Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Меки нокти

Дискусија во 'Тело' започната од Kitty.Smiley, 17 септември 2011.

  1. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    602
    Еве на мене евелине лаковите колку ми помогнаа, имав изедени и меки нокти кои никако неможев да ги пуштам.
     

    Прикачени фајлови:

  2. I.want.to.sleep

    I.want.to.sleep Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    469
    Женски кој лак на Евелин е за побрз раст на ноктите? :)
     
  3. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
  4. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.481
    Допаѓања:
    13.561
    Пол:
    Женски
    Си го земав тој од Евелин 8во1, вчера се налакирав првпат и веќе има ефект. Имав некоја осетливост на домалиот прст на двете раце, ама помина за неколку саати.
    Ако стварно е вака добар, ич не ми е гајле што лоши состојки има... :D
     
  5. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    ЗА 8дена ноктите,ќе ти бидат цврсти ко дијамант! :) Има ефект од лаков,не е лош. :)
     
  6. jelena.rozga

    jelena.rozga Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2014
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    206
    И јас го имам истиот проблем со меки нокти. Ова лето пробував со лак. Ги лакирав два пати неделно и порасна колку пораснаа(не достигнуваат голема должина) и пак се скршија.
     
  7. BabyyBoo

    BabyyBoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Женски
    Вашите нокти

    Девојки јас имам еден проблем со ноктите, од пред 4-5 месеци постојано ги лакирав, немаше ни еден ден а јас да сум без лак и денеска забележав дека горниот слој од ноктите се извадил и целите ми беа уништени и ептен меки и лесно кршливи(инаку имам цврсти нокти) ги исеков ноктите до таму кај што беше паднат горниот слој, да не знае некој нешто што помага во ваки ситуации за да ги обновам ноктите бидејки навистина се за никаде
     
  8. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    44.180
    Пол:
    Женски
    Вашите нокти

    Eveline лакот дефинитивно,предобар е,исто и мене ми беа такви ноктите,но сега ми се зацврстија.Околу 150денари е,јас и порачав на една другарка ми го купи од ДМ маркет мислам.Ако не,пробај со масло да ги премачкуваш ноктите,исто и тоа помага.
     
    На BabyyBoo му/ѝ се допаѓа ова.
  9. matejaaa

    matejaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2014
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    134
    Дали некоја од вас го има ова користено и дали дава резултати за 10 дена.
    Ги заштитува ноктите од пукање, кршење и листање
     

    Прикачени фајлови:

    • download.jpg
      download.jpg
      Големина на фајлот:
      6,4 KB
      Прегледи:
      66
  10. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    44.180
    Пол:
    Женски
    Јас го имам користено и задоволна сум,нормално ефект веднаш со 2слоја не се забележува,но помага,јас би го препорачала.
     
  11. bumbi

    bumbi Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    494
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Евелин СОС топло го препорачувам. Моите беа меки, кршливи и се лупеа особено показалецот и средниот прст на десната рака. Не го користев баш според упатството, ама гледав секој ден да ставам. За 10тина дена веќе беа поцврсти, а потоа и листањето го снема. И сега уште си го користам, го ставам како подлога.
     
    На Anabelle.Amorette му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.481
    Допаѓања:
    13.561
    Пол:
    Женски
    Го купив Евелин лакот на 9ти август, и еве ме после 2 месеца со комплетен преглед на резултатите. :D
    Го ставав според упатството првата недела, секој ден по еден слој. Резултати видов уште при првото лакирање, ама сум користела зацврстувачи и порано, и тоа го очекував. На четвртиот ден упатството вика да се избришат слоевите и пак да се почне од почеток и тука се виде ефектот. Го избришав лакот со ацетон и ноктите ми беа исто цврсти како и со лакот. Терав така до 8миот ден, како што требаше. Од тогаш навака го користам како основа под лаковите, или како безбоен лак кога не сум расположена за некоја боја.
    Некои викаа да се заштити кожата околу ноктите за да не се оштети од лакот, ама јас многу за тоа не се секирав. Во првите две недели приметив дека повеќе се суши, ама редовно си ги мачкав рацете со крема и со тек на време кожата околу ноктите ми се врати во нормала. Не ставав од кремата пред да се лакирам со лакот како превентива, туку откако ќе се исуши си ги мачкав целите раце. Првите два дена на неколку нокти осеќав и малку трнење одма после лакирњето, ама и тоа го снема после 3тиот ден.
    Моите нокти се природно доста светли, убава бела нијанса имам, ама имав приметено дека кога ќе извадев некој лак по носење неколку дена, ноктите ми беа потемнети, како да биле загушени од лакот. Сега кога го ставам Евелин како подлога, тоа го нема. Дури мислам дека ми се и нијанса побели од претходно, ама може само затоа што се подолги од било кога па само така ми изгледа мене. :lol:
    Ми требаше подолго време да ги израснам до сегашната должина зошто сепак имав некои оштетувања од ставањето вештачки нокти. Ќе пораснеа малку и се кршеа. Меѓутоа, бидејки ги гледав ефектите си продолжив со користење. Ноктите не ми се лупат во слоеви и не ми се виткаат воопшто. Дури и кога ќе ги сечам со ноктарица се слуша баш убаво крцкање, а не како порано како да сечев кашкавал ми беа, толку беа меки.
    Еве ми ги ноктите сега, без ништо на нив.


