1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мекици (прослава и подароци)

Дискусија во 'Бебе' започната од Snow-Queen, 28 ноември 2011.

  1. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.896
    Јас и не сакам дома да ми се маткаат куп луѓе во станот ден-два пред бебето да го донесеме, па и да има кој да помогне, или чистачка да дојде. Плус што само од најблиските другари од двете страни ни се собираат 40тина луѓе, нема место ни кај да ги собере. Вака (здравје само се да е добро!) планот е во кафиќ со мезе и мекици да се помине, многу порелаксирано за сите.
     
  2. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    823
    И мене ми е толку безвезе што се слави по кафани како свадба да е...се знае мекици се прават дома, гости доаѓаат на честито, со благо обично, ќе каснат 1-2 мекици и си одат, па други доаѓаат, а не да се заседнуваат па да се запијат. Маж ми ќе прави кај свекрква ми, а таа ќе се викне свои луѓе и плус другарите на мм. Мајка ми ќе си прави дома и ќе си ги викне своите роднини и пријаели макс. 10 души.
     
  3. chache87

    chache87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2013
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    312
    Ах, и мене така би ми било најубаво Луси, да си земе сверква ми да направат дома кај нив, но ние живееме одделно и тие ни еднаш не ни спомнаа таква варијанта... Во таа куќа живее братот на мм со жената и детето и тие си сметаат дека тоа е нивна куќа.. Мене ме убедуваат дека ќе исчистела свекрва ми дома кај нас и немало да се познава дека се славело, но ме фаќа инат и не сакам да ми се растура по дома... Секако ние ќе си плаќаме и мм и ќе си прави се, ќе ги викне и моите и неговите заедно, па кафана не ни бега... Ќе се распрашам само кај е поефтино, да не не фати прескапо, ако имате некое ресторанче да ми препорачате добредојдено е :)
     
    На janickaskopje му/ѝ се допаѓа ова.
  4. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.769
    Допаѓања:
    324.640
    Пол:
    Женски
    Свекрва ми во неделата беше во кафана на мекици,каде покрај мекици служеле и ордевери и помфрит и плескавици.За мене тоа не е убаво.Сепак се мекици не крштевка
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  5. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.896
    Јас имам 10 од моја страна блиски другарки и другари што апсолутно сакам да бидат викнати и кај кои сум била на мекици - и секако ќе дојдат со партнерите. Мм има 6 блиски другари, исто со жените што би дошле. Плус браќата со жените, и по 2 први братучеди = 40 луѓе кои нема да ги собере ни кај мајка ми ни кај свекрва ми, ниту сакам нив двете да ги деранжирам со толкав број луѓе, плус некои нивни што ќе сакаат да си викнат.

    Кога ќе размислам, последниве 10тина години само на едно место сум била дома на мекици, и во споредба со седнување надвор, таму беше многу потесно, похаотично, луѓето останаа на нозе да донесат пијалок, да надополнат мекици, сирење, ордевер нешто, доаѓаат нови и се мислиш кај да ги седнеш, а чистењето и средувањето наредниот ден нејќам ни да ги мислам. Јас иако нема да бидат таму, верувам мм нема шанси да се откаже од комоцијата некој друг да му ја мисли, бар додека трае вечерта.
     
  6. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    48.456
    Пол:
    Женски
    Јас минатата недела бев на мекици,внука ми се роди од братучетка.Славеа во Lounge bar Astera во Тафталиџе кај Верото.Преубаво место со детско катче за најмалите да се занимаваат. За цена не знам колку ги фати,имаше на секоја маса мекици ваљда им беа донесени од страна и од барот имаше на секоја маса даска со прженици( похован кромид,зденка,пирошки ..) и нормално пиење. Преубаво си поминавме и местото многу ми се допадна. Во секој случај кога ке размислам боље варијанта беше од дома да се собира народ ,па спремање, па пречекување и на крај најтешкиот дел чистење пред да се врати дома мајката со бебето. За поклон однесовме Rafaelo бомбоњера и едни чорапчиња интересни за бебето.
     
  7. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Солени се цените во Астера.
     
  8. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.437
    Се согласувам со Леона. Пробај во некој кафич да однесете мекици и само со некоја пијачка да поминете. Еден пријател наш така направи. Ти се пораѓаш во ладно време, ние во дворот ги пречекавме гостите и тоа на два пати, два дена по ред. Дома остана чисто.
     
  9. Domakica

    Domakica Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    406
    Пол:
    Женски
    Мене единствено мирисот на цигари ме загрижува дали ќе се отстрани за 2-3 дена, ако остане дома. Се знае кафана до 1 и дома сите, вака дома ќе си заседнат, па музика на комшиите им смета, па пијачки планирај купувај, а без 500 денари порција пијачки неограничено нигде нема.
     
