Мене ми се случи да однесам бомбониера и да ми речат, мене машко дете ми се роди, ракија требало да ми донесеш. Близок другар тоа, нема врска. Ама јас мислев се зеза. Сега кога ве читам може и не се зезал може стварно имаат некој таков адет.
Нашите мекици беа заеднички и имаше многу гости. Бонбоњери на претек, едно 30 сигурно, вина, балони, торти, торти од работи за бебе, па и работи за бебе како алиштенца или козметика. Јас тазе мајка не ни ги видов, сестра ми извадила се, испрала алиштата, мечиња, кучиња,.. кога видов..... Некои алиштенца ги облековме, некои . Дури еднаш кога имавме гости на повојница, се погоди да носи алиштенца што ги донеле тие на мекици, викаат "ееј овие ние и ги донесовме", а јас како изгубен германец, викам "стварно?!" малку незгодно бонбоњери уште имаме, а алиштенцата се смалија веќе.
Добивме и ние многу подароци на мекици, колекции, плишени играчки, алиштенца, влажни марамчиња и павловличева, пари, нааајмногу бомбониери од кои нешто изедовме, нешто дадов на блиските. Имав и подароци облека за дадата со објаснување ,,беба има од дада, па ете пак за дада, ќе дојде ред и бебо да ги носи,, Јас на мекици носам благо и детска козметика!
Каква врска има пол па и тој да не претерува малце? И авионски билет да не сака ако е машко ?? Кај нас носеа благо цвеќе и чат пат некое мече. Носам благо мече и балон на мекици а на повојница најчесто пеленска торта. Ако ми е поблизок може оние што се во кутија кебенце шпикозни блуза капченица. .
Кај нас на мекици носеа бонбониери, имаше и две - три шишиња вино, неколку мечиња од поблиските и имаше и комплетчиња и навистина ми се најдоа, таман и беа летни (дека лето се роди), си ги изнаноси бебуш
Stvarno e bezveza zamaranje koj sto vi donel t.e ne vi donel. Kaj mene za prvoto imaa noseno samo pijaloci i bombonjeri, a od kumot golemo mece. Za vtoroto dve torti od peleni, 2 para spihozni i ostatokot bombonjeri i vino.
Зависи од град до град. Сите имаат различни обичаи. Во мојот роден град на мекции одат само жени и носат баш поклон за бебе. Ама мекиците се рачунаат како повојница за повеќето луѓе.
Во Скопје одат на повојница кога сакаат да го видат бебето. Така сум приметила. А за мекици носат бонбониера, колачи или вино.
Kaj nas vo Strumica nosat bombonjera ili vino.I samo zeni.Znam kaj rodninite vo Sk imase i mazi.Nie imavme eden kup bombonjeri(majki mi uste ima),nekoe vino,torti od peleni,nesto alista koi bea i poveketo imaa noseno pari.Kaj nas doagaat na povojnica,a na mekicite nosat poklon tie so se podalecni
Sega od aspekt koga imam bebe znam sto bi odnela nekomu paket peleni ... obleka za bebe kozmetika ... nesto sto ke go iskoristat a im e potrebno od blago nema fajde hhhh
Облека ок, ама пелени не, посебно не козметика. Освен ако знаеш кои ке ги користат. Кај мене за мекиците некој имаше донесено пелени ( торта од пелени )а ние почнавме друга марка пелени во болница, па не ми се ризикуваше и ги фрлив. Исто некој имаше донесено бекутан и бубчин козметика, а јас користам логона ( исто како на првото дете) па јас ги користев.
Ја би тетра пелени исто никад доста. Што глупости сум исподобила страшно.. место тоа една тетра од 80 ден повеќе работа би ми бркала
Јас правев торта од Памперс , Хип и тетра за едно блиско бебуле. Тоа е што се користи за почеток. Колекцијата бебе ако не ја користи може и за мама и тато. Подобро отколку тренерчиња фатирани 5 броја поголеми.
Зависи кој како преферира. Јас цела гардероба што ја добив ја искористив. На сите работи им најдов намена. Тие што не ми се свиѓаа за надвор по дома му ги носев. Инаку детето наполни 2 години зимава и дури сега ми се потрошија работите што ги добив на мекици за носење. До сега за зима имав работи од мекици и мене супер ми се најдоа. Не сум некоја маанџика за алишта за бебе се прљаат и менуваат често, битно ми е само да се памучни (а такви беа претежно). Јас козметиката што ја добив за мекици уште ја моткам по дома (добив и бебешки пудри и креми што не знам како да ги искористам и за кого). На крајот од денот секој нека си носи што си мисли чисто за внимание никогаш на никого нема да му се погоди се што е добие. Торта од пелени евентуално ако знам точно што ќе користат за бебето. На пример мојот од Памперс добиваше црвен газ па подарив скоро цел пакет памперс актив на други. Јас за повпојница обично носам рамка со гипс за отпечатоци, радосница, нешто мало за бебето како крпчиња, лигавчиња и слично што секако треба.