Мекици (прослава и подароци)

Дискусија во 'Бебе' започната од Snow-Queen, 28 ноември 2011.

  1. Amellie

    Amellie Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2015
    Пораки:
    194
    Допаѓања:
    330
    Пол:
    Женски
    Фала ви на сите за одговорите, значи јас сум се расфрлала за мекициве досега, подарок под 2.000 денари немам купено, ама па на повојница никаде не сум била официјално како повојница. Сме ги запознавале бебињата во парк, во двор, на гости кога сме оделе па сме оставале по некоја паричка ситно 300-500 денари, мене па така ми имаат кажано дека се остава пара во количката/колевка итн.
     
    На Marijanche33 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Tasha masha

    Tasha masha Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2025
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    139
    Пол:
    Женски
    И јас оставам пари секогаш кога прв пат гледам бебе. Инаку, ако ти менуваат и 500-1000 денари можеш комотно да одиш само со благо како и што е редот ама ако ти е непријатно можеш да докупиш ситница, има евтини тетра пелени, тенки прекривки по Стружанка, Ваикики и едно тропалче за бебе.

    Премногу трошок станаа мекиците, повојници, свадби, крштевки. Сите некој притисок си правиме дека е малку, да не речат нешто итн. Кај моите доаѓале само со благо, никогаш ништо не сум помислила, напротив ми било мило што дошле, па макар и со празни раце. Почитта ми е на прво место.
     
    На Amelia., Bebce1, Mimmi39 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    9.176
    Допаѓања:
    19.132
    Пол:
    Женски
    На мекици, ти кажаа веќе членките, се носи нешто ситно. Според адет се носи благо, но денеска најчесто носат балон или нешто за бебето.
     
  4. EnaEnA30

    EnaEnA30 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2020
    Пораки:
    393
    Допаѓања:
    1.417
    Пол:
    Женски
    Во принцип носам поскап поклон на мекици ако кај луѓето не би отишла на повојница. Ако одиш на повојница е доволно нешто симболично, ќебенце, покривка, боденца.
     
    На flawlessss и Amellie им се допаѓа ова.
  5. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    4.483
    Допаѓања:
    19.494
    Пол:
    Женски
    на мекици зависи кај кого идам и зависи нели од буџет кој колку има, околу 1500ден поклонот ми е средина некоја:) ние добивме на мекици подароци што чинеа па сиг 3/4илјади… од тогаш и јас почнав да носам повеќе, околу 50евра подарок кај поблиски луѓе затоа што си реков да не давам јас малце :^)потоа на повојница околу 1500ден подарок.
     
    На Amellie му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.821
    Допаѓања:
    9.702
    Пол:
    Женски
    Кај ептен блиски (бебиња на први братучеди, браќа,сестри,најдобра другарка, кумови) сум одела со некои креативни подароци пример корпа со балон и внатре полна со бонбони, мече,тропалче,тетра пелена, бебешки кондурчиња, боди…и тоа коштало до кај 3000 ден ама сум ги правела сама со голем ќејф и месец-два унапред сум ги купувала работите да не ми е трошокот наеднаш. А кај други одам само со бонбониера, и евентуално некое мало плишано мече да ме фати вкупно до 700 денари максимум.
    Порано се одеше со бонбониера/благо само ова веќе како помодарство стана со подароциве
    Ама искрено коа ќе размислам подобро, на мекици поубаво поклон да се однесе и да не мораш после на повојница специјално да одиш со поклон, ем ќе ти стои како обврска, ем на родителите на бебето обврска да пречекуваат гости, туку како што пишаа членките погоре кога ќе се сретнеш некаде во парк да му оставиш 300-500 денари.
     
    На Amellie му/ѝ се допаѓа ова.