Има и со сирење и без. Ич не ми текнува која цена беа. Мислам дека беа 65 денари со сирење ако не се лажам. Од првите денови не се сеќавам многу на детали.
Здраво, сакам да прашам искуство со тие што правеле мекици во кфана, бидејќи се рачуна по особа, дали деца мали се вклучени во таа бројка или не?
Беба треба да се роди во јуни уште малку остана време, па сакам искуства за мекици убави … пошто ќе биде веќе лето вероватно со опција на полуотворено/отворено да биде пријатно. Од кои ресторани сте задоволни? Не е битна цената, би имале сигурно над 80-90 луѓе
лани летото бевме на мекици во Ореов лад беше убаво, ама надвор седевме да видиш таму, јас го меркам и за нас, ама некако скапо ми се виде по порција
Надвор на мекици сме биле скара бар, бис, градина и ла тана— градина ич не ме бендиса тоа надвор делот со им е а ла тана крш храна и услуга келнер за вода молевме да сонесе а не па пијачка…
колку луѓе обично каните на мекици? свадба не правев, мекици за првото исто не правевме корона беше, сега маж ми сака да праиме мекици, му е мерак, јас сакам, ама докај 30 луѓе најблиските
Кажи ми за мекици имаат мени, или општо им е менито? Ми се допаѓа вака за прв роденден, па сакам да го имам како опција. Што цена ви дадоа?
Едно мени 400 друго 500 + пиење по договор / ова како за мекици го водат да прашаш за роденден што како
Доста ефтино, ние 700 плативме во Маргер. Супер било, сите ги пофалија мекиците дека подобри не пробале никаде. Ама бис ќе го имам во предвид. Ајде епа ќе споделиш кога ќе дојде лепотицата. Ситно броиш.
Многу ми е убаво Маргер како локација ама се случувало кога ќе седнам од зоолошка да мириса на животни во лето многу често … затоа не ни прашав а супер е за такви собиранки
ние правевме прв роденден во Бис, однапред договоривме шо да има на секоја маса, не беше класично мени. имаше похованици, пици, пастрамајлии и ордевери плус шо ќе се испие, околу 50 души возрасни имавме, 26.000 не фати и ни остана скоро цела храна. него маргер 700 со пиење е цената или без?
Со пиење, убаво беше. Маж ми од што толку било како што сакал, ми се јави во 1 вечерта хахахха, јас во болница да се испофали
Кажи ми оваа цена од сега е? Скоро си прашувала? Јас за ќерката правев прв роденден во бис пред 3 год, менијата беа 500 или 700 ден плус пиење. Задоволни бевме многу. Сега се мислам и за синко дали да правам прв таму. Имаш слика да ми ги пратиш менијата? Едит: сега гледам си ги ставила погоре без месо се И дали со Томи комуницираше или некој друг менаџер е сега?