Нашите мекици ги правевме заедно и од едната и другата страна.Правевме во Маргер.Немаше некои лудувања до сабајле музики фино културно поминало гостите задоволни.И дека беше баш во најтоплото супер им бил амбиентот на отворено летна тераса и дека парк па било посвежо.Имав многу поклони и многу бонбониери на сите им помина рокот се фрлија ама затоа имав и доста корисни цуцли пелени шпихозни од хип козметика па затоа и ја сега практикувам да носам таков поклон корисен пр пелени влажни шампони барем ќе ги искористат
Па можеби некој се чувствува како да носи малку ако е само благо па зема и пијалок јас на тоа не би гледала злонамерно
Може тебе не, ама чим ти го донеле ним им идело. Мене вино не ми текнало да носам на мекици, ама и да сум добила не би барала скриени намери. Што во глава- тоа во животот.
Ако со виното донеле и нешто блачко или нешто симболично за бебето ми е ОК. Ама само со алкохолен пијалок на мекици е баш безвеза да одиш. Као ај да не сме со празни раце е работава
Еве кај нас старо правило е до третата вечер да се прават мекици. И одат само жени собрани дома на мекоци со сиренце ,к.млекце, нешто благо поготово бело да било (мајката млеко да има) сокче,а кафе не пијат на тоа кога се собираат. А за поклони се знае обично благо се носи!
Епа тоа е . Да не е со празни раце. Може немале за повеќе. Друга причина не гледам. @kukla21 мајка ми имаа над 60 души на мекици за внуката. Сите донесоа по нешто. Од секој точно знаеше што е . Памети и за матура/дипломска кој што ни донел
Се замара со непотребни информации мајка ти Свеки кај мене запна дека којзнае што донел брат и, а сите подароци беа потпишани, само бонбониерите не беа. Наводно видела. Не знам што гледала, ама немаше непотпишан поклон да мислам од нив дека е ептен се разочара
Поклоните за бебо од мекици Сите бомбоњери не се сликани, имаше сигурно 20пијалоци и 5 торти А да и 3 балони не се на сликава Многу беа непотпишани, па речиси ништо не знам кој што донел.. На крај сите правеа заедно во Градина, не знам колку беше мени и што како, ама сите беа задоволни од услугата и поминот. Од ресторантот за бебе имаше плишана патка
Ние веќе две недели јадеме од бонбониерите. Не знам колку се ама уште многу има. Имаше подароци за бебе , иако кај нас до скоро не се носеше на мекици. И собра од тие што не доаѓаат на бебе. И поарна. Ми се разретчија вака гостите. И за мама имаше нешто. Се сетил и на мене некој. Само не знам кој. Непотпишано беше. А моите нормално не знае.
Нашите бонбоњери мм уште одма ги сортираше по датум на истекување и така се конзумираат Нешто ситно отиде по гости. И кај мене имаше пијалок, заедно со благо од кумот. Валјда за да залијат за среќата со мм
Бонбониери имам уште За мекиците маж ми викаше млади и имаше поклони-балони, алиштенца, играчки, колекции и многу мечиња искрено незнам што ќе им правам ... ама тој поима нема кој што донел а и никој не се потпишал нема врска. Едно вино имав само Свеки правела на големо и ниту еден поклон не ми даде ниту бонбониера, ниту пак ја прашав . Мајка ми ми донесе се, ама немаше којзнае што, некои патичиња, шпихозни и тренерчињ, бонбониери и многу цвекиња Јас на мекици носам обавезно балон, благо и табличка за кола бејби он борд од зегин ( со софи е). Мече нејќам зошто и јас нејќам , сум носела и торта од пелени, бањарче со извезено име, ова за поблиски што ми се Алишта немам носено.