е потребен мал, но тежок физички напор, лежи во такавиканиот фруктозен парадокс. Бидејќи навечер се зема лажиче мед, фруктозата навлегува во организмот и се претвора во гликоген, што организмот може да го претвори во гликоза кога ќе му е потребно. Па така кога организмот се става под напор, се разградува масното ткиво. Имено, кога фруктозата ќе го заврши својот дел од работата, и изврши регулирање на нивото на гликозата во крвта, па нема потреба за дополнително лачење на стресни хорони, туку само оние другите кои го разградуваат масното ткиво. При напорното вежбање во фитнес клуб, главно се трошат јаглените хидрати, а не мастите.Мастите се трошат дури во текот на одморот од вежбите, ако е тој правлно усмерен. За оваа диета најпрепорачлив е багремовиот мед, кој има најголема количина на фруктоза во себе, а најмал гликемиски индекс, заради што дава најдобри резултати. извор: http://www.kozmeticarka.mk/