Кај нас имаа донесено и по некоја ситница за бебето. Мала играчка, тропалки, сет лигавчиња, пар чевлички/патичиња и сл.
Зависи во кој дел на мк си. Пример за моиве во Охрид донеле само благо, а во Скопје имаа донесено подароци поголеми и од за на повојница што носиме. Имаше премногу облека, радосници, играчки, ќебиња, препрепремногу. Мој предлог е зависи колку ти се блиски секако, ако сакаш да си направиш комбинација од ситни корисни работи, пр.кутија за цуцла лажливка, некоја мека тропка, боденце, лигавка, пупиња, тетра пелена, убаво спакувани во кутија со благо секако за мама, а и за тато, ќе им треба .
Нема да одам на повојница, не ми се блиски воопшто, реално не знам зошто не викнаа ама од почит кон минатото ќе одиме. А благо што? Не замерајте, кај нас нема мекици, па затоа не знам. Порано сум одела ама не се замарав толку или моите беа задолжени да думат што треба
Бомбоњера. И мој крај не се праат мекици ама од кај шо е маж страна прават и за двете кога правевме донесоа само бомбоњери, едни ни донесоја еден куп поклони само па ние кога одевме на мекици кај нив исто моравме така хаха башка повојница ама па кај нив носеа сите колку што видов ( они се па од друг крај )
https://zegin.com.mk/mk/sophie-la-girafe-mnogu-meka-glodalka-prsten најискористена работа, секое дете ја сака, ќе се сеќаваат на вас цело време
А што е разлика меѓу мекици и повојница? Мислам искрено прашувам поима немам, што е едното што другото. Пошто не сум тип кој со вакви нешта се замара, сега се ми е ново и во случај да си одиме, да знам што да очекувам дека "морам" да правам .
Ти кажа Ирис, а мекици се прават нели кога ќе се роди бебето свекрвата порано правела мекици и двала само на жени кокку за адет ама сега се прават фешти, е тогаш кога се прават мекици нели бебето и мајката не одат, повојница си е екстра
Во Гостивар знам дека уште го тераат тоа само жени на мекици т. е. посебно мажи и посебно жени,а во Скопје како што викаш ти фешти се прават. Мене искрено најубаво ми беше за короната никој да не доаѓа, а мекици имавме нарачано спаковани па маж ги делеше од врата на врата на најблиските. Се надевам сега пак ќе фати па нема да мораат да прават фешти.
И во Радовиш е уште вака, бабите си прават само со жени. Мене ова ми е преубав адет. Иако сега некој по “модерно” знаат да направат фешти, посебно глупо ми е бебе веќе 6-7 месеци направило а тие прават мекици во ресторан со балони свашта Јас си одлучив да си практикувам стара традиција, премили ми беа сликите што ми ги пратија бабите, а јас уште во болница на 3ти ден
Мекици, крофни, тиганици или како сакате се прават барем во мој крај веднаш кога ќе се роди бебето. Уште мајката во болница. Кај нас беа собрани најблиските комплетно фамилиите, мажи, жени, деца. Како што пишав претходно тогаш имаше по нешто благо и ситница за бебето. Од соседи кои понатаму не планирале да доаѓаат со повојница, поголем подарок и толку. Роднините после 2-3 месеци сите скоро дојдоа со повојница.
Фала женски на одговоррите. Јас колку и да не придавам важност на вакви нешта и да не сакам да правам, има роднини и тие си очекуваат да го видат бебето, да дојдат на мекици/повојница што и да е. Јас не можам да им забранам да дојдат нормално, колку и да сум ладен тип, колку и да не ми се допаѓаат такви збиранки, сепак поедноставно е да ги соберам сите на куп и да ги почастам, отколку цела недела-две да ги пречекувам дома. Нит желба имам нит време имам. Ама некој пат мора и компромис. Од друга страна го чекале бабите ова дете со душа, немам јас право да им ја одземам радоста да се повеселат со роднините и пријателите. Мене на крај само сметките можат да ми ги достават .
Да, во помалите градови, мразам повојница, и мразам да одам поготово ако не сум блиска. И во Скопје одат, ама ептен само блиските, во помалите градови и роднини до 5-то колено што не ги ни знаеме. Во некои градови како што гледам мажи се собираат, пример таткото со другарите, а во Скопје одат мажи, жени, деца во ресторан, тоа е стварно фешти, ама па кога ќе размислам и подобро така, отколку дома лом да направат.
За што да се правви повојница кога веќе скоро ниедна мајка не седи дома со бебето кога ќе се роди туку излага надвор и милион и еден човек го има видено, да не зборам кога се раѓа во болница колку луѓе има само. А за тоа во право си подобро во ресторан одколку дома лом да прават.
Да, ама знаеш како е во помалите градови поготово, во ред е да дојдат блиски, ама не и некои што не се ни гледаме со нив, и секој ден со народ, мајката да неможе да одмори или ако дои да неможе да го надои бебето, многу сум против повојница. Најубаво според мене крштевка кога бебето ќе направи 3 месеци, и да се поканат блиските, ете ќе го видат бебето. А не секој ден народ, па мезиња, мајката незнае главата кај и, да пречекува гости.
Здраво Предлог ресторан за мекици во Скопје? Уште разгледуваме ама убаво би било да чујам и нечие позитивно искуство. Само Градина ни е шкртната од список пошто кога и да сме биле мекиците им биле мрсни и на зејтин прегорен имаа вкус.
Девојки што би купиле за мекици а притоа младите и бебето не живеат тука во државата и не се знае кога ќе дојдат во МК?Облека радосници отпаѓаат,пари не би носела,немам идеа.