Споделете некој иновативен подарок за мекици, не овие класичниве што сите ни ги носат имам некои идеи ама ми треба уште нешто ептен блиски и драги луѓе ни се / купени е облека + играчки тропалки ми треба нешто за збогатување на кутијата
Ако сакате да е корисно појдете во аптека и купете витамини д3 со к1 пробиотик и слични работи ќе ви посочат во аптека што секако ќе ги купат и самите, жирафата софи во зегин ја има Ако им е прво дете и знаете дали имаат купено кенгур е доста искористено и може да си го користат од 0 месеци, зависи и од вашиот буџет, но секогаш гледајте да купувате облека пример за понатака зошто сите носат најмали работи а бебе одма надраснува и ништо не се искористува, некогаш е подобро пакет пелени само да се однесе отколку куп работи што нема да се искористат Добра опција ви е и ваучер од дм или некој мол или продавница за бебе работи
Се навраќам јас што немав земено а никој не ми донесе: Перниче за tummy time, подлога за baby gym, глодалки што се ладат да се надополнам: појас за грчеви со семки од цреша (ова ми го донесоа и ептен ми се најде една вечер кога беше драми со грчеви а не бевме опремени со ништо)
ние имавме првата буква од името и името напишано како сталак украс добиено, картички со месеци, книга за прватс година од животот на бебето, гнездо, торба за мајка бебе… не знам што сакаш отприлика
Жени, дали рестораниве прават декорации за мекиците или мораш да си нарачаш од страна? Ако сте нарачувале, што ќе препорачате?
Некои ресторани имаат сопствени декорации за масите, но мислам дека сите други декорации се од страна, како балони, картички со чоколадца и слично Можеби некои нудат соработки. Јас пример сум работела така, некој што декорира маси, балони и слично, па да додаде пример чоколатца. Тоа најубаво прашајте си во ресторанот што може преку нив да се договори.
Од мекици мене ептен ми се најдоа вреќа за спиење и ноќно светло(ми донесоа едно што се става во штекер и свети само кога е темница).
Девојки дајте предлог за поклон за мекици, некои викаат се носи само вино и благо, а некој вика се носи поклон, дали е подобро сега или на повојница, се работи за блиски луѓе, не знам стварно
Штом се блиски, благо секако, а можеш и нешто за бебето. Пр. Боденца, тетра пелени, козметика, мече, балон/и......
Ретко денес некој оди со вино и благо. Кај мене дали еден два подароци беа така сите се имаа потрудено, кај некои немаше благо и вино ама имаше за бебето работи што сметам дека можда и е подобра варијанта. Бонбоњери имавме преку 30 ☺️а лето беше пола беа со рок до септември а ја породена во јуни па ги подаривме натака навака да не ги фрлиме
Фала на одговорот, што ви беше најмногу од корист од тие подароци, бодиња, тетра пелени, цуцли? Сакам да направам како корпа украсена па да ставам нешто што ќе користи.
Мене се ми беше корисно. Само не купувај многу боденца со ист број, особено не 56. Земи различни големини, пр. две 56, две 62-68, две 74...шпикозни слично со бројчиња.
Меки играчки, црно бели картички, бодиња, држачи за цуцли, тетра пелени свекрва ми ми донесе 20парчиња бели најјак поклон пошто ги переш секој ден
Здраво девојки! Дали некој бил на мекици или прослава во ресторан Биен во аеродром? Исто дали некој бил или правел мекици во скара бар? Дали можете да ми кажете искуство? И дали можете да ми препорачате ресторани низ Скопје за мекици? Да не е свадбарски ресторан и да има музика за околу 30-40 луѓе . Фалааа