1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Меки нокти

Дискусија во 'Тело' започната од Kitty.Smiley, 17 септември 2011.

  1. mirandaa

    mirandaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 септември 2013
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    24.750
    Пол:
    Женски
    Во ДМ ги купувам јас,во секој ДМ ги има.Но и во Космо ги забележав.
    Цената им се движи околу 650 ден. Зависи и некој мал попуст ако има.Но за мене,ми вредат за цената дефинитивно.Кога ќе се налакирам знам две недели мирна сум.А и многу убав сјај имаат и не мирисаат јако како некој лакови. :)
     
    На jelly888 и Dazey им се допаѓа ова.
  2. girlx3

    girlx3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    142
    Пред една година користев лак на AURA за побрз раст на ноктите,освен што ненормално брзо почнаа да ми растат и благодарение на тој лак јас имам долги нокти,ми ги зацврсти ноктите премногу..јас едно шишенце до крај потрошив од тогаш немам купено пак,а немам ни потреба ноктите ми се сега супер :)
    Јас се лакирав еднаш до двапати во неделата зависи..а и имаше неутрална боја,и можеш ако не ти се допаѓа бојата врз него да се лакираш со друг лак..мене ептен ми помогна пробајте :)
    Јас случајно го најдов во оние списанијата на зегин..ливчето уште ми е некаде низ новчаник,неможам да го најдам сега за да ја видам цената ама 150ден беше,може 10/20 денари повеќе,помалце...
     
  3. Mrs.Carter

    Mrs.Carter Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2014
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    111
    Пол:
    Женски
    На Евелин лаковите се чудо !
    Сум пробала 8 во 1 , maximum nails growth & diamond hard and shiny nails..
    се наоѓа во ДМ продавници и има резултати и за 2 недели..
    При првото лакирање имаш некоја тапа болка во ноктите но тоа е затоа што делува.
    ЈАС СУМ ПРЕЗАДОВОЛНА.
     
  4. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.081
    Пол:
    Женски
    Има еден прекрасен природен лек за кршливи нокти кој е страшно ефикасен ама бара подготовка. Станува збор за масло од лимон кое всушност е маслиново масло со кори од лимон кои пуштаат етерично масло.
    Земи околу 5-6 лимони и отстрани ја кората и остави да се суши неколку дена. Откако ќе се исуши стави ја кората во чиста стерилизирана тегла и наполни ја со маслиново масло. Треба сите кори да бидат покриени. Затвори ја теглата и покриј ја цела тегла со алуминиумска фолија и стави ја на суво и темно место да стои од 30 до 40 дена. Треба секој ден во текот на тие 40 дена да ја протресуваш убаво. По истекот на времето филтрирај го маслото (убаво истискај ги корите за да добиеш што повеќе естракт од лимон) и користи го маслото не само за нокти туку и како антицелулитно масло. Сакам да напоменам дека пожелно е да се користат непрскани лимони затоа што џабе е да се прави со прскани со оглед на тоа што ќе си ги намачкаме на себе сите хемикалии. Друг вид на подготовка на ова масло кое е експрес е со помош на етерично масло од лимон (наместо кори). Во тој случај маслото е веднаш готово и немора да го протресуваш секој ден. Маслото се масира на ноктите пред спиење. Или пак доколку немаш етеично масло тогаш може да корисстиш и сок од лимон ама ќе треба да го припремаш пред секоја употреба. Две лажици маслиново масло со една лажица сок од лимон. Во овој случај држи ги ноктите потопени во течноста околу 10 мин. Не само што ќе ти ги зацврсне ноктите туку ќе ти ги избели (доколку имаш дамки од лакот или пак жолти флеки). Постојат и многубројни масла во продажба, ама сепак природно си е природно. Поздрав
     
    На душленце, rainbowec, Giovanna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Модо

    Модо Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2015
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    90
    Пол:
    Женски
    Јас го имам од Евелин, тој што е за побрзо растење, језда сите исто ми изгледаат и иста функција ко да имаат, само овој требаше да се става 5 пати па да се брише, друг 3 пати и така. Најубави нокти у живот, еве 6 месеци ми се средени, само со турпија ги рамнам, мислев никогаш нема вакви нокти да имам. И не го купувам пак!
    И јас прочитав тука за тоа колку е штетен и бев као нема врска, ноктите и така се мртви клетки што може да се случи. И еднаш случајно ја потфатив усната со недосушен нокт. Луѓе ИЗГОРЕНИЦА. Се запрепастив лакот ко киселина да има во него. Друг пат се потпирам на раката дур уште се суши очите почнаа да ми солзат. И тогаш ме фати страв и сега барам друга алтернатива.
    Ќе го пробам тој од Аура, не изгледаат толку убаво ноктите со него, но ги зацвртува исто ко евелин,
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  6. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Zenski imam zacvrstuvac za nokti od Manhaten, no zabelezav deka pocna da mi gi lupi noktite :( sto da pravam? Vi se slucilo isto vaka so zacvrstuvacite ? Izvinete za latinicata od telefon sum
     
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.903
    Допаѓања:
    81.171
    Пол:
    Женски
    @pupi.girl, мене сите зацврстувачи ми ги лупат ноктите. Сите освен Евелин.
    Купив еден на Римел - nail nurse, така некако, го имав користено порано и ми беше ок, ама пак ми се излупија сите нокти.
    Планирам да пробам некој од Аура, ако случајно се погоди ќе ти пишам.
     
    На pupi.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Фала Мишела, јас таман си реков добар дека е испадна лош, ама ајде барем успеав да си ги пораснам ноктите. Те поздравувам со сликата images.jpg
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  9. mishela06

    mishela06 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Девојки дали при лакирање со евелин лаковите за зацврстување при апликација на лакот ве болат ноктите, чувство како пржење на плочката на ноктот?
     
  10. LeaBay

    LeaBay Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    ^ Да и мене ми се случува истото. Во аптеката од каде што го купив ми рекоа дека е поради тоа што ноктите ми се многу тенки и уништени.
     
  11. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.498
    Допаѓања:
    105.983
    Пол:
    Женски
    Да и мене ме болеше и тоа долго време и кога прочитав дека содржи формалдехид го фрлив одма во канта лакот
     
  12. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    Да и мене посебно откако го извадив гелот,сама дома го вадев ноктите мислам дека ми беа тенки како лист и кога ставив од Евелин ненормално ме болеше,до тогаш не знаев дека нокти може толку да болат.Сега веќе ми се пораснати сношти пак ставив од него и повторно истата болка,а нешто дека мн ми се зацврстени не забележав.
     
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.469
    Допаѓања:
    201.247
    Пол:
    Женски
    Боли, ама дури и рани може да ти направи... јас не знам како пуштаат во продажба таков производ. Многу го фалат, ама отровен е бре. Веројатно битното е да се назначи кои состојки ги содржи, па кој сака нека купува.
    Маслиново масло и лимон исто ќе ги зацврстат. Секоја вечер масирајте ги ноктите и кутикулите со маслиново масло. Некогаш држете ги во половинка од пресечен лимон. Ќе видите резултати. Маслото ќе ги зацврсти и зајакне, а лимонот ги чисти и избелува.
     
    На OmniaVanitas, mishela06, koritsaki и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. L.i.n.a.a

    L.i.n.a.a Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    3.062
    Пол:
    Женски
    Го купив пред неколку дена Eveline 8/1, тој ми го кажуваа како нај ефикасен.
    Тие што сте го користеле, колку дена стававте слој врз слој? На лакот пишува два дена, па да се избрише и пак од почеток. Некои ми кажуваа по 3-4 дена ставале, па бришеле :?: .
    Е сега незнам како е подобро, што мислите вие? :)
     
  15. peperutce 123

    peperutce 123 Нов член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2016
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Вчера од лакот Eveline наместо 1 слој јас ставив 3-4 едно по друго. Вечерта многу ме болеа но не го избришав дури денеска попладне го извадив ради што имав болка. И сега уште ме болат не можам да се почешам и црвени ми се. Незнам дали е за паника ова :(
     
  16. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.067
    Допаѓања:
    1.060
    [​IMG]

    Мене ми помогна многу Seventeen базата со калциум и витамин Б.
     
  17. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.834
    Го зедов денес лакчето на Евелин.
    Е сега, тука на форумов читав дека го стават 4 дена, секој ден нов слој, потоа се брише, па пак истиот процес.
    А на декларацијата денес читам дека се става првиот ден еден слој, вториот ден повторно слој, па третиот ден се брише и пак од почеток.
    Како ти правеше?
    Пакувањето ми е исто како на сликата, да не е ова некоја нова верзија на лакчето?
    Фала :)
     
  18. Aljona Ivanovna

    Aljona Ivanovna Активен член

    Се зачлени на:
    1 март 2017
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    89
    Пол:
    Женски
    Јас од почеток бев по одговорна со ставањето. Првиот ден ставав еден слој, вториот ден не го бришев претходниот и ставав нов, третиот ден друг слој и четвртиот ги бришев претходните 3 и одново почнував. Моите нокти пред да почнам со "терапијата" беа катастрофа, тенки и кршливи.
    По отприлика 2 месеца не бев толку сериозна со ставањето ама пак имаше резултат. Натаму веќе ставав само еден слој и одозгора се лакирав со лак по желба.
    Само не ставај во ист ден два слоја оти еднаш умрев од болка. Ноктите ме печеа станав од кафе да си купам ацетон и памук да бришам , не можев да издржам
     
    На Antebellum и Sky-butterfly им се допаѓа ова.
  19. m.i.g

    m.i.g Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    5.781
    Пол:
    Женски
    После 2 надградби на ноктите,моите пораснаа ама се многу меки и ми е страв дека ќе се скршат. Има некаков лак за нокти за да ми се зацврстат оти не планирам пак да ставам надградба или гел на мои...
     
  20. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.903
    Допаѓања:
    81.171
    Пол:
    Женски
    Можеш да пробаш да нанесуваш од лаковите на Eveline. Мислам дека оној 8во1 третман ќе ти одговара и ке ги зацврсти.
    Ако не се премногу истенчени од надградбите, не би требало да имаш проблеми и да те пецкаат ноктите и кожата одоколу.
    Можеш да ги негуваш и сама со помош на масла и зголемен внес на Б-витамини.
    Негата и закрепнувањето со природните препарати домашни третмани оди побавно, нормално. Од Евелин резултати имав да не речам веднаш. :)
     
    На m.i.g му/ѝ се допаѓа ова.