Мезе

Дискусија во 'Храна и пијалоци' започната од irrelevant, 22 ноември 2019.

  1. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    7.656
    10000 пати побарав и не најдов тема за мезиња и ако е дупла бришете, ако не вака:

    Колку пати ви дошле гости што не сакате да ги испратите само со кафе, а немате доволно време за салам нешто да приготвите?

    Или планирате да поканите такви а немате идеја што на маса.

    Давајте идеји за помош во такви ситуации.

    Јас, освен кикири, наполитанки, грицки и слично, пржам сурими стапчиња, печам печурки со кашкавал, во земјен мал сад ставам во рерна фета сирење, кечап и кашкавал, ако имам време пред тоа да ми се најавиле правам и мини пици, поховани зденки, кромид, маслинки. Последно и ова го правам:
    20191122_172012.jpg
    Чипс ребраст, пошто друг за вака се рони, за сосот малце павлака, малце сенф, малце мајонез и ситно рендани кисели краставички .


    Вие што ставате на маса за мезе?
     
    Последна измена: 22 ноември 2019
    На Luminary, Peperutce1115, Marina*F и 15 други им се допаѓа ова.
  2. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    5.599
    Допаѓања:
    54.474
    Пол:
    Женски
    Разни сирења и крекери, ако имам доволно пари за поубави сирења. :D
    Ако не, купувам чипси, мини кроасани, кикиритки, такви работи. Купените лиснати се практични, но многу лошо ми мирисаат кога се печат па ги избегнувам. Во Кам има убави готови лиснати, супер се за вакви пригоди.
    [​IMG]

    За брз десерт правам пудинг со банани и Домачица. Океј е и топол (ко топло чоколадо му доаѓа), па супер опција ми е за ненајавени гости.
    За деца сецкам разни овошки, тоа што ми се наоѓа дома.

    Идејата за сосче со чипс ми се допадна, ќе ја крадам за нареден пат.

    А ако има доволно време, правам некое поубаво десертче, печам пици или кифлички... се трудам да е нешто интересно и различно од претходниот пат кога дошле.
     
    Последна измена: 25 ноември 2019
    На Luminary, irrelevant, nextredstyle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. LadyLollypop

    LadyLollypop Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    850
    Допаѓања:
    4.406
    Пол:
    Женски
    Зависи од пригодата, доколку се најават за кафе, ставам апетисани и нешто благо доколку имам направено нешто ако не наполитанки или слично... А доколку се собереме друштво поголемо така за повеќе седење тогаш ставам сирење, кашкавал, нешто сувомеснато, маслинки, чипс со сос, смоки, соленки, апетисани, кифли или готови лиснати, благо... некогаш и нешто поховано (кога не ме мрази да правам) и така :)
     
    На irrelevant, nextredstyle и piksooki им се допаѓа ова.
  4. La.loca

    La.loca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    7.795
    Пол:
    Женски
    Во Кам има готови пирошки, само да се испржат треба. Си купувам и чувам во фрижидер, кога идат гости само во тава, правам пахован кашкавал, паховани зденки. Кога имам повеќе време и печурки пржам, пилешки прсти со сос. Пудинг во чаши и во фрижидер да се олади одозгора малце шлаг, децата уживаат, овошна салата, некогаш правам и малце каша за палачинки и набрзина. Другото нешто сувомеснато, грицки и тоа е.

    Темава нека биде поактивна, така ќе може да разменуваме повеќе идеи.
     
    На hermosa и nextredstyle им се допаѓа ова.
  5. nextredstyle

    nextredstyle Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    6.238
    Допаѓања:
    57.634
    Пол:
    Женски
    Јас и мајка ми купуваме грицки,чоколади,бонбони и сок.За најавени гости спремаме јагнешко или пилешко месо.Кога имаме време спремаме цело пиле,кога не,ако има дома,пилешки прсти,плескавици или стек.
    Чат-пат и ракчиња.Често и тестенини и бисквит торта или пита од готови кори со вишни или јаболка.
    Сирење имаме секогаш.
    За ненајавени гости,од блиска продавница купуваме сок и нешто благо или солено.Ако сакаат да останат на ручек,спремаме тоа што имаме дома,салама,виршли,колбаси,домати,сирење и млад кромид или лук.
     
    На La.loca и piksooki им се допаѓа ова.
  6. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    9.660
    Допаѓања:
    143.546
  7. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.659
    Допаѓања:
    10.565
    Пол:
    Женски
  8. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    5.890
    Допаѓања:
    19.625
    Пол:
    Женски
    Ние најчесто правиме даска со кашкавал, сирење, салами некои и маслинчиња на даската.
    Зимно време, туршија се знае и ајварче.А општо сезонска салата, шопска, таратурче, марула итн
    Апетисани во случај да пие некој виски.
    А за другарки мои ,,мезето” е кафенце со благо и грицки.Доколку е гладна некоја добива фул порција :rofl:
     
    На La.loca, piksooki, GirlRose и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Iva9612

    Iva9612 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2019
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    510
    Пол:
    Женски
    Некогаш правам клуб сендвичи триаголници со чајна,кашкавал,корнишони,пилешки прсти,лиснатици иако не ги обожавам јас многу,кога ќе се најави некој може да нарачам пица или уштипци,салати разни со павлака,може да насечам нешто сувомеснато и кашкавал,сирење и корнишони,маслинки и благо некој кекс или ако имам време торта..ми се отвори апетитот со овие мезиња колку ги обожавам
     
    На La.loca и nextredstyle им се допаѓа ова.
  10. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    2.595
    Допаѓања:
    5.417
    Пол:
    Женски
    Мене ми е најслатко секогаш мајонез салата со кифлички
     
    На piksooki му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Luminary

    Luminary Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    1.757
    Допаѓања:
    27.553
    Пол:
    Женски
    Зависи од пригодата, од луѓето, и кој што пие. :D

    Но најчесто апетисани, пченкарен чипс со сос (павлака, мајонез, сенф, кари, оригано), печени мини пици, полнети лиснати за печење, коцки кашкавал, сирење со оригано, понекогаш нешто сувомеснато, крекери, солени стапчиња, сечено багет лепче со готови намази (овде има навистина преголем избор на намази, крем сирење со билки, намаз со лук, путер со печурки, топен кашкавал...)
    За благо обично некои готови колачиња доколку немам нешто направено од претходно.
    Генерално зависи што имаме по дома, или за што сме расположени, па правиме некоја комбинација.
     
  12. m.bt23

    m.bt23 Активен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2018
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Не знаев каде да прашам ама прашањево ми е поврзано со мезе и со гости. Што би послужиле на "пијанка" со џин?
     
  13. Tracer

    Tracer Активен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2021
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    160
    Пол:
    Машки
    Cokolada
     
  14. m.bt23

    m.bt23 Активен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2018
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    А нешто солено/јаткасти плодови?
     
  15. Tracer

    Tracer Активен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2021
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    160
    Пол:
    Машки
    Badem leshnik
     
  16. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    4.801
    Допаѓања:
    58.340
    Повеќе видови сирење и кашкавал, сувомеснато (пршута, врат, чајна) и два-три вида маслинки :inlove:
    Јаткасти плодови и грицки не сакам.
     
    На m.bt23 и hermosa им се допаѓа ова.