Баш се чудев кога ќе почнат. Ние сме една плагијаторска нација што копира се што е странско а плука по се што е наше. Следен тренд очекувам да бидат оние конуси полни со слатки и бонбони за прв ден од училиште. (Како од рекламата „го можеш ти тоа“ за киндер чоколадо).
Kaj nas ne se odi po doma za mekici. Tamu kaj sto e bebeto i kaj sto sum dezinfecirala za da e cisto ne sakam da mi idat gosti da pusat i valkaat. Majka mi pravese sama mekici. Radost e toa ogromna i cest da pravis mekici za prvo vnuce. Jas vecerta se porodiv ona vo 4 sabajle stanala i mesela. Nosela niz celo maalo, pa na rabota, kaj brat mi... stotina odnela. Svekrva mi si gi vikna prijatelkite vo kafana. Maz mi castese na rabota i odnese kupecki kaj mene na rabota. Znaci vkupno okolu 200 mekici se potrosija del kupeni del praveni. U kafana ne sakav. Jas si pocituvam tradicija. Nemav baby shower ni mominski... Vo istocna Makedonija po selata kaj sto ima leunka 40 dena sekoj den nekoja od komshikite ide so ruchek za majkata i i pere ili sreduva. Vo sobata kaj majkata i bebeto ne ide. Taka od sekoja kuka po eden rucek. Nikomu trosok a ogromna pomos. Povojnici malku dojdoa. Polesno za mene da ne gotvam spremam cistam.
Освен мекиците, во мојот крај (Свети Николе) се прави и Богородична погача. Денот кога мајката и бебето си доаѓаат дома, доаѓа блиска роднина (мора да има живи родители) и заедно со неколку дечиња месат блага пресна погачка, целата оросена со шеќер. Сечат парченца и носат кај сите роднини и пријатели. Нешто како ФБ нотификација - соопштуваат дека има ново бебе во фамилија. Обично некој возрасен ги вози низ градот, а домаќините треба да им дадат паричка за убавата вест! Мајката исто ги дарува дечињата со ситен подарок - чорапчиња, веш или сл. Значењето е дека ја молат Богородица да го штити чедото а воедно и известуваат за радоста. Правевме во Скопје за бебето, однесовме само низ населба што имаме пријатели и комшии, само постарите знаеја за што станува збор!
Кога ми се роди девојчето мекици правеа во кафана, се служело мекици, сирење, кашкавал, сувомеснато, салата и пиење. Околу 50 души имло и мажи и жени. Во западна Македонија, односно Тетовскиот крај одат само жени, што воопшто не ми се допаѓа таа трдиција иако сум одела. Прават по еден месец, некој по три или четири месеци од кога ќе се роди бебето.
Во Градина имам одено на мекици, таму се спремаат .Проверено е , преубаво беше.Од таму имаше и музика. А тоа дека оделе само жени, прв пат слушам.
И за двете дечиња бабите даваа мекици по дома. Купени правени не е битно. Мекици,крофни, теганици, со сирење, со шеќер во прав. Сок, кисела вода...И по некое парче слатки Маж ми частеше другари во кафана, ама не верувам дека носеше мекици Однесе и кај мене и кај него на работа. Број на мекици? мал милион
@joy1 , кај нас во Скопје, на прославата сè има, само мекици не. Ептен е изгубена смислата на прославава... ресторани, 100 гости... Свадба без невеста.
Искрено , спремање свадба без невеста никогаш не ми било вкусно и никогаш ме сум рекла дека.ќе.праам чуда....Ниту сме многу по традиции ама ова денес што се прави по Скопјево не е ниту традиција, повеќе како чалам е. Башка, толкави веселби а мајката да не е тука. Не ни знам кога се прави тоа, вечерта кога ќе се породиш како оди? Ние конкретно ништо не планираме, знам дека мм истата вечер ќе си ги собере другарите само во кафана и ќе си прослави со нив, кај мене на раб ќе однесе мекици, ваљда и кај него и тоа е тоа. Бабите и дедовците ќе си се соберат тие четворица дома и ќе си се почастат. Ова би бил мој начин, ама секој си знае за себе, сепак зависи каков човек си, како и за се друго.
Јас многу обичаи и традиции се изначитав на форумов овде, не сум знаела дека низ секој крај на македонија постојат различни традиции, мислев исти се сите. Но, како и да е ми се допаѓа се што ја опфаќа нашата традиција и обичај било каде и било каква и да е, ова што се зборува и што се почесто луѓето прават плагијати од странски европско америнкански традиции е навистина глупаво. Немам збор да го опишам тоа плагијагирање и потреба од истото да копираш некого и некаде а да не го почитуваш твоето со кое што си изрснал и се се оформил како човек. Во секоја држава, град, село и нација има обичаи и традиции и убаво е човек да си почитува и слави се со цел народот да се обедини и да има слога нели дружба и љубов, јас барем така тоа го сваќам споделување на среќа и радост. Но ви се молам со американскиве традиции навистина не е убаво како прво за нашиот род, традиција и нација. Зошто тоа пумпање и тие плагијати, се со цел да си покажан некаде, да си зборуван, да се истакнеш или?! Впрочем, кај нас само жените присуствуваат на мекици, тоа ни е огромна традиција, никогаш маж не дошол, тоа се обично дел од блиски роднини и колешки/другарки на бабите, секоја баба посебно по дома, 2 часа, мекици, сирење и мед и лав муабет и сите по дома. Тоа е тоа верување за жена кога се породи. Мажот/таткото на бебето не носи мекици никаде, тој си прославува одпосле в кафеана или дома со блиски другари. Мекиците кај нас се традиција која што ја прават двете баби строго со женски род. Овие работи на темава прв пат ги слишам. Но, крај краева секој како што милува нека си прави нема тука дискусија.
