Кај нас за мекици кога дојдоа ко за повојница да дошле.Облека еден куп.Бонбониери исто. Впрочем знам дека по некое си правило се носси благо, ама реално попрактично е да купиш пелени за бебето,вака бонбониери не може сите да се изедат пак ќе ги раздаваш а цвеќињата ќе овенат.Јас лично ни за свадба нејќев тоа и среќа не ни имав многу. Јас кај што сум идела на повојница, сум носела или пакет памперс кај поблиски или на пр. радосница и балон некој.Цената пак ќе ме фати околу 500 колку што би дала за бонбониера и цвеќиња
ПОвеќето пржилници мислам дека имаат достава. Нас во Ремедика ни дадоа број од некој човек и на неколку места дававме од истиот и се помкнуваше дури од Јурумлери со достава. Ама не сум сигурна дека го чувам бројот. Инаку да и САМА мекици имаат достава.
Која е разликата помеѓу повојница и мекиците? На повојница знам дека се оди 40 дена по раѓање на детето (некои знам и порано примаат гости) а за мекици? Може ли некој од искуство да ми каже?
Конечно некој се сетил. Одлична бизнис идеа и неверојатно олеснување Ќе ги запамтам за кога ќе требаат
Кај кумови за мекици што сте носеле како поклон? А што подоцна за повојница? Се мислам Радосница за мекици,ама за повојница немам идеа. Просветлете ме
Можеш да направиш торта од пелени. Ти треба пакетче мало пелени, пешкирче, некоја купка/крема, некое мече и нешто благо стави. Негде ги прават и во цвеќари или прашај по овие за декорации по фб.
Радосница и торта носи за мекици. А за повојница ако е прво бебче прашај што им фали од реквизит, можеш и облека за престојна сезона, плус играчка. А опција е и нешто симболично и поклон у плик и пак торта
Nemoj torta od Peleni. Poveketo gi frlaat pelenite. Radosnica ima mnogu ubava na Toper mislam bese okolu 900 denar mnogu ubava A za povojnica mozes lulaska na primer ili igralna..nas najmnogu toa ni se najde
Последните два пати бев во Градина во К. Вода и преубаво е, мекиците таму ги прават, убаво сервирано, се беше супер. Го препорачувам, а и маж ми веројатно таму ќе организира здравје...
Градина ,Мм ми правеше за син ми таму и ссите рекоа дека преубаво било ,здравје боже сега и за второво таму планираме .
Јас пред 4 месеци ги барав за нарачка на мекици и не работеа ми рекоа дека реновираат сеуште од летото зошто и тогаш ги барав. Сега пред 10 дена пак ми требаа и ми рекоа дека сеуште не работат граделе нов објект во наредни два три месеци ќе биле затворени