    И за споредба, ова се моите нокти претходно. Се гледа дека немаат никаква должина, милиметар до два најмногу. Повеќе од тоа не можев да ги пораснам, барем не сите наеднаш. Ми се кршеа и морав редовно да ги кратам. (сликата е симната од мој стар пост во темата Моите нокти)


    Се на се, сум презадоволна од лакот, топло го препорачувам на секого. Ми требаше два месеца да стасам до ова, зошто и бавно ми растат ноктите (на брзината на растење лакот не делуваше). Дефинитивно се надевам дека ќе ги пораснам и подолги, ама и ова е огромен успех. Се надевам со ова ќе помогнам на уште некоја со мојата мака. :)
     

    Прикачени фајлови:

    • stari nokti.jpg
      stari nokti.jpg
      Големина на фајлот:
      49 KB
      Прегледи:
      136
    • nokti.jpg
      nokti.jpg
      Големина на фајлот:
      48 KB
      Прегледи:
      136
    На Umbrella22 и Anabelle.Amorette им се допаѓа ова.
  13. Dazey

    Dazey Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2011
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    123
    Дали го има во секоја козметика и колку пари е? и ако сакаш да ставиш слика од оној што ти го користиш може?
     
  14. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.481
    Допаѓања:
    13.561
    Пол:
    Женски
    Јас го земав во ДМ Маркет, 130 денари беше. Евелин 8 во 1.
     
    На Dazey му/ѝ се допаѓа ова.
  15. mirandaa

    mirandaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 септември 2013
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    24.750
    Пол:
    Женски
    Незнам како до сега не свативте повеќето колку се штетни тие лакови на Евелин и слични на нив.Ја имаат најштетната и канцерогена материја во нив .Затоа и добивате брзи ефекти со растот и цврстината на ноктите ,но контраефекти во врска со здравјето и нив самите подоцна.
    Како прво повеќето денес во врска со козметиката гледаат само да добијат успешен ефект од истата ,а уствари ни сами не се свесни колку тоа им штети. Мн ограничено !!
    Читајте во упатството кои состојки производите ги содржат и внимавајте.
    Ако сакате вистински и на здрав начин да ги зацврстите и одржувате ноктите убави има мн др начини.
    Внесување што повеќе на витамин Б,Д и Е. Мачкање на ноктите повремено со лимунов сок или со маслиново масло... Здрав начин на исхрана исто така се одразува мн на надворешниот изглед (на кожата,косата,ноктите и сл.).
    А и пократките нокти (не мн долги,и не мн кратки ко грицкани) со некоја средна должина се 100 пати по здрави и по убаво и по пристојно изгледаат.
    Нетреба секогаш да се гледа на квантитетот туку првенствено на квалитетот ;) :) :*
     
    На jelly888, Dazey, AnimalLover и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. matejaaa

    matejaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2014
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    134
    Тие што го имаат користено лакот од eveline за побрз раст на ноктите имавте ли ефекти или исто растат ноктите, бидејќи имав доста големи нокти но два ми се скршија и морав да ги исечам сите па сакам сега да го купам лакот.
     
  17. acvamarin

    acvamarin Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    25
    Евелин во пп или во кав каде мозе да купам?
     
  18. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.013
    Допаѓања:
    81.349
    Пол:
    Женски
    Не е само до Евелин, клучната состојка која ја има во сите лакови е токму формалдехидот и супстанциите со сличен сомнителен карактер. Немој да се лажете дека во поскапите лакови како Опи или Чајна глејз или не знам кои други ја нема. Ја има, можеби во помала количина, но сепак ја има. Нема да ти го наведат целосниот точен состав на етикетата и ба-бау, лапај си лак „без штетни хемикалии“ - кхм, како па да не.
    И тоа не можеме да го избегнеме, освен нели, ако тотално не ги исфрлиме од употреба лаковите за нокти.
    Eве прочитајте нешто повеќе, на линков има преубави информации од стручно лице кое ќе ви го потврди истото.
    http://www.zaega.com/nail-polish-101-the-truth-about-natural-nontoxic-nail-polishes.html
     
    На naturally му/ѝ се допаѓа ова.
  19. mirandaa

    mirandaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 септември 2013
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    24.750
    Пол:
    Женски
    Да секако дека секој лак а и ацетоните исто така имаат многу штетни состојки.Тоа е факт.НО сепак за овие лакови што ги штитат као и зацврстуваат ноктите и им го забрзуваат растот имаат најштетни состојки и затоа и многу луѓе се жалат дека додека ги нанесуваат чуствуваat болка на ноктот и околу него.
    А за ОПИ лаковите,пример јас ги користам исклучиво само нив,не затоа што немаат штетни состојки,имаат како и друите да,ниту помалку ниту повеќе, туку затоа што кога ќе го нанесам не ми се лупи за два три дена туку ми трае дури и по две недели.А и сјајот што го имаат ретко со кој друг лак може да се спореди. А другите лакови,повеќето за многу кратко време се лупат и мораш нонстоп да се лакираш со истиот. :) Но секогаш и сегде има исклучоци а и поделени мислења.
     
  20. Dazey

    Dazey Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2011
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    123
    Искрено и јас барав да го купам евелин лакот ама после твојов пост велам среќа што не го најдов во мојот град.
    Колку пари чинат ОПИ лаковите и каде може да се најдат?