Вчера бев на мекици во Градина и можам само да кажам мекицата им е врв, прееефкуснааа Имаше убав амбиент, добра музика се на се ми се допадна и сигурно ќе биде едно од местата за кои што ќе треба да се одлучиме. Инаку менито им е 500 денари храна и пиење има од 200 мкд и 400 мкд. Имаше ордевери, се дополнувања мекици цело време и салата.
Од 200 имаше сок во пластика, и алкохолни пијалоци на точење. А од 400 плус имаше два вида на пиво и уште нешто ама не запапамтив што.
Во Сама доаѓаат најевтини 20ден. без јајца и млеко,25 со. Звонев во Вршник и другите и сите ми рекоа 25 , ги прашав со јајца и млеко ли се а нееее ми вика без. Така да од Сама ќе нарачам како шо ми треба голема количина , со тие пари ќе докупам сирење , јогурт Да не знае некој во Одисеја колку е менито? Беше 450 ама на телефон и ФБ не одговараат
600ден, ама за викенд не може си имале свирки а преку недела нема жива музика и ќе има и други гости, освен ако не ја пополниш кафаната. Мене не ми се допадна понудата нивна. Според мене Градина и Едера имаат подобри понуди.
Градина телефонски ми рекоа 700 ден мени се неограничено и јадење и пиење а Едера бев лично има 3 менија 2те имаат нивна музика во цената со тоа што Едера е скроз приватно само за мекиците а Градина можно е да има и др луѓе ама пак рекоа заградувале со паравани. И 2те си имаат нивни мекици, таму си ги прават .
Мислев за Градина Видов Едера дека имаат, ок им е менито и цената . Чекај да го прогуглам незнам кој е.
Сум била во Градина на мекици пред едно 3 год може и 4, не памтам што точно имаше за јадење ама знам доволно беше, ма да ко што гледам поише идат на пиењето
Градина стварно малку се занеле- 700ден а ни похована даска Да не ја има некој понудата на Одисеја што вклучува за 600ден? И дали имаат дворче/отворен дел или затворен ресторан е? (не сум била, а би сакала нешто на отворено)
А во Тарапана во К. Вода некој да не бил? Гледам они имаат фина градина на отворено и организираат мекици.
Само што бевме минатата недела на мекици, храната и услугата океј, имаше и музика вака надвор на тарасата убаво фино место. Огромно разочарување ми беше тоалетот. За мене беше ужасно, се симнав и излегов за секунда. Но може имам преголеми барања не знам што да кажам баш се ужаснав или така се погоди.
Јас пак на темава Веќе и сама на себе сум си досадна со избор на место за мекици ама дали некој случајно ја има понудата од Одисеја (да не вртам и таму)? Сувомеснатите ордевери се во поединечна порција пред секој гостин или централно сервирани? Исто така, да не има некој скорешна информација за Маргер- цена и што вклучува?
Јас дигнав раце, нека си одлучува маж ми и така нема да сум присутна . Маргер телефонски ни рекоа 700 ден мени неограничено ама не знам што точно имаше вклучено. Викендите им се зафатени за јуни и пола јули, само преку недела може сега за сега и немаат музика. Друго не ни прашав мислам, и секако си со други гости