Фала ти на споделено искуство,несум била на местава на мекици и незнам како е,а несакам џабе пари да фрлам а незадоволни гости.Едера ја отфрлам тогаш
Види и во Ресторан Градина, и таму сум била, исто беше убаво, имаше доста мезиња на маса и со мекиците не доцнеа, барем тие два пати кога сум била јас.
Може,и градина ми е опција.И рагуза уште несум прашала како е и со цени.Па да се одлучам имам уште малку време
Здраво Дали може да ми препорачате пекари за мекици кои доставуваат до одредена адреса во Скопје? Однапред Ви благодарам
Мајки од каде да најдам од оние мали шишенца пластични, стапчиња “it’s a boy/girl”, и други такви работи за декорирање на маса за мекици/крштевка? Гледав во Лулиште, каде можам да барам на друго место?
да прашам наслушнав муабет за сортните вина дека се претурани од наливни? точно? нешто некој да не слушнал
Каков порадок најчесто носите на мекици? Гледам дека сега прават разно разни подароци по цвеќариве. Не ми е примарен избор затоа што не знам нели ни какви пелени ни каккви кремички за бебе користат.. Последниве неколку мекици одам со пакетче од мече и комплетче од стружанка + вино спакувано во цвеќара, ама ако имате идеи споделете.
Најчесто носам облека, мече, некоја играчка, убаво спакувано во кутија со балонче. Памперси и козметика никогаш не носам, не ми е хигиенски отворени памперси, мотани како торти. Козметика никогаш не знаеш што ќе користат. Можеш и држач за цуцла, подлога за играње, подлога за кога ќе го ставаат на меше...