ММ за Неда мекици правеше дома. Трошок ни беше кафана во тој момент а дома излезе дупло поефтино. Мекици, сирење, сувомеснато, пиење, мајка ми направила руска салата и благо. Само млади кај нас беа, имало и музика со виолини. Од поклони добив 2 торти ( вистински ) и еден куп бомбоњери и благо. Мм рече дека топ си поминале. Мајка ми исто дома правеше само за најблиски роднини и со истото "мени". Според рачуница кафана/ дома плус жената што другиот ден генералка чистела кај нас излегло дупло ако не и поефтино.
Незнаев во која од темите за мекици да прашам, па се надевам тука ќе добијам одговор... Каде купувате убави мекици? Пекари или што и да се, ми треба да нарачаме поголема количина.
Јас не ги пробав нашите, а ми ги пофалија. Од пекара кисми во бисер. Спремаат голема количина по нарачка и тазе се.
Каде беше тоа? Познато ми звучи. Едниве мекици им решив дилема на моите, од Специјал ќе си земат бидејќи е до нив, уште на маж ми да му олеснам
Вршник ги пржат во Ѓорче на пазарот. Одма до улица им е пржилницата. Инаку имаат и пекари, ама тоа дуќанче им е само за мекици.
Ние имавме, односно имаа околу 120 луѓе (заедно правевме) во мирко. Викаат такви мекици немале до сеа....епа кај има со толку гости. Хахах... Иначе куп поклони, цвеќиња, бонбониери... Се забораиле луѓето од купување, ме имаа целоно опремено, па до летово за бебуш немав потреба ништо да купувам. Мада тоа ми е глупо, прво на мекици, па после на повојница, дупли трошок.
Кај нас (јас сум од Кавадарци) нема обичај да се носат подароци за мекици, само се канат најблиските и другарите да се прослави раѓањето. Подароци носат кога доаѓаат на повојница. Инаку за ќерка ми, маж ми дома ги викнал сите и прославиле, убаво било, така ми искоментираа. А сега за синко, здравје Боже исто планира. Мекиците или кај нас ги викаат теганици, ги правеа до скоро дома, но сега има жени кои ги прават па си ги земаш од кај нив спремни. Ни да ти мириса дома, и таман чисто.
Женски едно блиц-прашање На мекици што се носи Дали има некое правило.. Имам купено доста поклончиња за бебушот,мислев да ми ги спакуваат убаво заедно,и плус хелиумски балон..
На мекици јас знам благо дека се носи. Некои носат и за бебуш нешто. Искрено јас не носам. Кога одев на повојница тогаш си носев што имам купено за бебето.
Знам дека темава е околу мекици и прослави, но ме интересира од каде ги имате нарачувано мекиците? и која цена се движат? Ќе ми требаат поголем број па одприлика да планираме
Крофнарата од Хром. Ако си од Скопје. Не се повеќе од 15 денари. За поголема нарачка можда и спуштаат цена.
Дали постои пржилница/пекара што прави мекици и ги доставува до одредена адреса во Скопје? Сакам да испратам мекици на работа кога ќе се породам, а неможам да малтретирам некого да ги носи до фирма..