1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мекици (прослава и подароци)

Дискусија во 'Бебе' започната од Snow-Queen, 28 ноември 2011.

  1. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Ние три пати правевме мекици ,еднаш свекрва ми дома за нивните роднини ,моите си правеа дома исто ,и маж ми во кафана правеше за нашите пријатели ,во денешно време и со кафаниве проблем ние со маж ми уште пред да се породам прашувавме во Маргер и таму ни викаат закажете си и баш јас му реков на тој шефот таму јас од кај да знам кога ќе се породам па да закажам бог да чува ,на крај мекиците маж ми ги направи во Градина ресторанот и искрено беше презадоволен .
     
    На eli25, emkaemka и kukla21 им се допаѓа ова.
  2. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.855
    Допаѓања:
    32.443
    Пол:
    Женски
    Кај нас мекици правеше свекрва ми и тоа ивкова слава беше, 3 дена нивни роднини, пријатели. Моите не правеа, а не ни беа повикани. Тоа се беше на сметка на мм. Тие ни денар не дадоа за ништо.
     
  3. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Добар - резервавија ви барал :)
     
    На elcezelce му/ѝ се допаѓа ова.
  4. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.823
    Допаѓања:
    108.993
    Пол:
    Женски
    И капар сигурно!
    Свашта (facepalm)

    И да си на договорен царски и знаеш датум, пак бре не ми иде да резервираш датум за мекици..
     
    На eli25, joy1, kukla21 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. ❤️Sneze❤️

    ❤️Sneze❤️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2017
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    3.903
    Пол:
    Женски
    Кај нас немаше договарање за мекици ни за прво ни за второ па ни за трето :) тоа они си знаат редот нема договарање ,кај свекрвата уште ноќта кога се породив во 23:00 часот со првото дете отвориле продавница за пиење да купат и веселба имало до 5 сабајле ,а потоа од сабајлето мекици правеле и на пладнето пак за гости полна куќа пак до сабајле ,а кај моите правеа утре дента исто со гости полна куќа , вака беше и со второто детенце така сигорно и за третото здравје боже ,со мажот скоро воопшто немавме потрошено за веселбите бидејќи деверот ,свекорот и свекрвата не оставија на ред за ние да примаме во џеб :)
     
    На manako1 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.896
    Јас и мм пред да се породам се изнашетавме по кафани, божем да провериме што се нуди :D
    За датум отприлика прашуваа, а бидејќи бев на договорен царски и знаевме начелно кога би било, само да се потврди после.
    На крај за Македонска куќа се решивме, мм ги викна моите и неговите пријатели, и мајка ми своите гости, а свекрва ми дента кога се породив имаше за домашните направено мекици, плус 2-3 роднини викна во кафаната. Планиравме да си платиме ние за нашите, ама на мм му дадоа пари и моите, и свекрва ми пола сметка, па уште во ќар заврши мм :D
     
    На kukla21 и ❤️Sneze❤️ им се допаѓа ова.
  7. izmislena

    izmislena Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2014
    Пораки:
    1.657
    Допаѓања:
    2.327
    Пол:
    Женски
    Ве читам дека се жалите за свекрвите. Јас мислам дека не сите имаат исти обичаи и традиции. Некои мислат дека женската страна треба да ги организира мекиците, па они не чувствуваат никаква обврска околу тоа. А велат „правевме“ зашто нели тоа е едно семејство, ако по нивни уверувања се организираат мекиците кај женската страна - тие сметаат дека „правеле“.
    Јас не би нашла замерка, туку едноставно би им објаснила дека фино би било доколку сакаат и тие да ги почастат нивните роднини и пријатели - да си се организираат засебно.
    Ние сме имале вакви недоразбирања претходно околу свадбата, веридбата и младенци - ги решававме со разговор.
     
    На ❤️Sneze❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.000
    Допаѓања:
    40.305
    Пол:
    Женски
    За двајцата внуци мекици се правеа на три места.
    Затоа со мм ги собравме старите и им рековме мекици еднаш за сите. Секој си имаше листа на гости. Ем се елиминира дуплирање, ем он не беше растрчан на три места, ем убава веселба. Мекици се правеа во рагуза - пријатна атмосфера, добра услуга(ова дека и свадбата таму ни беше знам:rofl:)
     
    На Melinda85, eli25, Kitten и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. izmislena

    izmislena Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2014
    Пораки:
    1.657
    Допаѓања:
    2.327
    Пол:
    Женски
    Оф топик: И нас свадбата во Рагуза ни беше :)) Супер услуга е, и ние здравје боже таму би праеле мекици. Така јас си замислувам де :))
     
    На Ano му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.000
    Допаѓања:
    40.305
    Пол:
    Женски
    Да да. За свадба со не повеќе од 150 гости одлично е. Одлична услуга, фер се за договор за било што(пиење од надвор, број на гости) и одлична локација. Плус за мекици имаат понуда ако сакаш, ако не се лажам 7 еур со пиење беше.
     
  11. izmislena

    izmislena Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2014
    Пораки:
    1.657
    Допаѓања:
    2.327
    Пол:
    Женски
    Aa ти мислиш на Рагуза, а јас на Рагуза 919 (екс Мирко 919 во Ново Лисиче). И на двете места понудите се тука негде за мекици, скоро праеше братучед на мм, супер беше.
     
