Сум била поканета неколкупати (во различни сезони) во ресторан Градина (К.Вода) и можам да кажам дека таму ги имаат најубавите мекици. И надвор и внатре имаат солидна услуга, едни од ретките што ми оставиле добар впечаток.
Хелоу женски, Ова е менито моментално од градина во план сме таму да правиме здравје следен месец , некако поскапено делува (а не е дека има скара вклучено) голема е разликата меѓу менијата за пиење што предлагате дали поевтиното мени за пиење е преѓногу оскудно или можам и со тоа да пројдам?
Јас денес се јавив на неколку места да се распрашам за мени за мекици, и некако тоа во Сокак во Ново Лисиче ми е сосема ок. Имаат две менија, 750 и 850 денари по лице. Разликата е во тоа што во менито од 850 денари има плус топла даска со похованици. Останатото го имаат двете менија а вклучува салати, ладен сувомеснат и млечен ордевер, пинџурчиња, неограничено пиење и мекици кои им ги носат од пекара Кисми. Ако има некој искуство нека сподели, вака што читав reviews на google беа претежно позитивни.
Дали бевте задоволни од храна , амбиент ... и дали има музика било кој ден и дали има минимален број на гости потребни за музика ? јас се мислам меѓу Сокак и Етерно стори.
Гостите супер си поминале, храната рекоа дека била вкусна. Мекиците не биле лоши ама јаделе и подобри, од Кисми пекарата ги нарачуваат. Музика веројатно има само за викенд, ама за тоа и за дали има минимален број на гости потребни за музика и за се друго што те интересира најубаво да се јавиш директ и да си прашаш.
Здраво, Дали некој правел или бил на мекици во ресторан Дворец? Да сподели искуство, како се со цени и услуга? Исто така совет за бенд/dj кој би свиреле 3-4 часа, за време прославата
Што носите како подарок за мекици освен пари? Дали ви прави разлика каде ќе биде прославата - на пример ако е дома помалку пари за подарок, ако е ресторан повеќе? Летово имам толку свадби, мекици и крштевки што буквално и 500, 1000 денари да заштедам ќе ми смени месецот...
За мекици никогаш пари не давам, кога одам на повојница тогаш пари како поклон. На мекици нешто ситно како боди,играчка, некое комплетче и плус благо. Мене за двете деца никој пари не носел на мекици
За бебето нешто ситно, облека или некоја играчка. За повојница повеќе им купувам. Освен кај што сме кумови, таму се рафрлам
За мекици кај нас некои носеа само бонбониера, или шише вино или ситни колачи од слаткарница. Некои донесоа боденца, некои гумени играчки. Никој пари не даде. Од корисен поклон, можеш пр. тетра пелена, боденце, плус благо по избор.
Обично на мекици ни поклон не се носи, само благо, нешто по ново само да се расфрла. На повојница се оди со пара и поклон.
Комплетче некое памучно, 500-700 денари за мекици. Јас барем најмногу добивав. До 1000 максимум. Можеш ќебенце некое исто, лигавчиња, чорапки, бодиња.. Такви работи највеќе добивав. Само не зимај најмал број (56) зошто моево бебе се роди поголемо пример па сега имам продавница дома со еден тон нови работи.
Јас за да не грешам со големините ретко подарувам облека, само ако ми се многу блиски и знам што сакаат и бројче. @Amellie има ваучери пример во дм за до некоја сум, можеш тоа па мајкава сама ќе си купи што и треба од бебешки продукти. Друго благичко можеш нешто, спомнаа погоре што.
За мекици мислам не мора нешто прескапо, нешто благо земи и плус некоја играчка. Ако не сакаш играчка земи нешто како: ноќно светло, јастуче, ако им е прво бебе па и да не е скоро видов во ДМ топломер за вода..
Имаат одлични производи во дм за бебиња. Мене со ваучер ми е одлично дека самата мајка може да бира што сака. Инаку не се распрашував јас, туку @Amellie бара препораки за подарок.