и јас сум кума и за кратко другарката треба да се породи. мекици незнам дали ќе прават но јас имав во план сега да и купам неколку работи за бебчето шпихозни пижамчиња такви работи да можат со време да си ги исперат испеглат и да бидат спремни кога ќе дојде бебушко. е сега незнам како ќе биде тоа прифатено од старите нивни нели обично треба или на мекици или на повојница ама јас мразам такви официјални претставувања и дарувања така јас сум кума како сакам така ќе правам. инаку за други знам дека се носи само благо но јас често инсистирам барем картичка да има и некое мало поклонче. крај на крај кој како си сака и како му е мерак...
ovaa torta ja vidov na fb i ke probam da najdam nekoj koj sto ke moze da mi ja napravi za krstevkata na kerka mi....se nadevam deka vo strumica ke se nafati Kanela ili nekoja dr slatkarnica .......
Радосница е еден вид книга (како да ја наречам, нешто слично на споменар), во неа се запишува првиот збор на бебето, првото запче, прва нова година, се ставаат слики од ултразвук и сл. Еве ти линк од темата, ќе најдеш повеќе информации bebe/radosnica-t15758/?hilit=%D0%A0%D0%B0%D0%B4%D0%BE%D1%81%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B0
уф одамна не е коментирано овде, но сакам да прашам како во Скопје обрнувате внимание на чинот на давање мекици? Гледам во последно време тренд е да се слави во кафана ама тоа ми нема смисла, непотребен трошок а башка и го губи значењето на традицијата. Кај нас се собираат по дома, само жени, и свекрвата си вика свои луѓе дома и мајката на родилката исто па мајката и таткото на бебчето се ослободени од таа обврска. Во Скопје млади родители кои живеат сами си канат свои луѓе, но што ако не можеш да ги собереш во мало станче, а кафана не ти е добар избор? Обично, чинот е краток, одиш, честиташ, каснуваш мекица и си одиш ама кај што сме биле на мекици во Скопје гледам луѓево бајаги заседнуваат, се запиваат па се мислам каде во мало станче во една соба ќе соберам толку луѓе? Некој совет?!
Кај мене дома мајка ми дека се повеќе луѓе на два пати ги подели и ги викна, а маж ми дека е од Велес кај нив па се делат крофни по луѓе не ти доаѓаат луѓе дома, јас знам дека родителите прават не младите, и обично и јас кога сум одела на мекици седам пола саат саат и си одам, така беше и кај нас, е сега ако има некој без осет незнам, или пак да ги направите порано на пример од 6, па на некој да му кажете да дојде од 6 некој од 8 да не се преклопат и да ги поминете сите
Фала ти за одговорот, и јас се мислев на варијантата на некои да им кажеме порано, на некои покасно и да ги истераме сите, маж ми здравје боже да однесе кај него на работа, кај мене на работа а дома да ги викне најблиските. Ама ме буни тоа дека имам видено дека некои заседнуваат ама како што велиш ние сме во мало станче па се надевам ќе имаат осет луѓето За кафана никако не сум, многу ми е без врска за мекици да собираш луѓе во кафана, а и таму трошокот голем, кај ни е крајот. Се надевам ќе ја наредиме некако.
Svekrva mi i majka mi davaa langidi t.e mekici za kerka mi,sme sobrale mnogu buketi bonbonjeri i garderoba
И за помалиов син маж ми правеше мекици дома, наредниот ден откако се породив. Сите што дошле донеле бонбониери.
Ние односно мм одлучил во κафана виκа дома κој ќе сρедува сам сум,и таму пρавевме и ние само бомбониеρи сме добиле,и по неκое вино
Сега ми текна како маж ми ми правеше апдејт од местото на настанот, и на секој пола саат ми праќаше слики со сите гости во порака на фејсбук, а ја тепав време гледајќи ги во болница Мекици правеле дома, со домашно правени мекици, се собрале преку 30 души, кој доаѓал, кој си одел, за да има место за наредните гости Откако си дојдов од болница ги гледав поклоните, највеќе бомбоњери, едно виски, пакување Памперс и други стварчиња за малата: чорапчиња, фустанче, плишано слонче со кебенце, боди, лигавче, бањарка (и тоа за три годишно дете ) и уште некоја ситница на која не ми текнува
И ние сме во мало станче и од различни градови. Да се фрлаат пари во кафана ми нема логика, па за тие 200 евра за бебуш ќе си поклопам некој трошок...
Dali nekoj slavel vo kafana vo Skopje? Doma nema mesto a I ne sakam da se valka pred da dojde bebeto, saksm se da mi e sredeno. Okolu 40 luge ke bidat, znaete kako se dvizat cenite? Ne mi se davaat mnogu pari od druga strana ne znam sto da pravime
Поефтино во кафич и да ви дозволат да однесете мекици, или дома па утредента за 1500 мкд да викнете некој со кирби да исчисти. Ние во македонска куќа ама непланирано, некако спонтано се собрале ( маж ми седел со 5-6 најблиски и се јавил и на др., а тие на други) и сметка што да ти кажам, за џабе се пораѓав на ГАК. Еј ќе го задавев
Во право е Леона мм во кафанче во бутел ги однел газдата му е другар,и тоа и попуст му даде 450 е го фатило,40 души исто и јас му викав дека требало дома, е вика јас сам ќе се замарам имаше кој да му помогне сестра му моите ама ете така се вади мажи бре