Мекици во кафана

Дискусија во 'Бебе' започната од LadyC, 25 август 2016.

  1. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    10.442
    Допаѓања:
    123.599
    Пол:
    Женски
    Решена сум здравје за синко кога ќе се роди да правиме мекици во кафана, односно во 14ка зашто е одличен ресторан, башка сум Карпошовка и ми е на 5мин од дома. Додуша нема јас да бидам присутна, тоа го планираат мм со моите и неговите да се соберат најблиски и да се прослави. Такво време дојде што сите прават во кафана (повеќето) дали мекици, дали слава, дали роденден, па убаво би било да споделите некое мислење и искуство ако имате.

    У случај да има ваква тема ( мислам не видов) слободно префрлете го прашањево таму.

    Благодарам однапред :)
     
    На ♡BuBaLe♡, jasna83 и Ицолгудбејбе им се допаѓа ова.
  2. Sunshine_1979

    Sunshine_1979 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2015
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    11.924
    Пол:
    Женски
    И јас сум во Карпош, мекици частевме во Две капки, ресторанче на Илинденска карши бензиската кај Борис Трајковски.
    Таму имаше убава а поприфатлива со цена понуда!Како што се договоривме, имало по 2 мекици и парче сирење, зелена салата и ордевер со 4 парчиња сувомесно, кашкавал, урнебес и руска салата за секој гостин. Плус со мала доплата и жива музика ... Пиење кој што си порача!
    Имавме околу 70 гости и беа само наши бидејќи родителите ни се од различни градови и скромно за најблиските си организираа по дома.
    Еденствена мана е тоа што мм во возбудата не сликал ниту една единствена слика...
     
    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.
  3. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    17.309
    Допаѓања:
    269.327
    Пол:
    Женски
    Neli na mekici odat samo zeni?
    Jas taka znam
     
    На Espadrila и Antebellum им се допаѓа ова.
  4. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    10.442
    Допаѓања:
    123.599
    Пол:
    Женски
    Баш ќе погледнам и таму мениха, не за друго, ме излажа со музиката. Тука не ми спомнаа ништо за музика, а мекици ние треба да си однесеме и жестоко смееме да си однесеме колку сакаме.
    А за мекици дека одат само жени, не сум чула искрено и врска немам, кај и да сум била до сега секаде имало и мажи. Можда е нова мода, врска немам, но кај нас ќе има и мажи и жени.
     
  5. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    11.262
    Допаѓања:
    130.858
    Не е никаква нова мода. Во јужниот дел кај нас одат само жени. Не се прават вакви работи. Се служат само мекици со сирење, локум, шеќер. Ништо повеќе. А да и сок.
    Се седи кратко , пола час. Апнуваш и стануваш. Фешти нема. Прават почесто низ кафани. Ама мени нема. Само тоа што кажав погоре. Се организира поручек. Пример од 6 до 8.
    Мекици прават двете баби. Родителите не се засегнати.

    Ова е традиција 100 години уназад. Единствено е сменето што сега мекиците се нарачуваат, не ги пржат дома. Едно време ги правеле дома. Плус сега прават по ресторанти.
     
    На kjukli, makedonkamak, Sesil и 6 други им се допаѓа ова.
  6. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    10.442
    Допаѓања:
    123.599
    Пол:
    Женски
    Мм е од јужниот дел па никогаш не ми спомнал, ниту пак свеки. Једино што свеки сака бебе кога ќе се роди е љуљка ( мислам така го рече) и тоа е се. Во Скопје кај и да сум била било ко мини свадба. Пошо ние не правевме свадба си решивме за welcome baby да има прослава. Можда различни места, различни традиции, ама како и да е е убава работа. :)
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  7. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    11.262
    Допаѓања:
    130.858
    Ваљда нема да те лажан дека кај нас е така.:D
    Конкретно за југо истокот.

    Мислам имаше некоја ваква тема. Го имам пишувано тоа. Не е битно.
    Нека си прави кој како сака. :)
    Кај нас оваа мода уште не е дојдена.
     
    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.
  8. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    10.442
    Допаѓања:
    123.599
    Пол:
    Женски
    Нема врска, таман работа не ни помислив дека лажеш, малце оф отидовме мислам ама сепак затоа се темите, секој да си пише свое мислење. :)
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  9. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    17.309
    Допаѓања:
    269.327
    Пол:
    Женски
    Tocno
    Eve i vo Gostivar kaj sto sum bila i vo Stip osven mekici i sirenje nemalo nisto drugo.Vsusnost zatoa i se vika mekici samata proslava :D
     
    На kjukli, ruruk, makedonkamak и 4 други им се допаѓа ова.
  10. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    13.268
    Допаѓања:
    297.772
    Ние мекици правевме во ресторан.
    Однапред им беше најавено, само ден се чекаше.
    Од нас беа мекиците и сирењето а од ресторанот имаше зелени салати, ордевери и пијачка...и нормално кој што сака да си порача.
    Музика немаше.