  10. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.437
    Ако е само за мирисот од цигари тогаш е најлесно, нема да се пуши внатре и готово. Ако некој не може да издржи 5 минути надвор за свое задоволство тогаш нека не доаѓа воопшто. Сепак се работи за мало бебе и ако некој и тоа не може да го разбере не знам што повеќе да кажам :x
     
  11. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Мајка ми правеше мекици во кафанче, едно многу културно и пријатно, забутано. Храна, услуга, мекици, музиче, се на ниво. Свеки правеа дома, ги кошташе повеќе од мајка ми, една недела не можеа да се исчистат и излуфтираат. Ние уште бевме во болница, дома кај нас нормално дека не беше дозволено толку народ, во сезона на грипови и смогови.
     
  12. Domakica

    Domakica Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    406
    Пол:
    Женски
    @elena.mak може да напишеш во кое кафанче?
     
  13. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    823
    Пред некој ден бев на мекици во кафана и искрено селско ми беше. Имаа 100 души. Ние на свадбата имавме толку. Па ора, па музики, искрено мене ми е тоа too much. Послужувањето беше ордевер, салати, мекици и неограничено пиење, под 500 ден. порција не ми се верува дека беше.
    мм и јас сме поскромни, а и искрено немаме толку пари за да правиме по кафани.
     
    На Hipster и Domakica им се допаѓа ова.
  14. Domakica

    Domakica Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    406
    Пол:
    Женски
    Не верувам дека било кој родител има толку пари да издвои, јас до сега кај што сум била на мекици знам старите, баби и дедовци, давале пари за прославата на мекици. Кај нас старите се нудат кај нив дома да си прават мекици, а ние сепак одлучивме во станот маж ми да пречека кум, другари и мои другарки, значи младите, па после он или ќе викне чистачка за една генералка :) Тоа е планот, а здравје како ќе биде, оставам на крај он сам да си се организира.
     
  15. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    @Domakica , се работи за Куќа за храна 191, во Влае.
     
    На Domakica му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Valentina.Vaki

    Valentina.Vaki Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2013
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    579
    Пол:
    Женски
    Јас од лично искуство досега сум носела бомбоњери,букети такви работи.Но ланската година една другарка се породи со едно слатко мало девојченце со бујна коса и на мекици и однесов едни големи розеви кутии за накит за шноли стегачи :)
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.385
    Допаѓања:
    9.315
    Пол:
    Женски
    Значи кога мама се породи баба и тетките помагаја за мекици за прослава дома луѓе дојдоја па мене ми се смачи едно време мала бев тогаш кузнит до колку останаја ама останаја до касно до 1 и 30 мислам. :D:D:D
    Па ми се смачи и баба и дедо ме зедоја кај нив да спијам зш луѓето ми здосадија:o8)8)
     
  18. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.855
    Допаѓања:
    28.510
    Изгледа прославата ,,мекици,, има различно значење во различни делови од земјава:^). Читам овде заседнувања до сабајле, па мажите организираат, па мезиња со свашта за јадење и сл.
    Мекици организираат бабите (од женска и од машка страна), некогаш заедно а некои пак оделно си слават. Се канат само жени (евентуално и деца), се слави дома или во кафеана, се служи мекици, сирење, локум,шеќер во прав и пијалок, се каснува за да јадело бебето :rofl: и секој по дома. Подароци се носат за бебето ако гостите не мислат да одат на повојница, или пак се носи бонбониери, букети, некои ситници за бебето и тоа е.
    Ние така правевме мекици, поточно бабите правеа на свој трошок.
     
    На TrinityNeo, bambusce и Valentina.Vaki им се допаѓа ова.
  19. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.896
    Nie napravivme vo kafana, vkupno 80 lugje (50 najbliski na mene I mm) I 30 na starite. Site rekoa super bilo, trosokot babite go podelija :) Samo jas I bebus falevme :)
     
    На TIGARCE86 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. eatpraylove90

    eatpraylove90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2015
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    861
    Пол:
    Женски
    Mojata svekrva veke pocna so sreduvanje na dvorot, kupuvase cvekinja za cela kukja, sreduvanje na letnikovecot...Jas iskreno ne sum ni razmisluvala za mekici toa nekako ona i svekorot i mm si go planiraat vo dvor kaj niv ( dvorot e ogromen ) a nie so mm i onaka sme vo stan, a i oni se golema familija pa 100lugje ne im begaat :) Tuku sakam da prasam nekoj interesen detal za mekici?? PREDLOG
    Ete na pr nekoe ukrasuvanje, torta, kolacinja...Da dadam nekoja idea da ne bide snaata ne se zamara :lol: