Мене лакот на Евелин 8во1 ми ги прероди ноктите. Ми ги зацврсти, не ми се лупат веќе, а и е одличен како основа, пред да ставам било каков лак во боја. Одличен е, го препорачувам.
И јас барам нешто за зацврстување но како што читам евелин е штетен па ако може нешто друго да ми предложите од кое навистина ке има ефект..И уште нешто во последно време ноктите толку многу ми пожолтеа не можам да ги гледам од што може да е..?
@blessed.an скоро во сите зацврстувачи има формалдехид.. мислам дека тие што немаат , не би имале ефект. Јас го користам веќе 1 недела и навистина има ефект , ноктите растат ко "луди" За некоја недела ќе ги сликнам
@koritsaki а пред да нанесеш од него дали ставаш околу ноктот крем бидејки така пишува во упатството..Јас денес го земав па од утре ке почнам да го користам
Јас не ставам секогаш - кога како. Кога имам повеќе време, обично после турпирање ги мачкам прстите со кокосово масло, па откако ќе се впие ги средувам кутикулите, нанесувам крема за раце и ставам од лакот. Пробај како највеќе ти одговара тебе. Се надевам не смета што ти одговорив место Коритсаки.
@Mishela не таман работа , секако не смета јас па не ставам ништо околу ноктите го нанесувам лакот така и тоа е тоа , не осеќам никаква болка. Ноктите ми имаат пораснато задоволително , навистина сум задоволна од производот баш пиши како ќе си ти задоволна @blessed.an
До утре една недела како го користам Евелин 8во1 и никакви резлутати а толку се надевав..Ноктите ми се кршат исто како порано ниту пак ми се зацврстени..Ајде си велам може треба подолго време па да даде резлутат
Пишала дека го користи цела недела, ама морам да се согласам со тебе и да додадам дека резултатите многу зависат од квалитетот на ноктот. Ефектот од лакот доаѓа кај секоја различно и не може во никој случај да се утврди некој точен период во кој би требало да се добијат резултати. Моите нокти се многу меки и склони кон листање. Не се кршат и брзо ми растат природно без лак, ама меки се. Со лакот сè на сè ми требаа околу 2 недели да добијам некоја должина како моменталната, а за да добијат на цврстина ми беше потребно малку повеќе од тоа, околу 1 месец. Зависи и кој лак се користи - јас почнав со Maximum nail growth, па продолжив со Diamond gloss (мислам дека беше така) и сега си го користам 8во1 третманот за одржување на квалитетот на ноктот.
@wannaBeMomma поминаа скоро и два месеца и пак не се случи тоа што требаше..Но како што рече @Mishela секој нокт е различен па ке си барам нешто друго за таа намена
8во1 третманот не ти даде никакви резултати? Можеш следен пат да го пробаш Diamond gloss, мислам дека и тој помага околу цврстината на ноктите.
Da bas taka Jas sega go zemav diamond da gi oporavam od gelot, od koj si najzadovolna? Probaj so ovoj diamond, od evelin isto. Jas pred da se porodam pocnav da go koristam 8vo1 i toa ne po upastvo tuku sloj toa pa lak i za mesec dena mi stanaa cvrsti, ne se krsea, porasnaa mn. Toa traese necela godina i pocnaa da se krsat, lupat i slicno pa staviv gel. E sega go testiram diamond pa kje vidime
Да ти кажам, немам некој најомилен и некој кој би можела да го издвојам. Ако морам да бирам, тогаш дефинитивно би бил третманот 8во1. Инаку често ги менувам, по потреба од тоа што ми треба во моментот. Кога ноктите ми беа кратки, го форсирав Maximum Nail Growth, потоа преминав на Diamond и мислам дека благодарение на него ноктите ми станаа поцврсти. Само што потрошив шишенце од 8во1, па денес повторно си купив Diamond hard and shiny. Никогаш не сум нанесувала по шема - освен неколку пати додека уште ги растев ноктите и потоа баталив. Се лакирам еднаш неделно и си го користам како база за гел-лакот кој не се пече на Голден Роуз. Битно е да се внимава да не се допираат кутикулите со лакот, оти знае да пече и да делува незгодно. Со болка во ноктите досега не сум имала проблем, ми одговара лакот. Ова ти го кажувам во случај да се соочиш со нешто такво, да не те чуди од што е. Знае да се појави понекогаш кај оштетени нокти од гел или надградба. Во тој случај отстрани го и пробај некое време да ги средиш ноктите со природни масла, па пак пробај со лакот. Ќе биде во ред така.
@Mishela да да никакви резлутати а баш очекував бидејки на темава само позитивни коментари читав..Ке пробам и со тој
А да пробаш некој период да направиш пауза и да ги третираш ноктите со масла? Неколку недели така, па пак пробај со лакот. Мене ми помогна арганово и кокосово масло. Мачкав убаво на секој прст и чекав малку од малку да се впие па бришев само со памукче ако има вишок. Убаво ги негува и кутикулите.