1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мекици (прослава и подароци)

Дискусија во 'Бебе' започната од Snow-Queen, 28 ноември 2011.

  1. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Да бе, сум чула дека свекрва бебе од болница треба да изнесе :)
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.824
    Допаѓања:
    13.391
    Најдобро никој да не ви се меша кога ќе се роди бебето. Мене ми се моташе свекрвата, ама не можам бре луѓе нонстоп да ми се вртка. И дури јас си го држев и се дрзна од раце да ми го земе божем она ќе го смири кога плаче. Па и реков да не се меша зашто јас сум мајка и јас ќе си го смирам. Отидов Офф топик, извинете.
     
    На crazylady, Meckicja, izmislena и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.732
    Допаѓања:
    145.121
    Кај нас обичајот со мекици е сосем друг. Читајќи овде ми делува и попрактичен. Бар натегање нема.
    Бабите си прават посебно. Само жени. Мекица, сирење, шеќер. По едно кафе, сок и готово. Обично во локал ама поручек ги прават. Пример од 17до20часот.
    Кога сакат тогаш, небитно дали бебето е веќе дома или не. Немаат допирни точки и така.

    Таткото си прославува со кој сака. Другарите најчесто, низ некој локал и тоа е тоа.
    Фешти , свадби и подароци нема.
    Нешто симболично се носи. Чоколадо или кафе, влажни марамици, кремче.
     
    На referentka, Melinda85, izmislena и 7 други им се допаѓа ова.
  4. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.588
    Допаѓања:
    39.585
    Пол:
    Женски
    Јас собрав еден куп бомбоњери, а дел дадов на мама и см. На мекиците луѓето донесеа и поклон за бебето, едно преубаво кебенце, облека, играчки. Јас знам дека такво не се носе, не сум одила многу одамна на мекици, ама кога сме одиле само благо сме носиле. На мама колешките од старата фирма пари собирале, па и бебето си доби плик со пари од нив.
     
    На crazylady, Melinda85, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.381
    Допаѓања:
    126.489
    Кај нас е обичај да се прават крофни,некое мезенце,пијалак,опуштено без некои посебни церемонии. Двете страни посебно си покануваат гости, ептем најблиските и тоа е тоа. Мм ќе си прослави со другарите, кумот, деверот.
     
    На crazylady, emkaemka, forumce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.050
    Допаѓања:
    225.337
    Пол:
    Женски
    Свекрва ми правеше крофни таму кај нив, мајка ми овде мекици. Мада моите малку претераа, стигнаа и до печено прасе и жива музика дома ама им било кејф си направиле. Мм само на работа почасти. Кум тогаш немавме така да немаше некои збиранки он..
     
    На Arthur и Sesil им се допаѓа ова.
  7. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    97.225
    Пол:
    Женски
    Се е ствар на договор:!:

    Секој крај различни адети,секакви карактери,разни критериуми и можности,да не редам...
    Како во случајот на пример со кумство,крштевки,свадби,така и со мекици.
    И не заборавајте,секогаш на некој нешто ќе му фали:D
    Нека си прави кој како му одговара и смета дека е најправилно.
     
    На Arthur, izmislena, Arendelle и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Meckicja

    Meckicja Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    6.664
    Допаѓања:
    8.200
    Пол:
    Женски
    I majka mi za sestra mi si davase mekici doma so sirenje I lokum I seker i sokovi I svekrvata isto za jatrvata ama ni sestra mi zivee so majka mi nitu pak jatrvata so svekrvata. I ne davaa istiot den otkako se porodija I sega zdravje boze koga ke se porodi sestra mi so treto dete pak ke bide isto
     
  9. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.888
    Допаѓања:
    31.300
    Пол:
    Женски
    Јас таму од каде што сум се прават мекици неколку недели по раѓање на бебето. Се собираат само жени, обично во ресторан некаде. Сите носат подароци за бебето, нешто како повојница му доаѓа. Се собираат и многу жени, се канат и роднини и пријатели и комшии.
    Заради тој обичај и јас сега во Скопје сум носела подароци па и кога ние правевме мекици во Скопје за другарите од нив добивме исто поклони на мекици. Потоа мајка ми и свекрва ми заедно парвеа мекици и од таму добивме подароци од кои нешто и ден денес носи. Дома си имаме како продавница за облека по возраст. Сега се чудам од догодина кога ќе треба да давам пари за облека зимска. Сега сеуште имаме јакнички од мекиците/повојницата.
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.962
    Допаѓања:
    134.808
    Пол:
    Женски
    Вака коа ве читам сфаќам дека во мојот крај најубава опција има за мекици.Нит се собира дома народ, нит гужви, онака најблиските секако ќе дојдат да им честитаат ама уз кафе и сок, ништо повеке.Кај нас се раздаваат мекиците, на блиските роднини и пријатели дома им се носат. :lol: Таткото ако реши да слави собира само мажи, претежно во кафана.
     