Секој различно. Ама како и да е секој начин си е симпа за себе. Баш е убаво што секој си се држи за традицијата, а и нормално секој прави како му одговара. Како и да е, темава е мекици во кафана за да се пише некое искуство плус, од стил ја бива или не кафана некоја, дали е добра организацијата и сл. Мм ќе прави во кафана ама за сите од моја и негова страна поблиски. За регистрација бевме во Маргер што беше фален страшно а услугата беше шит, музика ветена и недочекана, лажеа за цените на даските и тако даље. Не сакам и раѓањето на моето дете да се претвори во ист кошмар како и нашата регистрација ( која исто така беше само за поблиски луѓе) . Ние така си решивме. Е сега ако најдеме и боље локал од 14ка ( како Саншајн што го предложи Две Капки) ќе се организира таму. А кој каде прави е ствар на можност, ние имаме стан и не сакам да ми цапаат дома со кондури ден два пред јас и детето да си дојдеме а претходно сум организирала жена да ми исчисти, на хемиско сум носела теписи и сл. Свеки ми е далеку, па нема на 10 места да правиме, едноставно сите на купче.
Кај нас во Скопје мекици се прават за сите,без разлика,жени мажи Мажите само на блага ракија не одат,ама сега во денешно време,не баш се придржуваат до тој адет Ако има некоја разлика,тоа е зато што секој доаѓа со свој адет А тоа за во кафана,секој како сака нека си прави
Мекици во мое село (Скопје) сите знаат како се прави.. Најголемиот дел од луѓето затворени на 5ти или 10ти кат, едвај да се свртиш дома, па уште 50 души ти фалат.. Ресторан, мекици, сирење, ордевер, начукај се од "среќа" и дома.. сабајле не знаеш дека мекици си јадел. Тазе ми е последново..тетка ми правеше дома, посебно они за нивните и сватовите дома за нивните. Мекици, сирење, сок и сиктер кафе. АМА не секој има простор дома, така да ги разбирам и луѓето по кафани што прават. И најчесто се измешани од двете страни... Бевме во Градина пред некој месец, мини свадба, убав амбиент, се беше вкусно. Само така малку отфрлен од Ск ми е..
Да се разбереме, 14 е класа плус од Две капки, ова ти е културно локално кафанче ама не е во рангот на 14. Ние кога биравме пресудна ни беше цената, сакавме да поканиме повеќе гости, фала богу имаме многу и роднини и пријатели, не канеле - сме оделе па редно беше и ние да ги поканиме! Согласно цената убаво било, ти кажав веќе преубави топли мекици, убаво сирење, мини ордеверче за секој и зелени салати во големи овали. Пиење според желба на секој. Плус мајка ми донела мед и мармалад за со мекиците а и шеќер имало. Услугата била супер - потврда е тоа што и крштевката таму ја правевме! За првата ќерка пред 12 г мм ги покани само другарите дома на пијачка, не му ни текнало мекоци да порача а свеки и мама си правеа секоја во својот дом во својот град. Сега едноставно сакавме да почастиме да си го обележиме денот како сите други кај што сме биле. Добро некаде беше и полуксузно, побогато но кај нас убаво но скромно беше - и треаше од 7 до 10 навечер - без запивања и опивања!!!
Па добро и Маргер се рачуна као за повисока класа па тотално се разочарав зашто воопшто не беше она што очекував. Беше ладно, незагреан простор, Каролина Гочева пееше на рипит цела вечер ( наместо ветената жива музика), а цените не им се ефтини и као една даска е за 4-5 души а они ми наплатија како да сме зеле 20 даски гости колку што имавме. Да не се нервираме за тоа. Не патам од комплекс да е класа, битно ми е да е пријатно и релаксирано.
Епа кај нас на далечниот исток нема Мекици. Кај нас има "погача", на денот на крштевањето на бебето (вообичаено крштевањето тука е пред 40 дена). Значи исто како кај вас што е мекици, само без мекици Се оди во кафана има јадење, пиење и погача наместо мекици а и мајката може да биде присутна (но не мора) . Е на погачата се фрлаат пари па се врзува крпчето во кое се парите (па се внимава дали крпчето било стегнато или не, зошто такво ќе било и бебето ). Погачата после се крши и ти даваат тацна од едната страна со сол од другата со шеќер и погачата од едната страна ја топнуваш во солта а од другата страна во шеќерот. Супер забегано Со оглед на тоа што одамна немам одено на "погача" не ми текнува дали само жени одеа или и мажи имаше, а дали жени одеа само на повојница стварно не знам...може и нешто се изменило во последните неколку години или сум измешала поими Поентата ми беше дека немаме мекици Инаку кај нас погача и крштевка се два различни поими