Дали некој знае како да ги направам моите нокти поцврсти, секогаш ми се кршат и само 1 милиметар да ми порасни ноктот одма ќе ми се скрши. Вчера ги исеков, неможам овие мои нокти многу се напорни!
Порачај си од Авон лак за зацвртсување на ноктите, ќе ти помогне за зацврстување јас го имам и не ми се кршат
Мене Avon, Oriflame, Aura не ми помогнаа.. Јас мешам паста за заби и лимон и така ги држам ноктите пола саат и приметувам дека ми се поцврсти и не ми се делат, и со млеко на памуче ги премачкувам ама на чисти нокти, мислам без лак.. пробај може ќе ти бидат подобри.. И кажи ми ако има резултати
Пробајте и мајонез,маслиново масло и лимон,со тоа намачкајте ги,ги храни ноктите. Исто и само маслиново масло после тоа,без мајонез и лимон,не ги мијте.Нека стојат така малку намачкани ,да упие.
Држи ги во лимон и секогаш нека ти бидат налакирани, не мора со зацврстувач туку со обичен лак Јас си купив една крема на aura која пишува дека ги штити ноктите од исушување,лиcтење..и зацврстување но мене многу не ми помогна во врска со зацврстувањето
Јас би ти препорачала да ги чуваш извесно време без лак за нокти (користи си само зацврстувач), одмори ги малку и извезно време сечи ги само кратко... Мислам дека ова ќе ти помогне во зацврстувањето.
Мене ми се зацврстуваат кога не се налакирани ни со безбоен ,ништо.Убаво си ги итурпирам да направам форма и тие после неколку дена или можеби 10 дена (не ми замерувајте не сум броела колку дена па отприлика кажувам)се зацврстуваат.Мене од тоа ми помага.
pocesto turpijaj gi i mackag gi so gel so kalcium, jas go koristev gelot na flormar i mn, mi pomgna, go ima vo novoto vero....pozzz
Има еден лак од Оливиа безбоен многу ги зацврстува а обичен безбоен е (и многу бргу ми растат ноктиве од него)
И јас имам сличен проблем со години, а најмногу ми помага внесувањето на витамини особено калциум. Пијам шумечи таблети, витамини, цедевита и веднаш чувствувам разлика. Исто така практикувам барем еднаш неделно ноктите да ги мачкам со мед.
И јас го имам истиот проблем со ноктите на рацете. Таман малце ќе ми пораснат ми се лупат и ми паѓаат. Да се почешам некаде-оп ми се крши ноктот. Имам пробано лакови и креми, ама не ми помогна. Единствено што стварно помага е да ставаш мнооогу слоеви на безбоен лак, што дава како уште еден слој на ноктот и не се крши толку брзо. Сега си ставив надградба, за малку и јас да се порадувам на нокти
Јас ноктите после ставање гел ги оправив,со маслиново масло.Прочитав на интернет дека помагало за нокти,а така ми стоеше и викам ај ќе пробам и супер излезе за многу кратко време,ми пораснаа без да се лупат и кршат,а мачкав сабајле и навечер со памукче,чекав едно 15 минути и после вишокот со палома го поминував не ги миев.
И јас го користев зацврстувачот за нокти на Авон но не ми помогна. А сега си го нарачав зацврстувачот од Орифлејм па ке ви кажам за ефикасноста
Koлку време се мачкаше? ...Сакам и јас така да ги третирам но не можам да издржам ноктите да ми бидат без лак неколку дена ... така ставав Dikla, ама се откажав бидејќи сакав да ги лакирам