Мекици

Дискусија во 'Храна и пијалоци' започната од Snow-Queen, 9 јануари 2013.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.268
    Допаѓања:
    14.955
    Пол:
    Женски
    Насловот сам си кажува...пишувајте свои рецепти/начини. Со што ги комбинирате.

    п.с. Мекиците од Стража пристигнаа во Скопје
    [​IMG]
     
  2. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    551
    Јас незнам да правам :$ Млада сум за во кујна :D
    Шала на страна. Стварно незнам да правам но мајка ми и баба ми ги прават фантастични :) Па може да ги прашам која е рецептата па да ја напишам тука ;) Поздрав :*
     
    На yeah му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.268
    Допаѓања:
    14.955
    Пол:
    Женски
     
    На Angel-Adriana му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.484
    Допаѓања:
    7.845
    Пол:
    Женски
    Ех, мекици на детството ме потсеќаат.
    Постојано, каде и да бев на гости, дали кај баба ми, кај другата баба или кај тетка ми мораше еднаш и мекици да има за појадок.
    Убав специјалитет, традиционален, многу вкусен (додуше некогаш ако претерам ќе ме утепа тоа мрсното :D ), ама сепак ги сакам.
    Најчесто ги јадам со кисело млеко, салама и кашкавал, некат и кечап знам да додадам, ама тогаш без кисело млеко ги јадам.
    А што е ова бре, мекици 35 денари. :^) Кај мене у сендвичарана 10 денари се.
     
  5. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    4.698
    Допаѓања:
    32.790
    Пол:
    Женски
    Само што јадев од Мекиците од стража. По грозна мекица во живот немам пробано. Мрсна, да масло течеше од неа. Целата препржена како кора, уфф НИКОГАШ повеќе нема да ми падне на памет да јадам д овде. Оние мекици на Стража не сум ги пробала па не сакам да коментирам за тие, ама овие овде што ги прават се кататсрофа. Уште и 35 денари од мекица, плус 35 денари коцкичка сирење и јогурт 50 денари скоро .. претеризам.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  6. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.542
    Допаѓања:
    4.887
    ОЗБИЛНО??? 35 денари за мекица? Па златна кокошка да не ги спрема чим им лупнале толкава цена?? :fubar:

    За мекици во Скопје препорачувам Буњаковец или Бит пазар. По 10/15 денари беа последните пати кога јадев и одлични беа. Во близина на факултетите нели ги има и тие надолго и нашироко фалени мекици со вегета кои уште не сум стигнала да ги пробам (ама март кога ќе дојде ;) )

    35 денари за мекица, Господе Боже. Па зар има и такви што купуваат?

    Иначе, мекици како мекици најубави се оние на баба. Со сирење или со џем или со шеќер или само така. Па мрсничко и слаткичко, па тешко после на мевето ете тоа е рецептот за уживање. :D
     
  7. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.617
    мекици со сиренце
     
  8. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.201
    Допаѓања:
    41.158
    Јас најдов некои рецепти на нет

    Состојки:
    1 кафена лажичка шеќер
    1 кафена лажичка сол
    1 шолја за кафе масло
    1 квасец
    1 кг брашно
    Подготовка:

    Квасецот се раствора во една чаша млака вода. Потоа во длабок сад се меси тестото додавајќи 900 грама брашно и водата од чашата со квасецот (доколку оваа вода е малку, додаваме само топла вода). Откако тестото добро ќе се измеси, се остава да отстои на топло за да нарасне. Откако тестото ќе нарасне, во тава на оган се загрева поголемо количество масло. Потоа од тестото се кинат парчиња и со раце се обликуваат кори во форма на тавата и една по една се пржат. Откако ќе се испржат, ставете ги во една чинија со салфета за да се собере вишокот од масло.

    ‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘‘

    друг рецепт

    800гр брашно
    1 јајце
    300гр кисело млеко
    1 лажица сода бикарбона

    се ова се става во подлабок сад, се додава малку зејтин, и се меси тесто.Тестото се дели на топчиња,секое топче се сука во правоаголна кора и се сече на парчиња
    се пржат во врел зејтин



    [​IMG]
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.045
    Допаѓања:
    980
    Уф од кога немам јадено :) Незнам зошто ја отворив темата сега лиги ке ми течат :lol:
    Ги сакам мама кога ги прави и сакам кога се помалку мрсни.
    Но пак неможам многу да изедам,една-две од средните :wasntme:
     
  10. Ani.cka

    Ani.cka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2012
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    26
    Абе какви 35ден за мекица, од оние сто се 10/15ден на битпазар што беше трафиката, или во трговски кај стоилко има една трафика зелена мекици има преубави внатре меки а надвор крцкави, слично кко домашните на мама и баба ама искрено им нема замена.
    Иначе тајната е во што помеко замесено тесто, ептен меко па може и дури да ти се лепи на рака, одкако ке стаса на добро измрсена рака прави ги и пржи ги и душа се. ;)
     
