Јас скоро бев,во домашни услови,на мекици од Стража и многу беше убаво Инаку да кажам дека мекиците ги спремаат старите,бабите и дедовците А тоа после што ќе одат со повојница,си спремаат младите
Mezinja ordeveri kaj nas nema samo sirenje mekici i lokum i doagaat samo zeni e sega sestra mi koga se porodi bese samo mm i tetin mi za da pomagaat kaj majka mi posto tatko mi ne e megu zivite a vo restorantite tie sto davaat mekici ne doagaat voopsto mazi a za povojnica nekoj si nosea koga doagaa na mekici pravo si nosea i obleka i blago za bebenceto a nekoj ne koj kako si saka
E kaj nas e podobro ordeveri neznam ti sto a zasto samo troskovi poveke 100 dusi sto e mnogu mnogu e plus pak i mazi a zasto povojnici kazi reci i da nema jas nesakam ic pak na povojnici da odam majka mi za 40.50 dusi potrosi samo 100evra se na se a kaj vas edna porcija 450 den epa ne e bas isto mekicite ni se 9 den ednata cesto si poracuvame za doma plus toa nie kakov lokum i kakvo sirenje sakame takvo ke si kupime i restorantite ne ni go osporuvaat toa a povojnici toa e plus dopolnitelen trosok i najarno e sto si nosat pravo i za povojnica
Vo mojot grad I povojnica I mekicite pocnaa da gi pravat zaedno doma ili vo kafana koj kako si saka odkako bebeto ke napolni 40 dena,po masite stavaat sve kako za slava ili imenden I zadolzitelno mekici I pogaca za bebeto I togas se nosat podaroci za bebeto I blago a pokraj glavceto mu se ostava paricka za da si kupi bratce ili sestrice
Прв пат од тебе слушам, секогаш сите сме оделе ние Вистина нема врска со нашево поднебје, ама многу ми се допаѓа. Ем предвреме си имаш се за бебето, ем никој не те замара кога ќе се породиш. За мои другарки сме правеле, се надевам, здравје, и за мене Е богами и ова ми е ново, на сите благи ракии сме биле и жени и мажи, мада на 50 свадби дали 5-6 имаа блага ракија Исто и секаде сме биле на заеднички мекици, не посебни кај едните, посебни кај другите баба и дедо. И мене ми нема логика, ама иначе со мекиците се слави раѓањето на детето, а со повојница се оди да се види детето. Не ми се допаѓа мене повојницава како обичај, и никогаш не одам кај некого тазе бебе што има, ниту купувам тоа што нормално се купува за повојница (пешкири, бањарче, облека....) туку им давам пари, па родителите сами нека му купат на детето што му треба, сигурно подобро од мене знаат
Кај нас од кога ќе се породи жената ..мажот заедно со свекорот и свекрвата си прават забава кај свеки и ги викаат најблиските роднини пријатели,кум,девер старосват,најблиските од жената и се прави забава со жива музика ..се даваат мекици,ордевери ,кифли...и потоа другата ден мајката од жената си дава мекици кај нив дома на нивните роднини ,пријателии... па и свекрвата ги кани на мекици останатите роднини и пријатели
Детски муабети. Убав повод и традиција е и кај сите се практикува, но на различен начин. И кај нас се прави во ресторан кој сака. За мене тоа е непотребен трошок 2 пати да се прави и повојница и мекици. Нека се направи еднаш нешто, па и за гостите и за родителите е полесно.
Мекици правевме во кафана, а трошокот нема врска со повојницата - за повојница ниту сите гости дојдоа, ниту наеднаш. И подарокот е сосема различен - на мекици или само благо или балон, ситно играче, козметика, и една торта од пелени имавме. За повојница покрупни подароци се носат. Baby shower како обичај мене не ми е близок. Па и шубе би ми било 2-3 месеци пред раѓање поклони да собирам.
На мекици може да се однесе нешто ситно (мече, цуцла, шишенце....нешто симболично) АМА НЕМОРА. Некои носат пијалок...некое бомбоњерче.. НО пак ќе речам МОЖЕ ама НЕМОРА. Секој крај си има адети и обичаи.
Сами си ставаме на врат некои работи (мислам како народ, не како поединци) Сега и на ,,прваче,, се оди....мајката праи торта, пијачки, грицки....па роднини доаѓаат и носат шолски прибор. Еве мекициве од едноставна работа го направија баук да е (трошок пред се) Пусти срам...да не сме покусо од ништо, понекогаш во минус влагаме за да се вклопиме со трендот
А зашто мора да се води ко срам и ко тренд? ПРво и основно јас не сакам дома да ми шљапа кој ќе стигне и подобро ми е да е кафана со најблиски него да ми доаѓаат дома. Второ јас не бркам трендови па и свадба не правев туку обична регистрација па со најблиски. Зашто мора да се има понижување некој кога ќе каже дека ете сака да направи нешто надвор од дома? Да пеки, прават и „прваче“ и слави и се. Тоа не поддржувам, но не осудувам. Кој како сака.
Јас за мекици носам бомбоњера обично, кај кумот однесов радосница и не ги сметам за трошок кога одам. За славење дома не доаѓаше во предвид - живееме во стан и три дена пред доаѓање на бебето да се собираат луѓе не скав. Плус мм дали да дојде мене и бебуш да не види, да се радува, или да се мисли колку сокови и колку пива да се купат, дали ќе стаса сирењето, па дали ќе дојде чистачката? Прекомплицирано. Затоа и веќе не знам луѓе (во Скопје) што дома частеле мекици.
Каде е спомнато понижување ? Сега..кој ќе стигне ќе ти шљапа или најблиските ќе ти шљапаат ? Нели е кој како сака, немора да ме цитираш и да ставаш зборови во пост...небаре јас навредив некого или понижив некого