Сигурно сме близу штом и јас истражувам на истата тема Само што прашав во Вршник, Мекица - 25 ден, Мекица со сирење поединечно во кутија - 50 ден. Некој во последно да пробал добра мекица? Секако ќе се даваат пари, барем да е вкусно
А пробани ви се од Вршник? Имаат достава? Знае некој дали family bakery работат и колку се таму? Последните постови на фб им се од многу одамна…
Ритуал знам имаше ама тогаш не загледав убаво какво е зашто не ме интересираше во тоа време Инаку храната им беше преубава пред некои 3 години, сега не знам како е, а и самиот ресторан мене ми се свиѓа, услугата топ.
Ова пред некоја недела кога прашував, за секој случај прашајте си да не има измени нешто во цени во меѓувреме пошто ќе поскапат сега и брашното и зејтинот. 1. Мекица со парче сирење спакувана 65 денари. 2. Мекица не спакувана во кутија рефус 25 денари. 3. Мекица мини 20 денари Јас планирам од овие мини да нарачам за во канцеларија кај мене на работа, а во кафана од големите.
Вршник се топ, преубави се и големки. И Сама што носеле на работа биле убави, ама некако скапи се а многу ќе ми требаат мене Пак од Вршник, здравје ќе нарачувам и ќе си испратам сиренце и јогурт на работа
Мислам дека работи уште, но што носеле од таму у ковидот кај мене на работа,не ми се допаѓаа. Искрено за тие пари Вршник е најголема мекицата и вкусна,крцкава. Јас по две планирам на сите и сирење ќе насецкаат чистачките и сипат јогурт , све ќе биде сервирано
Тетка Биберче топло ви ги препорачувам. 45 денари беше во ноември мекица пакована секоја посебно во хартиена кутија и сирење. Сега дали има промена во цената не знам ама превкусни беа мекиците сите ми ги пофалија. И вршат достава.
Еве да сумираме: 1. Мекици САМА -Мекица: 25 ден -Мекица со сирење поединечно: 55 ден 2. Вршник -Мекица: 25 ден -Мекица со сирење поединечно: 50 ден 3. Тетка биберче -Мекица: 30 ден -Мекица со сирење поединечно: 55 ден 4. Софи крофни -Мекица голема: 25 ден -Мекица со сирење: 65 ден -Мини мекици: 30 мекици за 600 ден Е сега само уште некој ако знае бидејќи заборавив да прашам во Вршник дали се хартиени кутиите да не се во најобични пластични. И да, морам да напоменам дека цените на мекиците очигледно како и за се останато одат само нагоре и нагоре
Во САМА сигурно се 25? Се мислам поскапи беа. Инаку најдобри мекици што сум пробала, па по нив Вршник
Исто сега ми се врати вкусот на една мекица што ја имам пробано на работа Во Лептокарија одма до Обнова има мала пекара на тетка Жаки исто така ми е во сеќавање вкусот на нејзините мекици. Не ме води патот натаму ако некој живее или се движи натаму може да праша за цена и да проба се надевам дека сеуште го има истиот вкус и квалитет.
I jas bi gi pofalila,od niv naracav i stvarno bea ubavi. Preku 200mekici podelivme site zadovolni. I sirenjeto ubavo bese. Ama sw ova pres godina dena. Site sto barate mekica pokraj mekicata zapazete i sirenceto kakvo e sto go davaat. Sum probuvala nekoi mekica top sirenjeto nekoe tapa cel obrok ti go zeznuva.
Во Одисеја пред месец дена мајка ми беше и баш и реков да праша.450 ден. од човек со неограничено пиење (само не од сите врсти пијалоци) ордевер на секој, даска со похованици и мешани салати. Мислам дека горе долу сите имаат исти менија.
А мекиците се од ресторанот или не? Гледав овие од Едера рекламираат дека во понудата имаат и вклучено мекици.