  12. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.000
    Допаѓања:
    40.305
    Пол:
    Женски

    Таму мислам 6 еур беше;)
     
    На izmislena му/ѝ се допаѓа ова.
  13. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Јас еднаш кај поблсики луѓе бев на мекици, и на такви мекици да ти е мерак да одиш :lol: :tmi:

    Во хотел резервирале 2-3 маси, јадење и пиење до пукнување...Секакви видови на меса, на салати, на благи, на месено, сукано, готвено, пиење колку сакаш и какво сакаш, па дури при крај донесоа мекици и не знам дали некој воопшто зеде од мекиците, пошто сите беа прејадени со месо и салати :rofl:

    Ова беше прослава организирана од родителите на невестата, а поканети беа и свекорот и свекрвата.
    Не да беше претерано туку малку повеќе без осет и граница...Ама си имаат, нека трошат....Не се за жалење.

    Прослава со мекици се знае, викаш ептен најблсики им даваш по една/две мекици, малку мезе, пиење и чао....Ама не може човек да им се меша во парите и плановите на туѓи луѓе.
     
  14. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.823
    Допаѓања:
    108.993
    Пол:
    Женски
    Ако некој мекици треба да прави тоа е свекрвата, а не мајката, тоа бебе во таа куќа иде, станува дел од тоа семејство, нивно презиме носи, мајката та нели е мажена и веќе е од таа фамилија!!?? Што би мајката има предност мекици да прави, ако свекрвата се бутка бебе да облече, изнесе од болница, избања зошто тогаш тоа се не припадне на мајка ако бебето е од таму пошто нели мајката е туѓинец!!??

    Не дека свекрвите не знаат или имаат различни обичаи туку прифаќаат тоа што им одговара и по дифолт ништо не знаат!!
    Мојава не е од МК и се што не и одговара вика ,,тоа кај нас немало,, а да спомнам ли дека на 16г се омажила, а 46г е тука или дека за двете золви се знае, а за синот ја нисам одавде стил :D така им чини :nod:

    Туку ние китка на десно и како ни одговара, ниту една не треба да дозволи да си го наруши моментот било како, не прави, не прави е добро де нејзин избор, ако не и е мерак па јас ли ќе и го створам :)
     
    На TutiFuti, mal.ecka, joy1 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.980
    Допаѓања:
    59.650
    Пол:
    Женски
    На darcy, mal.ecka, joy1 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.823
    Допаѓања:
    108.993
    Пол:
    Женски
    За тебе Монче и 2 и овчо сиренце ќе има :hug:
     
    На monik55 и kukla21 им се допаѓа ова.
  17. izmislena

    izmislena Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2014
    Пораки:
    1.657
    Допаѓања:
    2.327
    Пол:
    Женски
    Не се сите исти. Моево бебе (здравје боже) нема да иде во нивната куќа (ќе иде дома, во нашиот дом) и нема свекрва да го изнесува од болница, уште помалку ќе го бања. Едноставно жената има осет дека мајката е поблиска со родилката и дека треба да биде покрај неа за било што - додека е жива и здрава. Имаме разговарано за ова.
    Ова пднесување не беше од секогаш вакво, ме замараше на почеток, имавме држ-не дај со најмали ситници кога се обидуваше да се вмеша во моите одлуки - но виде дека односите во моето семејство се други, моите сфаќања уште поразлични и почна да омекнува. Плус и мм има голем удел тука, и него не му се свиѓа кога се мешаше, ама затоа пак не сака ни моите да се мешаат.
    Мекици верувам дека ќе сака да направи и свеки, но нормално дека и моите ќе прават, исто како што правеа за внук ми - зарем тие не се баба и дедо и не треба да слават?
     
    На emkaemka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Јас знам дека двете страни си прават засебно. Порано само жени иделе, сега сите :)
    Мекици од секогаш се давале, само на некои им одговара на тошо да се прават.
     
    На mal.ecka, eli25, forumce и 3 други им се допаѓа ова.
  19. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.823
    Допаѓања:
    108.993
    Пол:
    Женски
    @izmislena ниту моја дотерала бебе, ниту ќе изнесе, избања само го спомнав како некој обичај кој е карактеристичен за поднебјево. Без разлика и што нема да отиде во нивна куќа бебе другото што набројав пак стои :)

    Мекици и јас знам двете страни даваат, тоа внуче е на сите, само за жал светковци се тие кои ја прават таа поделба најчесто, ама знаат и мајки да глумат |(
     
    На mal.ecka и izmislena им се допаѓа ова.
  20. EuHenIa

    EuHenIa Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 мај 2017
    Пораки:
    2.365
    Допаѓања:
    73.097
    Пол:
    Женски
    За мекици ми е рано да мислам ама ако е како што треба кај нас двете страни посебно ќе прават и по дома ќе прават. Немам намера за кафани да се трошат пари тоа не е свадба туку интимна прослава. Тој период имаме и слава па како што ја спремаме славата така и мекици ќе спремат. А за изнесување од болница, детето си има татко и татко му ќе си го изнесе од болница, ни мајка ни свекрва
     
    На eli25 и Black girl им се допаѓа ова.