Насловот сам си кажува...пишувајте свои рецепти/начини. Со што ги комбинирате. п.с. Мекиците од Стража пристигнаа во Скопје
Јас незнам да правам Млада сум за во кујна Шала на страна. Стварно незнам да правам но мајка ми и баба ми ги прават фантастични Па може да ги прашам која е рецептата па да ја напишам тука Поздрав
Ех, мекици на детството ме потсеќаат. Постојано, каде и да бев на гости, дали кај баба ми, кај другата баба или кај тетка ми мораше еднаш и мекици да има за појадок. Убав специјалитет, традиционален, многу вкусен (додуше некогаш ако претерам ќе ме утепа тоа мрсното ), ама сепак ги сакам. Најчесто ги јадам со кисело млеко, салама и кашкавал, некат и кечап знам да додадам, ама тогаш без кисело млеко ги јадам. А што е ова бре, мекици 35 денари. Кај мене у сендвичарана 10 денари се.
Само што јадев од Мекиците од стража. По грозна мекица во живот немам пробано. Мрсна, да масло течеше од неа. Целата препржена како кора, уфф НИКОГАШ повеќе нема да ми падне на памет да јадам д овде. Оние мекици на Стража не сум ги пробала па не сакам да коментирам за тие, ама овие овде што ги прават се кататсрофа. Уште и 35 денари од мекица, плус 35 денари коцкичка сирење и јогурт 50 денари скоро .. претеризам.
ОЗБИЛНО??? 35 денари за мекица? Па златна кокошка да не ги спрема чим им лупнале толкава цена?? За мекици во Скопје препорачувам Буњаковец или Бит пазар. По 10/15 денари беа последните пати кога јадев и одлични беа. Во близина на факултетите нели ги има и тие надолго и нашироко фалени мекици со вегета кои уште не сум стигнала да ги пробам (ама март кога ќе дојде ) 35 денари за мекица, Господе Боже. Па зар има и такви што купуваат? Иначе, мекици како мекици најубави се оние на баба. Со сирење или со џем или со шеќер или само така. Па мрсничко и слаткичко, па тешко после на мевето ете тоа е рецептот за уживање.
Јас најдов некои рецепти на нет Состојки: 1 кафена лажичка шеќер 1 кафена лажичка сол 1 шолја за кафе масло 1 квасец 1 кг брашно Подготовка: Квасецот се раствора во една чаша млака вода. Потоа во длабок сад се меси тестото додавајќи 900 грама брашно и водата од чашата со квасецот (доколку оваа вода е малку, додаваме само топла вода). Откако тестото добро ќе се измеси, се остава да отстои на топло за да нарасне. Откако тестото ќе нарасне, во тава на оган се загрева поголемо количество масло. Потоа од тестото се кинат парчиња и со раце се обликуваат кори во форма на тавата и една по една се пржат. Откако ќе се испржат, ставете ги во една чинија со салфета за да се собере вишокот од масло. ‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘ друг рецепт 800гр брашно 1 јајце 300гр кисело млеко 1 лажица сода бикарбона се ова се става во подлабок сад, се додава малку зејтин, и се меси тесто.Тестото се дели на топчиња,секое топче се сука во правоаголна кора и се сече на парчиња се пржат во врел зејтин
Уф од кога немам јадено Незнам зошто ја отворив темата сега лиги ке ми течат Ги сакам мама кога ги прави и сакам кога се помалку мрсни. Но пак неможам многу да изедам,една-две од средните
Абе какви 35ден за мекица, од оние сто се 10/15ден на битпазар што беше трафиката, или во трговски кај стоилко има една трафика зелена мекици има преубави внатре меки а надвор крцкави, слично кко домашните на мама и баба ама искрено им нема замена. Иначе тајната е во што помеко замесено тесто, ептен меко па може и дури да ти се лепи на рака, одкако ке стаса на добро измрсена рака прави ги и пржи ги и душа се.
Баш денеска мајка ми имаше направено мекици за доручек ... Ги обожавам,стварно ги погаѓа чста 10ка :up: А за мекиците од стража не сакам ни да коменитрам,полни со зејтин душа да му се погрози на човек(греота што зборам вака за леб)ама стврно не вредат за тие пари,народов се лаже само по името "мекиците од стража" Голема работа пффф
Јас најдов некои рецепти на нет Состојки: 1 кафена лажичка шеќер 1 кафена лажичка сол 1 шолја за кафе масло 1 квасец 1 кг брашно Леле јас го направив овој рецепт, брат ми се смее вика, ова се Тврдици, не Мекици добри се, ама многу бе тврди, и на форма поразлични од Меките мекици Ај дајте некој рецепт
Мекици се мисли на пишии? Прееска ја видов темава и ми дојде иштав, станав замесив. Квасецот го разматив во млака вода и му додадов четврт лажиче шеќер. Потоа го додадов во околу пола кг. брашно и на смесата и додадов матено јајце. Во една чаша ставив до пола кисело млеко и дополнив со млака вода. Смесата ја дотурив на тестото и замесив уште еднаш убаво и посолив многу малку со сол. Ако ви е тестото многу лигаво или лизгаво, дотурете му малку брашно, колку поубаво да се замесува. Околу саат време си отстоја и пржев. Пржев по една пишија во тавче и користев прилично мала количина на масло. Пред крајот на пишиите им ставав озгоре по малку рендано кашкавалче а шунката ја ставав во тавата покрај пишијата за малку да се припржи, т.с притопли, и потоа ја ставив врз пишијата. Прилично брзи за правење, без многу мрснотии и меки. Мене ми се допаднаа.
јас го знам овој рецепт. стварно се меки и остануваат меки: 1 кг брашно 3 јајца и млеко за да се добие течна смеса 2 квасеци и брашното се става и сол и шеќер и масло се прави смеса која треба да е мека за да се лепи на рацете. се остава да кисни за да се дуплира. се меша и пак се кисни. кога се кини од тестото рацете треба да се со вода оти се лепи и се пржат... многу се вкусни!
Темава ми направи иштав, па направив и ептен се погодија. Ај сега рецептот: 1кг брашно; 1 квасец; 1 лажица сол; 1 лажица шеќер; 400мл млеко (млако); 200мл јогурт; 2 јајца; 1 пак. прашок за пециво; 2 лажици ракија (за да не прима масло). Квасецот се прави со малку млеко, шеќер и брашно (на страна), и се замесува тестото со сите намирници, средно меко, па по потреба се додава млеко или брашно. Се остава околу половина час да отстои, па се прават мекиците и се пржат во врело масло.
Мекици јадев минатата недела, домашно приготвени од мама, како сунѓер беа. Не знам јас да правам, ама знам да јадам Вкусни, со сиренце и јогурт! А за тие мекиците од стража имам јадено, големки се и крцкави, цената не се сеќавам колку беше. Сега за овие кај нас уште немам пробано, а и солена ценава. Инаку мислам дека мекиците најдобро ќе ги направиш ако ги вежбаш често, да им ја научиш рутината, тогаш се погодуваат.
Јас мислам дека мекици и пишии се различни Мекиците се формираат со рака намрсена со зејтин....А пишиите се сукаат на брашно па се пржат