Како се движат цените на мени за мекици по рестораниве? препорака за некој ресторан Локација од центар накај ѓорче?
Моиве правеа во Буре во Лептокарија, 900 денари со салати, мекици, сирење, скара и неограничено пиење. Ептен задоволни.
Ла Тана во малата сала исто прават прослави за мекици, сум била и вкусно беше се. Ако на некој му е ок како опција видов имаат некое промотивно мени
Сопругот правеше роденден пред 1 недела таму, превкусна беше храната. Ние имаме баш позитивно искуство.
Ние правевме мекици овде априлот,имавме 80 гости и уште поголем попуст ни даде менаџерот. Немаше гостин што не коментираше колку било се убаво и на ниво. Јадење фул , музика сите биле на нога.
Јас кога бев таму на мекици во Мај годинава, мекиците ги донесоа живи, внатре тесто беа, однадвор убави, внатре тесто непечено..
Сме биле 4-5 пати периодов, мекиците редовно им се утка. Мирисаат и имаат вкус на прегорен зејтин. Друго се било супер.
Ла Тана - мекиците се стварно вкусни, просторот убав, масите беа полни со салати, сувомеснати и млечни производи, похувани мезиња. Мене стварно ми се допадна. Едера - според мене катастрофа, мекици крш, ги чекаш со саати да донесат на маса мекици, кога ќе донесат не знаеш дали да земеш зошто нема доволно за сите. Кога ќе се изедат пак ги чекаш. Од мезиња и слично ништо посебно немаше на маса.