Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мед

Дискусија во 'Диети' започната од lopez.jeni, 17 ноември 2013.

  1. wendy2

    wendy2 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    715
    Допаѓања:
    11.556
    Тогаш добри се медовите во продавници како што сфатив? Јас досега земав селски по 600 ден, ама ако навистина се исти нема зошто да се замарам со нарачки, башка поефтин ми е многу.
     
  2. EmporioIvankov

    EmporioIvankov Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2023
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    1.182
    Не е исто ако сме искрени, во продавница можеш многу лесно да го лажираш со инвертен шеќер, затоа што медот по состав е инвертен шеќер и примеси. 50% глукозен, 50% фруктозен сируп и оп иста конзистенција и исти карактеристики како медот, шибаш жолто обојување, можеш прехрамбена жолта или жолто-портокалова и бам истиот продукт ама не баш истиот.
     
    На simoncelicius, SummerGirl и eliesaab им се допаѓа ова.
  3. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.907
    Допаѓања:
    7.093
    Пол:
    Машки
    Има купечки природен без додаден инвертен шеќер, можеш да го препознаеш и со вртење на тегла и на на хартија и во вода дали се прави како саќе. Е сега во шо е разликата. Начинот на работа, тој е индустриско производство, разликата е исто како купечки и домашен Ајвар и затоа има разлика во цената, има нешто шо го издвојува од домашното произодство. А тој шо има додаден инвертен шеќер, шеќерот му се крева горе, најчесто е слаткарски мед и се употребува во слаткарството, како медени колачи или срциња, иако може да се најде и во рафтовите по маркетите.
     
    Последна измена: 16 октомври 2024
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.754
    Допаѓања:
    169.030
    Пол:
    Женски
    Искрено на вкус можам да сетам купен мед од Кам пример или друго место и мед шо иди дирек од пчелите, дури и онај рано пролетниот шо е потечен и најсветол. Пошто во продавница и немам видено потемен, можи има ама јас немам видено. Едноставно вкусот не е ист. Башка колку брзо кристализира е добар знак дали има додавани работи внатре од после шо намалват квалитет. Јас додуше неќам кристализиран, ама па ако не кристализира не би го јадела пошто кристализацијата е јасен знак дека е таман. На татко ми робовите, ова, пчелите ( :D ) прат ливадски, на чичко ми планински. Преферирам ливадски и полесен. Можам пример во овошна салата лајче да ставам. Планинскиот ми е многу тежок. Не зборам за благ туку осеќам како лајче и веќе ми е ту мач.
     
    На simoncelicius и SummerGirl им се допаѓа ова.
  5. wendy2

    wendy2 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    715
    Допаѓања:
    11.556
    Има секакви сега, во веро и тинекс големиот баш гледав преку 20 врсти мед има. Темни, светли, жолти, дури со вкусови.
     
  6. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.754
    Допаѓања:
    169.030
    Пол:
    Женски
    Јас гледав онлајн мали бизниси шо продаваат мед со одредени тревки и овошја внатре. Исто nut butters со многу мед во нив. И дефинитивно е нешто шо би сакала да пробам или да научам јас како се прај за да можам дома да си напрам по вкус. Пошто иако имам привилегија кога сакам да си турам мед и колку сакам - едноставно не ми е нешто омилено. Ама изгледа не ме заинтересирало доволно да разбарам и да се распрашам.
     
  7. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.907
    Допаѓања:
    7.093
    Пол:
    Машки
    Тие со вкусови се вештачки, пример со вкус на јаболко. Нема таков мед освен да му додајш екстракт од јаболко. А ако има парченца сечени јаболка, некој ореви, бадеми ставаат, тогаш океј. Медот има само мирис и боја, мирис на пашата, а вкусот е благ. По маркетиве има мед природен, без додадени вештачки работи, ама разликата е како купечки и домашен Ајвар, пакувањето, процесот на производство.
     
    Последна измена: 16 октомври 2024
    На eliesaab, SummerGirl и theowndemon им се допаѓа ова.
  8. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.907
    Допаѓања:
    7.093
    Пол:
    Машки
    Исто и ако видите на етикетата да пишува рок на траење пример 10.10.2024, тогаш не е природен, има нешто додадено шо го прави да биде со ограничена употреба.

    Медот нема рок на траење, по одредено време самиот преминува во фаза на "заштита" односно кристализира и самиот си се складира и чува, и по 200 години пак истиот ќе биде. Кристализиран мед е вистински приоден мед. Холанѓаните купуваат само кристализиран, никако течен (густ), зошто со течниот највеќе се манипулира.
     
    На eliesaab и SummerGirl им се допаѓа ова.
  9. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.182
    Допаѓања:
    36.611
    Пол:
    Женски
    На мене ми е чудно како може медот да има рок. Најдобро е да се купи мед од домашен производител.
     
    На quattro му/ѝ се допаѓа ова.