1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мекици (прослава и подароци)

Дискусија во 'Бебе' започната од Snow-Queen, 28 ноември 2011.

  1. <3 pleza4e <3

    <3 pleza4e <3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    3.442
    Пол:
    Женски
    Јас со мекиците воопшто не се замарам, тоа ќе си прават бабите, секоја посебно како си планира така.
    Дома несакам гужви, газење со кондури и смрдеж од цигари, посебно не пред да го донесам бебето дома, исто така и несакам друг да ми чисти, јас како ке си фатам најубаво ми е и најчисто.

    Малку ќе биде проблем тоа што секој втор во градов ни е пријател, и сите уште сега сами си се канат ама тоа е што е, немаме ни толку услови за викање многу луѓе, со тие пари ќе си покриеме трошоци за бебето.
    Воопшто не ги сакам оние мекици во кафани што се прават, ние за свадбата имавме вкупно 120 луѓе од двете страни само најблиските, така да за мекици не планирам ниту кафани ниту големи прослави.

    Инаку кога одам на мекици носам претежно благо, освен ако ми се ептен блиски тогаш и некоја друга ситница од кејф за малото :)
     
  2. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.223
    Допаѓања:
    76.215
    Пол:
    Женски
    Nie si ziveeme na prv sprat, a svekorot i svekrvata nad nas se (vo kukja). Jas im kazav jas kje sum si vo bolnica vie organizirajte si i vikajte si kogo sakate :D Dole mi bese sredeno, cisto i zatoa gore kaj niv pravea mekici. Zatoa sto imame golemo drustvo eden den viknale najbliski komsii i rodnini, a vtoriot den drustvoto nase :) Koga si dojdov doma imav sini i beli baloni i eden golem balon so helium its a boy, toa od tetka na mm i edno 20 bonbonjeri :D inaki i mene ne mi se dopagja mekici vo restoran, a sum videla pravat taka pa so muzika snimanje...
     
  3. Independiente

    Independiente Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2014
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    1.558
    Пол:
    Женски
    идеја што да однесам за мекици? старосватица сум и читам различни идеи дека треба само благо некои и подароци носат..да не испадне таму сите со поклон само јас не или обратно... Јас мислам да земам бонбониера или торта и балони убави големи но се мислам за сет за бебе (шпикозни, чорапчиња и сл.) дали сега да однесам или здравје облека на повојница нз што да правам
     
  4. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.896
    Mozam da ti kazam kaj mene na mekici sto nosele: povekjeto samo bombonjeri, no imase I tropalki, radosnici, torta od peleni (bas mi se svigjase) I kolekcii za bebinja. Alista nikoj ne donese, toa posle na povojnica.
     
    На Independiente му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Independiente

    Independiente Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2014
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    1.558
    Пол:
    Женски
    Дарси фала ти... Мене ми е незгодно дека сеа кога бев на гости кај иднава мајка хехе гледам веќе и купувале облека, патичиња, кебенциња поблискиве и си викам па јас ништо не и купив и малку незгодно ми падна затоа.. и се прашував дали да земам за мекициве нешто здравје или за повојница..нз
     
  6. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.195
    Допаѓања:
    106.173
    Пол:
    Женски
    Во Охρид ги виκаме питулици, и адет е да ги пρави свеκρвата. досега двата пати κо се поρодив се собиρаа κај неа дома најблисκите, моите, нашите бρат/ сестρа, κумовите.. ептем блисκите дента κога се поρодував и носеа бонбониеρи. И јас κај што сум одела сум носела бонбониеρа, поголемите подаρоци на повојница.
     
    На Independiente му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Sunshine_1979

    Sunshine_1979 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2015
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    11.929
    Пол:
    Женски
    За првото дете пред 11 години секој си правеше за себе, бидејќи сите сме во различни градови, моите си правеа за своите гости, свеки за своите а мм викнал друштво на пијачка ама без мекици кај нас дома...што да се прави - младост лудост а плус тоа и сам дома возбуден и никој не му помогнал во организацијата! Сега иако е рано, почнав да се мислам околу мекиците, дома немам место и не ни бега некое локалче...ќе бараме нешто поефтинко, скоро бевме во Македонска куќа и многу ме бендиса, за секого имаше пијачки и мало чинивче со сиренце, сувомеснато и кашкавалче а плус по масите имаше мекици, шекер и мармалад и толку...скромно но доволно и пошто на секој имаше само по едно чинивче, нема можност за заседнување - честиташ, каснуваш и стануваш!
    Инаку најчесто носам бонбоњера со пијалок или плишања играчка, нешто ми е останато од постарите дека цвеќе не се носи...незнам зошто, така е во мојот крај!
     
  8. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    871
    Kaj nas bonbinjeri nosea podalecnite gosti a pobliskite gosti osven blago i po nekoe partalce od kumata torta preubava
     
  9. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.119
    Допаѓања:
    2.710
    Пол:
    Женски
    А од каде порачувате мекици. Се разбира да не се мрсни, некоја препорака за вкусни мекици !!
     
  10. coconaut

    coconaut Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    2.562
    Пол:
    Женски
    Kaj nas na rabota edna koleska imaat pekara, pa cela firma od kaj nea naracuva i navistina se ubavi. Za restoran go falat Moja kuka, menito bilo okolu 400 den so neograniceno pienje.
     
  11. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.896
    Nie od Specijal naracavme, dobri bea.
     
    На slobodka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.461
    Пол:
    Женски
    На slobodka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. @macence@

    @macence@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2015
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    62
    Пол:
    Женски
    Женички каде има убави мекици да нарачаме за на работа да почастиме а и за вечерта за прослава?
     
  14. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.482
    ja od madzari imam zimano za sestra mi, na samata raskrsnica e dukjanot. prekrasni, ich mrsni.
     
  15. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Феминки кажете то да однесам кај кумата на мекици, со оглед на тоа дека свекрва и ке ги прави секако а не се во добри односи. За свадбата, свекрвата си ги собра и пари и дарови, а сега и керка и е бремена, па не верувам дека сите подароци ке ги добие кумава.
    Совети ве молам.
     
  16. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.482
    bombonjera. chim taa sve i sobira, kje odish so bomboni, a koa kje si izleze zenichkata shto sakash kupi i i lichno nea daj i.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  17. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    А нема да изглдам ко идиот само со бомбоњера.
    А да купам пешкирче, перниче и рамка за слика, ама се испринтано со името на бебето? А?

    Пешкирчето со кенец везено.
     
  18. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.482
    taka moesh:) ne stavaj inicijali samo, da ne stanesh kuma na drugo dete :D mada ja kaj i da sum odela na mekici nosele blago i cvekje.. povojnica je vech drugo.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  19. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Не не, таа мене ми е кума. А името на бебувчето и така веке се знае последниве два месеци. Па принтот и везењето нема да ме коштаат нешто многу, па така ем поинакво ке биде а и нема да може друг да го земе.
     
    На Sunshine_1979 и DigY им се допаѓа ова.
  20. Smizzy

    Smizzy Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    4.150
    Пол:
    Женски
    Убаво би било и дата да навезат, да не и се засвиѓа на свеки па да го чува за некое друго бебе што ќе со роди со исто име :D
     
    На okcenzi и DigY им се допаѓа ова.