сега скоро бев у две капки и шо да ви кажам нишо не ми се допадна, сирење најефтино уствари незнам ни дали може да се каже дека е сирење, ордеверите исто тапа, мекиците тврди, музиката смешки а мислам дека разликата од две капки до градина у цена е максимум 1.5е од човек
Кај нас мекици се раздаваат по куќи, не се викаат дома луѓето. Бабите ги праваат и ги раздаваат т.е ги раздава некој близок. Мене ми е многу селско, земи послужавник и шетај низ град.
Nie za vnucinjata na deverot i na sestra mi decata si davavme mekici doma i kade i da odam na mekici na koj i da e po ubavo mi e doma a imavme okolu 50dusi gosti
A kaj nas i tie sto davaat mekici vo restoranti si nosat sirenje i lokum od doma i nema ordeveri samo pienjeto e od restorantot
Ние праевме во Градина ... Околу 90 луѓе биле вкупно од двете страни... Сите презадолни. Порција е 450 ден со неограничено пиење со се жестоко, жпостојана дополна на даски со сувомеснато и мекици ... Ептен вреди за парите!
A istive doma posle ne vi idat po 40 dena? Garant bliskite vujni tetki pa i komsivki pak ke vi se tutna da go vidat bebeto I pak pienje blago?
Pa ima vrska vsusnost Ako veke vikam 100 dusi i gi castam zosto istite odposle i doma guzva da pravat plus trosok pak?
И кај нас мекиците дома се даваа...сега имало и нешто за мезе и пиење. Следниот ден маж ми поделил од мекиците по комшии и на работа.
Па се тупнуваат за да го видат бебето..во живо А со мекиците го слават неговото раѓање ама не го гледаат ..И најчесто родителите на младите прават. Затоа и после 40 дена се иде со повојница дома кај детето, затоа што во "карантин" е хаха Јас ич не сум по обичаи...
Аааама и поклон носат кога доаѓаат за бебето Се почесто некоја глупост. Внук ми сега доби 8-9 тропалки, 10тина глодалки..
Ne seriozno bez da se navredi nekoja Neli sekoj pravi kako miluva No 100 dusi e cela svadba bogami Za mene e too much Jas licno kade sum bila mazi i dedovci nemalo Vo red mi e mazot da gi pocasti prijatelite vo kafana i babite najbliskite zeni od familija i toa e toa Krstevkata e mn po svet cin na koj isto povtorno se sobira familijata Povojnica kaj mene nemalo T.c prvite tri meseci osven majka mi nikoj ne bese Raat i bebeto i jas
Во мојот крај т.е. град незнам за околните градови нема мекици т.е. нема никакви адети кога ке се роди бебето. Мажот само си части кого сака, обично тоа се најблиските друштва и на двајцата и најблиската фамилија од двете страни. Мада и ова частење е произволно, не е адет туку кој како милува. Некој и без тоа тера.Никогаш не сум била на мекици, сум слушнала само онака од страна случајно, ама сега ми е појасно што е работата . Единствен адет е после 40 дена кој сака иде на виѓа, се носи подарок за бебето и нешто благо. Очигледно секој крај со свои адети и сите си се убави за себе, без претерување секако. Инаку сум од северниот дел.