Веќе една недела ставам од Евелин 8 во 1. Ама од правење зимници и рацете често во вода ноктите ми се листаат повеќе. Што ми препорачувате, да продолжам да го нанесувам лакот па постепено да го сечам оштетениот дел или цели да ги исечам и да нанесувам на кратки нокти?
Исечи ги и почни од почеток да ги растеш. Така поткршени пред листање, џабе само ќе ставаш од лакот и ќе ги растеш така, ќе почнат да ти се кршат.
@Ciel користеше нешто за вакви нокти? Што не пробав за моите многу се листат и ми се кршат *Забелешка од модератор: дискусија префрлена од темата Вашите нокти.
Го има во аптеките на Зегин околу 160денари е. Исти проблем и јас имав многу ми беа кршливи ноктите но овој лак премногу ми помогна, а и многу брзо растат. Се мачкаат два слоја се остава лакот да седи 2до 3 дена, потоа се бриши па пак се нанесуваат два слоја. Јас го користам 7 месеци.
@Ciel затоа и те прашав истиот го користев два месеци никаков ефект, сега го користам од истата линија Diamond еден месец и уште немам никакви резултати
@Ciel да прво истиот што го имаш сликано бидејки имаше многу позитивни критики за него а сега Diamond но нема ефект
И мене многу ми помогна во опоравување на ноктите после гел, ама го користев според упатството, се користи 2 недели според упатство па се прави пауза, можеш само како основа по еден слој да го ставаш после тие 2 недели...
И кај мене немаше резултати. Можеби месец ако не и повеќе го користев, точно по упатство. Ноктите се уште ми се листаа особено после вториот ден кога ќе ги избришев двата слоја и ќе ставев еден нов слој. Се листаа заедно со лакот.
Лакот женски е сон. Јас го користам на тој принцип што ставам еден слој и после 2 дена пак од ново.И кај мене и кај други што го користат има резултат. Инаку за меки нокти се пие и пивски квасец, се јадат банани, лешници/бадеми.Зголемете го внесот на калциум, витамин А и Д. Јас едно време ги квасев во сок од лимон со малку мед па ставав крема за раце и ги масирав за да ја зголемам циркулацијата.
Мерц дражеите биле добри за зацврстување на ноктите, неодамна налетав на фб на една козметика (некоја нова претпоставувам) нудат некој серум ли е, течност ли е, за зацврстување на нокти, 700 денари + Карго (Иако се од Скопје). Да знам дека ќе има ефект, би го купила, ама веќе што се не се нуди на пазарот. Одамна купив една крема, не беше скапа Нокталин се вика, врска немаше.