Здравооо, може ли да ми дадете предлог место за мекици со нормална цена? Некој во скоро што правел Ви благодарам однапред
Мајка ми направи мекици за адет и им однесе на стрина ми и бабите до врата. Свекрва ми ништо не правеше. Таква е годината, сите пропуштивме прослави за убави поводи.
Свекрва ми дома со золвата со семејството, мајка ми дома со сестра ми и семејството. Мм отиде по малку кај моите и неговите и однесе кај кумот мекици, вино и цвеќе кога отиде по благослов за името. Отпосле стариве на мм си викнаа во неколку наврати блиски на гости ама затоа уште не го виделе бебето, тоа е.
Ние сме големо семејство од двете страни, само најблиските сме 12 луѓе. Им реков нека слават како сакаат, само дома да не ми се собираат. Иако сите ќе сакаат да го видат бебето, е тоа не знам како ќе бидеНе сакам да сум себична, знам дека се радуваат, ама ќе мора да сум заштитнички настроена
Родителите можат да ви дојдат на 30м со маски седни ги во дневна ќе го видат оддалеку бебето на нога по 1 сок ако сакаат. И сиктер дома. После тоа пролуфтирај и толку. Ако се сите со маски нема страв. Јас вака планирам. Не можам нашите родители да ги лишам воопшто да не го видат. Е сега ако неговите соберат народ и слават нема да дојдат. Освен раздавање никој не планира собир од нашиве. А мајка ми ќе се тестира и ќе ни помогне првите денови околу бањање, доење, преслакање... Следно гледање на бебе ќе биде после 40д.
Ова ти е добар план, така нешто и јас планирав, со маски, без контакт на кратко колку да го видат. А за бањање немам помош, сестра ми само ќе ни покаже еднаш и после сами.
На отворено. Искрено, секој ден гледам слики од мекици, веридби, свадби и други прослави. Како да нема корона.
Тоа што другите прават не го прави да е во ред или дозволено. Сами си ги ставаат бебињата во ризик. Да се редактирам зошто така мислам: Сега почнуваат настинки и вируси. Ќе се разболи бебе од друго пошто не постои само корона и ќе нема каде на лекар да го однесеш. Џабе биле после и мекици и собиранки кога ќе ти кажат ај чекај да го тестираме прво па ќе го примиме и ти чекаш тест 3 4 дена. Ради ова здравство никакво што го имаме не би правела ништо...
Се согласувам потполно, не се доискажав како што треба, апсолутно не поддржувам собиранки само кажав што гледам. Не знам и јас како не се плашат. Може само оние со кои се гледа, мајка татко, свекрва, свекор да се обележи а и не мора. Ама ете секаде е преполно луѓе, никој не се замара.
Здраво девојки, дали сте биле на мекици во Рагуза 360 и како ви се допаднало? Гледам понуди за мекици за синко, ама сакам и убаво да е
Bratuced mi pravese pred koronata tamu mekici I ubavo bese usluga top I hrana si imase kazi mi koja Cena e meni za mekici tamu sega
Има 3 менија во зависност од тоа што сакаш да има нели, од 550-800 ден се движат. Мада ми рекоа дека ќе имаат промена во цените.