Ги обожам значи многу често знае баба ми да ми подготви најчесто ги јадам со сирење , но и се шеќер ...Посебно мајка ми кога ќе ги подготви најсреќна сум
Обожавам мекици! Сакам да ги јадам со сирење,со кашкавал и со јогурт! А може и благи со мармалад и чај или со какао или топло чоколадо!
Mммм мекици со сирење некое домашно слатко често се случува од домашниот леб кога го спремам да си запарзам мекица
Сакам мекици, иако малку ми се мрснички. Многу се убави мекиците од стража. Инаку ги јадам со сирење или шеќер.
Обожавам мекици... Дома сите ги сакаме, па затоа често ги правам. Рецепт немам, ги правам како што ги правеше мајка ми, а нејзините мекици беа прогласени за најубави од сите што ги пробале. 1 кг брашно 1 лажичка сол 1 свеж квасец 1 лажичка шеќер Квасецот се стасува со шеќерот, малку брашно и малку вода. Брашното се става во подлабок сад, се додава стасаниот квасец и вода (топла, но не врела). Вода се додава онолку колку е потребно за тестото да биде меко, никако тврдо (Отприлика 500-600мл). Количината на вода ја одредувам сама зависно од тоа колку пие брашното. Замесеното тесто се остава да стаса т.е. да го зголеми својот волумен два пати од почетниот. Потоа мекиците се пржат во топол зејтин. Тајната за немасни мекици е во тоа што рацете ги квасам со вода, а не со зејтин, откинувам парченце тесто, го обликувам и го пржам во топлиот зејтин. Мекиците се послужуваат со јогурт,сирење, кашкавал или благи со мармалад, еурокрем... На здравје