Без пиење се и ова е само за мекици, за роденден претпоставувам имаат други опции побогати со похованици меса итн. На инста пишав ми одговорија
општо ние бевме задоволни многу, а и гостите, после нас уште три пара правеа прв роденден таму заради нас , а музика немаше, ние си имавме платено дј посебно
Те молам баш сподели мислење за каде се одлучивте, и јас во јуни треба да се породам мислев во Лира да ги правам ми пуштија понуда ама сакам да видам каде на друго место да побарам опции ?
Лани летото бев во Simple во Ѓорче, на полуотворено е, многу беше убаво, а и просторот беше голем така што сигурно би имало место за околу 90тина луѓе.
Денес зборевме и со овие од атк премиум во борис трајковски што е тениското, бевме на свадба лани летото во јуни и многу беше интересно направено, кетеринг од тројка ми пуштија цените си ги комбинираш во зависност што ордевери сакаш еве прикачувам дел… ама мекици не прават таму.. треба маж ми да носи од друго место, па се изладиле па штознам некако сакам мекиците на лице место во кујна да ги прават тоа ми е важно да се меки и топли
Предмет:Понудазаугостителскиуслугизагости 1) Ладнопредјадење(ордевер) ДаскаалаЛира (Кулен,Печеница,Свинскапршута,ајвар,чипстиквички,овчосирењеx2,мешан кашкавал, пршута, макало, урнебес, француска крем салата) + мармалад 2) Салата (Комбинирана,Шопска,Македонска,Селска,Таратор,Грчка) Мекици–по2одчовек 3) Пијалок · Тиквешналивновино (црвено, бело, розе) · Скопско,Скопскосмут0.5 · Газираниинегазиранисокови1,25л · Газиранаинегазиранавода1,5л · ЛозоважолтаТиквеш,Мастика–ГроздСтрумица,Узо-мини · ЏинСакс,Баделбренди,Шток,ВодкаСмирноф,Мартини, Пелинковац Единечнацена: a) храна · 500денарипо лице · *(600 денари со поховани работи ) б) Пијалок · 500 денари по лице Начинна плаќање: Воготово,сокредитнакартичкаиливирманскиподоставенафактурасорокнаплаќањеод8дена Напомена:Во цената е вклучен ДДВ од 10% и 18% ВиблагодаримезаВашиотизборисенадевамедекаќејаприфатитенашата понуда. Со почит, ГостилницаЛира
Во близина на Санте плус болницата. На google maps ја има точната локација, потпишано е како Simple - Weddings & events.
Јас да прашам мекиците кој ги прави? Родителите на детето или на ммадоженецот, на невестата? Некако сум презбунета. Мајката на маж ми настојува она да праи посебно, моите посебно што ми нема логика?
Кај нас моите родители и на мм родителите сакаа и се договорија заедно да прават.За сестра ми моите си правеа дека на зет ми родителите се од друг град и таму не се правело прослава за мекици во ресторан .
Маж ми ги правеше, јас бев уште во болница ама си плативме од нашиот заеднички буџет. Моите и неговите родители си беа гости.
Сакавме мм, ама нема разбирање со старите, па ги правеа родителите негови. Па дури и моите беа како гости поканети ама некогаш е полесно да кажеш добро отколку да се објаснуваш Моите плус се од друг град и си правеа дома како што е адетот таму
Сите правеа заедно во кафана и секој си плати за своите гости. Маж ми за наше друштво, свекрва ми за нејзините гости, моите за нивните гости.
Во мојот град се даваат крофни. Мајка ми и татко ми си даваа за нивните роднини дома, мажот ми со свекорите за таа страна на роднини. Во кафана уште не е толку популарно ама во главно секој за својата страна од роднините си дава.
Ние си правевме сами маж ми си плати се и организираше сам … родителите ни беа гости и имаа по 2 маси нивни најблиски пријатели и роднини така им дадовме некако граница до 15-20луѓе пд секоја страна наши пријатели и млади роднини што се дружиме уште 50тина луѓе вкупно околу 70-80 се собраа
По правило е свекрвата, кај нас и кај двете они канеа гости и частеа, само оставија на нас да одлучиме каде. Во мојот град нема таков обичај како Ск пример во ресторан мекици да се прават. Моите сакаа накнадно да почастат ама немаше мекици
Ние пошо се сами си плативме, сега родителите сакаа, зашто им беше преголем мерак. Прво внуче од двете страни, заедно го поделија трошокот.