    Ќе си отидете по ресторани и ќе си кажете што сакате.
    Има и текви локали каде што и мекици прават.
    Некои локали дозволуваат и свој пијалок да носиш.
    Ствар на договор е
     
    На jasna83 и LadyC им се допаѓа ова.
  11. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    11.262
    Допаѓања:
    130.858
    И сега ми ја решивте дилемата за доручек. Мекици. :D

    Секој крај свој обичај. Се што е во граници на нормала ,за мене ок.
    За убаво нека е. :)
     
    На Espadrila, jasna83, LadyC и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    18.715
    Допаѓања:
    159.960
    Пол:
    Женски
    За првото мм дома си правеше, си нарача мекици, си зеде сирење и пијачки, журка направија со друштвото и секој по дома. За второво веројатно исто ќе биде, пак дома, ама овојпат се надевам во дворче, оти ем што има место, ем топло е уште, а и полесно ќе биде за мене, да ми биде чисто дома кога ќе си дојдеме. Не дека со првото не ми беше чисто кога не пуштија од болница, ама сепак, подруго е. Во кафани веројатно прават оние кои немаат место дома да ги викнат сите да прослават. Кој како милува. Инаку во Охрид не се прават мекици како тука, туку обично се оди на повојница до 40 дена (лудница знам) и притоа гостите носат нешто благо, по можност дома направено. Е сега, дури бев млада, помала, така беше, сега не знам како е.
     
    На jasna83, LadyC и referentka им се допаѓа ова.
  13. awl

    awl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.122
    Пол:
    Женски
    Кај нас дома мајка ми даваше мекици дента кога се породив ама само на најблиска фамилија. Нејзина желба беше дома да ги прави и ја реализираше на задоволство на сите. Свекрва ми немале таков обичај па не правеше дома.

    Кога пријателите дознаа дека се породив сакаа дома да дојдат, па за да се исзбегне тоа заради хигиена, реши во кафана да прави мекици. Правеше во Дада, мекици, сирење, салата, ордевер било послужено. Лабав муабет, со покажување слики од бебе и праќање слики на вибер за да сум у тек со забавата. Вообичаено вака се правеле мекици во друштво и убаво сме поминувале без помпи.
     
    На LadyC и referentka им се допаѓа ова.
  14. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    5.652
    Допаѓања:
    54.743
    Пол:
    Женски
    @Annath, секако дека се прават и во Охрид. Двете баби обично ги прават, ама сега почесто нарачуваат. И сите познати одат во домот кај младте - роднини, соседи, колеги, сите, ама сепак е поскромно. Мекици и сирење со пиење, толку. Исто гледам дека и кај бабите се оди, па си прават и тие за дома мекици.
    За во ресторани не сум слушнала некој да правел тука, но мислам дека е супер опција за тие што не сакаат растурање по дома.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    18.715
    Допаѓања:
    159.960
    Пол:
    Женски
    Можеби сега се прават, јас кога живеев таму не се правеа како овде. Барем никој од тие што ги знам, роднини, пријатели и познаници не правеа мекици како овде. Се одеше на бебе, и тоа најчесто до 40 дена, како повојница и се носеа питулици (тоа баба ми правеше, не оние од палачинки, туку нешто слично на мекици, но со друга форма) и нешто благо (грклани, еклери, крофни или нешто слично). Тогаш и подарок за бебето се носи.
     
    На LivingGlam и LadyC им се допаѓа ова.
  16. Sunshine_1979

    Sunshine_1979 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2015
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    11.924
    Пол:
    Женски
    Над 50 гости со илјада денари доплата има можност за музиче - мислам сајзер и гитара биле.
    А инаку мекиците се нивни, они си ги организираат, а цените далеку пониски од 14-ка.
     
    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.
  17. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    10.442
    Допаѓања:
    123.599
    Пол:
    Женски
    Одлично, ти благодарам многу, баш ќе провериме и таму. :*
     
  18. coconaut

    coconaut Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    919
    Допаѓања:
    2.560
    Пол:
    Женски
    Nie pravevme vo edno restorance na parkingot kaj Holiday inn, ne mi teknuva kako se vika, so salata, ordever I pijalok, mekicite moze I od kaj niv a moze I sam da si poracas. Muzikata e gratis od restoranot, samo ne bila naj naj. Inaku se falat mnogu od Moja kuka I Gradina.
     
    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.
  19. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.775
    Допаѓања:
    25.304
    Пол:
    Женски
    Маж ми даваше мекици дома. Собра друштво и прослави со нив. Не му се даваа пари по кафани.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    46.335
    Пол:
    Женски
    Мекиците се традиција кај нас.Сега почесто во кафана се прават отколку дома.
    Јас кога се породив,маж ми носеше друштво во кафана,а бабите дома си правеа.И со двете така беше.Од веселбата ми праќаа слики.А свекрва ми ми кажа дека од крајот каде потекнува,мекици се носат по луѓе,не се доаѓало дома.

    Сега има еден нов увезен тренд,не знам колку сте запознаени.Baby Shower.Пред да се породи,мајката дома прави забава само за жени кои го ,,тушираат"нероденото бебе со подароци.Анерикански обичај кој нема никаква врска со нашево поднебје.
     
    На sanjaeva, jasna83, joy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.