    На crazylady, iloveyou29, Melinda85 и 5 други им се допаѓа ова.
  11. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.732
    Допаѓања:
    145.121
    Е тоа богами најарно.:D
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.823
    Допаѓања:
    108.994
    Пол:
    Женски
    Каде ова Сесил ако не е тајна?? :)


    Јас сум била на Тетовски мекици. Прават може и месец откако ќе се роди бебе, не е дека треба што побрзо, само куп жени собрани во кафана. Со мени: салати, ордевери, меса/порции со гарнир, благо и плус торта, акцентот на мекиците е само што си стојат на маса цело време дури ги менуваат тањирите со другото јадење.
    Поклон се носи како за повојница, значи конкретно, а не ситница за внимание. Плус се прави домашно благо, ова посекако особено важи за најблиските тетки/стрини/вујни, останатите бомбоњери..

    Мене па ова ми е ту мач, бетер и од Скопскиве :lol: кај нас последниве години прават по кафани со мениа, порции, музики, свашта, порано се знае домче или ако се нема место во кафана ама мекиците, сирење, кашкавал, шеќер, некое ордеверче или салатче можеби, благо ситни колачиња или торта и тоа е тоа. Поклон благо, ретко кој носи за бејби и ако носи е ситница :)
     
    На TutiFuti и Sesil им се допаѓа ова.
  13. Melinda85

    Melinda85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2016
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    5.814
    Пол:
    Женски
    Исто и кај нас мила во Неготино. Мекици се носат по дома по блидки и пријатели. А најблиските ти идат дома на салата , пијачка , и нормално ако имаш нешто спремано, но не е обавезително ...
     
    На TutiFuti и kukla21 им се допаѓа ова.
  14. kiki_riki

    kiki_riki Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    2.010
    Допаѓања:
    16.899
    Пол:
    Женски
    И во бт немаме обичај за мекици. Обично се прават крофни и се носат по дома кај најблиските. Секоја фамилија си слави засебно дома со најблиските да се почастат. Обично мажите слават во кафана со другарите. Во нашето друштво имаме обичај нема дискриминација се канат и мажите со жените :) за поклон носат некоја ситница играчка, тропалка,мече за бебето и благо. Барем така било во мојот случај и кај блиски кога сум одела.
     
  15. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.962
    Допаѓања:
    134.808
    Пол:
    Женски
    Кавадарци, така е во цел тиквешки регион, теганици се викаат тие благите што се раздаваат, некоја си смеса пржена и полиена со шеќер во прав..
    [​IMG][​IMG]
     
    На TutiFuti, emkaemka, Ano и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.470
    Допаѓања:
    201.247
    Пол:
    Женски
    Вакви баба ми правеше кога требаше некаде на повојница да се оди, ги викаше питулици, и не беа со шеќер, туку така обични, со сирење се јадеа. Уште ми е вкусот во устата. Во нивно време кога ќе се породела жената, се одело што побрзо до 40 дена кај нив, со вакви питулици, поклонче и некоја пара за бебето. За охридско зборам, конкретно од Велгошти беше баба ми.
    Исти вакви беа питулиците ко на сликава...само многу мрсни беа од пржењето. Ех, сликава во детство ме врати...
     
    На crazylady, TutiFuti, eli25 и 6 други им се допаѓа ова.
  17. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.888
    Допаѓања:
    31.300
    Пол:
    Женски
    Од вакви меици сеуште дома си имам гардероба за дечкото. До оваа година имам скоро се, купував само бодиња и летна гардероба.
     
    На Sesil и emkaemka им се допаѓа ова.
  18. didisi

    didisi Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    1.969
    Допаѓања:
    3.683
    Dajte predlog restoran za mekici, kade ste pravele iskustva ... kako se dvizat cenite
     
  19. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Маж ми правеше мекици во Градина мислам околу 450ден беше по човек ,презадоволен беше и од сите гости имаше преубави коментари за мекиците .
     
  20. didisi

    didisi Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    1.969
    Допаѓања:
    3.683
    Pravevme mekici i dobiv malce cudni podaraci nekolku sisinja vino malce cudno mi padna
    Imaat nekoe posebno znacenje ili??? Ako znae nekoj neka pise
    Obicno se nosi blago ili nesto za bebe kolku sto znam