  11. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.064
    Баш денеска мајка ми имаше направено мекици за доручек ... :)
    Ги обожавам,стварно ги погаѓа чста 10ка :up:
    А за мекиците од стража не сакам ни да коменитрам,полни со зејтин душа да му се погрози на човек(греота што зборам вака за леб)ама стврно не вредат за тие пари,народов се лаже само по името "мекиците од стража" Голема работа пффф :emo:
     
  12. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.201
    Допаѓања:
    41.158
    Јас најдов некои рецепти на нет

    Состојки:
    1 кафена лажичка шеќер
    1 кафена лажичка сол
    1 шолја за кафе масло
    1 квасец
    1 кг брашно


    Леле јас го направив овој рецепт, брат ми се смее вика, ова се Тврдици, не Мекици :rofl: :rofl: добри се, ама многу бе тврди, и на форма поразлични од Меките мекици :lol:

    Ај дајте некој рецепт 8)
     
  13. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    13.598
    Допаѓања:
    232.539
    Мекици се мисли на пишии? :^) :tmi:

    Прееска ја видов темава и ми дојде иштав, станав замесив.

    Квасецот го разматив во млака вода и му додадов четврт лажиче шеќер. Потоа го додадов во околу пола кг. брашно и на смесата и додадов матено јајце.
    Во една чаша ставив до пола кисело млеко и дополнив со млака вода. Смесата ја дотурив на тестото и замесив уште еднаш убаво и посолив многу малку со сол.
    Ако ви е тестото многу лигаво или лизгаво, дотурете му малку брашно, колку поубаво да се замесува.
    Околу саат време си отстоја и пржев.

    Пржев по една пишија во тавче и користев прилично мала количина на масло.
    Пред крајот на пишиите им ставав озгоре по малку рендано кашкавалче а шунката ја ставав во тавата покрај пишијата за малку да се припржи, т.с притопли, и потоа ја ставив врз пишијата.

    Прилично брзи за правење, без многу мрснотии и меки.
    Мене ми се допаднаа.
     

    Прикачени фајлови:

    • 441341.jpg
      441341.jpg
      Големина на фајлот:
      131,6 KB
      Прегледи:
      514
    На baby-star, bittersweet, ludoto19 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    972
    Допаѓања:
    750
    Пол:
    Женски
    јас го знам овој рецепт. стварно се меки и остануваат меки:
    1 кг брашно
    3 јајца
    и млеко за да се добие течна смеса
    2 квасеци и брашното се става и сол и шеќер и масло
    се прави смеса која треба да е мека за да се лепи на рацете.
    се остава да кисни за да се дуплира. се меша и пак се кисни.
    кога се кини од тестото рацете треба да се со вода оти се лепи и се пржат...
    многу се вкусни!
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.655
    Допаѓања:
    19.677
    Пол:
    Женски
    бас се вкусни со мед :) :) ммм ги обожавам..а инаЧе и да пробам да направам знам ;)
     
  16. April87

    April87 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    438
    Пол:
    Женски
    Темава ми направи иштав, па направив и ептен се погодија.
    Ај сега рецептот:
    1кг брашно;
    1 квасец;
    1 лажица сол;
    1 лажица шеќер;
    400мл млеко (млако);
    200мл јогурт;
    2 јајца;
    1 пак. прашок за пециво;
    2 лажици ракија (за да не прима масло).

    Квасецот се прави со малку млеко, шеќер и брашно (на страна), и се замесува тестото со сите намирници, средно меко, па по потреба се додава млеко или брашно. Се остава околу половина час да отстои, па се прават мекиците и се пржат во врело масло. :)
     
    На unike, Antebellum и ludoto19 им се допаѓа ова.
  17. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    424
    Мекици јадев минатата недела, домашно приготвени од мама, како сунѓер беа. Не знам јас да правам, ама знам да јадам :D Вкусни, со сиренце и јогурт! А за тие мекиците од стража имам јадено, големки се и крцкави, цената не се сеќавам колку беше. Сега за овие кај нас уште немам пробано, а и солена ценава.
    Инаку мислам дека мекиците најдобро ќе ги направиш ако ги вежбаш често, да им ја научиш рутината, тогаш се погодуваат.
     
  18. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.064
    Јас мислам дека мекици и пишии се различни
    Мекиците се формираат со рака намрсена со зејтин....А пишиите се сукаат на брашно па се пржат
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  19. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    4.632
    Допаѓања:
    5.348
    мекици,тиганици, пишии - се прават од тестото за леб само што се пржат :)
     
  20. Flower27

    Flower27 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    1.506
    Допаѓања:
    4.125
    Пол:
    Женски
    Обожувам мекици