1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мекици (прослава и подароци)

Дискусија во 'Бебе' започната од Snow-Queen, 28 ноември 2011.

  1. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Башка отворени пелени , стоени, лепени, носени натака навака , незнам кој ги факал, мене ми е шубе на самошто родено бебе да ги ставам. Тортата од пелени ми е за штос, не за практична употреба. Не знам може не сум во право, ама јас ги фрлив.
     
    На kukla21, didisi, eli25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.921
    Допаѓања:
    123.328
    Јас добив исто две торти од пелени со памперси ама не ги фрлив сеуште ги ставив во ќеса ( секако ќе се фрлат од проста причина што исто шубе ми беше )....
    Јас добив и најмногу бекутан колекции гелови и влажни марамици ама јас си ги користам :)
    Мене најбезвезе ми се мечиња такви работи:( а скоро од секој втор добив и само ги шуткам натаму наваму....јас сум голема маанџика и имам еден помал шкаф полн работи од бебо од повојница и мекици....Би ги донирала некаде друго не ми текнува....
    Да пријавам и тренерки и фармерки и кошула за 3 години доби синко (facepalm)
     
    На crazylady, Lolipop23, didisi и 2 други им се допаѓа ова.
  3. nene88

    nene88 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    448
    Допаѓања:
    502
    Пол:
    Женски
    Ќе може ли да ми кажеш кое мени го имавте од Маргер? Кај нив на фб гледам 3 менија. Како сте задоволни од услугата?
     
    На didisi му/ѝ се допаѓа ова.
  4. didisi

    didisi Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    1.969
    Допаѓања:
    3.683
    Ne sum bila na mekici ama sum sedela vo marger imaat odlicna usluga i ubav e ambientot so zelenilata i parking sto e dosta vazno
     
  5. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.399
    Допаѓања:
    16.951
    Пол:
    Женски
    Мм не се сеќава баш на менито рече имало даски поховани и др ништо :) инаку презадоволни беа од услугата сите гости,и дека многу жешко се погоди август преубаво испаднало.Мислам дека нешто помалку од 400 ден било порција
     
    На nene88 и didisi им се допаѓа ова.
  6. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Нема фајде ама тоа е обичајот. Ако веќе тераме обичај со давање мекици, тогаш треба и да се очекува подарок-благо.

    Ја сум старомодна, најчесто само благо носам, а искрено тоа и очекувам назад. Тортите од пелени ми се страшно глупа работа, баш деновиве правев муабет со другарка и ја убедував да не си ги фрла парите на такво нешто, а она спремна да ми прави сама аранжман (facepalm)

    Туку кажете што е форава со "свадбарскиве" менија за мекици по кафаните?|( Неможе ли чоек да почасти мекици со сиренце и шеќер, плус пиење, без да те условуваат со даски и ордевери?
     
    На EuHenIa, didisi и kukla21 им се допаѓа ова.
  7. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    На жал не може. И мене ич не ме бендиса тоа. Јас сакав само мркици, сиренце, шеќерче, џемче, к.млекце и толку.. пиењето башка. Никој не "нуди" ваква можност.
     
    На eli25, EuHenIa и Kitten им се допаѓа ова.
  8. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    31.200
    Пол:
    Женски
    Мислам дека може да се договориш да нема. Најчесто тоа се мениа кои однапред се определени и вклучуваат мекици, ордевери и неограничено пиење со тоа што се плаќа по лице. Веројатно може да одбереш опција посебно плаќање по број на пијачки, број на мекици (или како и да ги сметаат) и порции со сирење. Сепак убаво е да има и нешто плус мезе, има доста добри понуди, да плаќаш посебно пијачка по пијачка сигурно поскапо ќе фати.
     
  9. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    И јас сакав Маргер но еве читам погоре тоа што не ми се свиѓа.
    Ќе прашам тука кај мене во Кремисимо дали има ваква опција, на пример наместо даска похованици да биде даска со различни сиренца. Свекор ми правеше роденден таму без да плаќа порции.

    @Zaljubena26 не верувам да е така поскапо, знам колку ми излегува пиењето кога правиме родендени, а ако рачунам порција пута бројка на гости, сумата е баш да се запотиш :whew:
     
  10. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.002
    Допаѓања:
    40.308
    Пол:
    Женски
    Ваква комбинација како што сакаш правеше брат ми, ама во кафиќ. Се договори со газдата да си плаќа пијачки, а сам си однесе мекици, сирење, шеќер и џем. Само оваа варијанта незнам дали ти е прифатлива за сите гости.
     
    На Kitten му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Како мислиш за сите гости? Демек за повозрасните?
     
  12. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.002
    Допаѓања:
    40.308
    Пол:
    Женски
    Да за повозрасните. Иако ако е седење концепт не би требало да е проблем за сите. На крајот на краиштата вие си одлучувате како сакате да правите.:)
     
    На Kitten и didisi им се допаѓа ова.
  13. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    1.697
    Допаѓања:
    4.215
    Пол:
    Женски
    Ве молам, ако некој знае, да ми каже каде можам да купам бебешки шишенца или мали колички како декорација за гостите кои ќе ни дојдат на мекици?

    Шишенцата и количките ги има на следните линкови:
    https://www.facebook.com/lifestorym...143925430048/1138434339567672/?type=3&theater
    https://www.facebook.com/lifestorym...143925430048/1138434372901002/?type=3&theater

    Сакам сама да си ги направам за гостите. :).
     
  14. didisi

    didisi Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    1.969
    Допаѓања:
    3.683
    Iskreno ova e nepotreben trosok
     
    На Lavica2602 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Зарем и за мекици се прават прослави во ресторани???
     
  16. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    1.697
    Допаѓања:
    4.215
    Пол:
    Женски
    И да, и не :). Кој како сака, нели?
    А мене ми е ептен мерак и сама ќе си ги направам, само да најдам каде има. Затоа и прашав дали некој знае каде да ги купам.
     
  17. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Влези во темата за роденден и имаше @anastasijaki објаснувано за некои 2 дуќанчиња кај бит пазар.
     
    На anastasijaki и Mimmi39 им се допаѓа ова.
  18. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.823
    Допаѓања:
    109.014
    Пол:
    Женски
    Имаш време за од Али да порачаш?? Ги има таму.

    Ако не кажи ќе прашам каде ги има истиве, па ќе ти кажам, а ако можеш и до Битпазар да стигнеш да битребало и таму нешто исто/слично да се најде :)
     
  19. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    1.697
    Допаѓања:
    4.215
    Пол:
    Женски
    Немам време за од Али. На Битпазар ќе отидам, па ќе пишам дали сум ги нашла. :) Ако не, ќе те барам за помош. :)
     
    На emkaemka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.225
    Допаѓања:
    48.023
    Пол:
    Женски
    Ти пишав лп, многу лесно се наоѓаат и плус ти ги даваат спакувани во огромнооо украсено шише, синко се изнаигра со него:D
     
    На Mimmi39 и emkaemka им се допаѓа ова.