Има убави пенкала за нега на нокти во ДМ на Есенс, јас сум презадоволна. Ноктите ми се супер. Ги има во различни бои, зелено си земам. Составот им е чисти масла, без други додатоци. Од срце ги препорачувам за оние кои имаат проблеми со лаковите на Евелин, конкретно тие за зацврстување и растење на ноктите. Знам дека има повеќе, јас првпат купив пред повеќе од три години и ужасен ми беше тој лак. Содржи формалдехид и ми ги уништи ноктите, одвај ги оправив.
Еве, ова го користам. Ама згрешив во претходниот пост, напишав на Есенс. Тоа да ти било на She Stylezone стално ги мешам со Есенс, не знам зошто. А секој ден ги шлакам ноктиве, ич не знам како можев да направам таква грешка.
Го купив пенкалцето ама некако едвај скоро па неприметливо остава. Така е со сите или моево чкарт? Залепено си беше убаво..
Не знам, еве моиве убаво пуштаат масло, си тече. Мислам не ептен да тече, ама ноктите и заноктиците ми се баш мрсни кога ќе ги намачкам. И @Biodevojka исто се пожали кога го зеде, кога спомнав за пенкалцето на форумов првпат. Не знам што се случува, да не му треба време или да не треба да се загрее.
Да точно и моето не функционираше, па се вратив во ДМ и ми го заменија со друго кое функционираше како што опиша @Annath. Не тече премногу ама излегуваше убаво масло од него. Поздрав.
Да одма следниот ден отидов и за сеќа ја имав фискалната. Без неа не менуваат. Те разбирам драга и јас мразам да менувам, ама ако производот има фабричка грешка, секако дека ќе го сменам. Поздрав.
Евелин 8 во 1 комплетно ми ги спаси ноктите. Поцврсти и подолги ми се од било кога, ниту се кршат, ниту се делат а растат пребрзо. Прво го користев според упатство, прв ден прв слој, над него вториот ден уште 1 па потоа третиот ги бришев и ја повторував постапката. Сега го користам како подлога за било кој лак. Презадоволна сум и го препорачувам.
А ме предупредија дека се "чкљ" фирма ама морав да го пробам оти Анат е задоволна Ама ќе си почекам уште еден месец изгледа дур да изресне тоа шо било под гел
Јас немам искуство со други производи од оваа фирма. Сосема случајно го купив пенкалцето, ете, ми се погоди. Како што Евелин лакот што сите го фалат мене ми ги уништи ноктите.
И јас откако го зменив моливчето другото функционираше. Можно е некоја серија да имало таква, се случува ништо страшно. Инаку и јас тврдам дека многу ми се допадна. Го ставав навечер пред спиење на ноктите и многу ми помогна. Поздрав.