Моите нокти беа многу меки, и порачав од авон зацврстувач за нокти, и ги лакирав нон стоп и го решив проблемот, сега се добри
Конечно и јас со долги нокти ама.. ми се кршат бре луѓе, што користите вие, што би било добро кој лак, гел за зацвртување
Со било кој лак да ги лакираш подолг период сами по себе ќе се зацврснат ама за да бидат здрави и правилни јади повеќе јаткасти овошја, житарки и јогурт.
Моите беа меки, како хартија се виткаја. Мене со долги нокти? Шанса немаше да ме видиш, се лупеја, се кршеја, премеки ми беа. Ама сега си имам долги и преубави нокти Благодарени на гелот од Орифјем. Безбоен е и го користм цело време. Кога се лакирам прво ставам слој од него, чекам да се засуши и се лакирам како што сум планирала. Ем ноктите ми се цврти, ем имаат сјај како гелни ем боите од другите лакови изгледаат поубаво и подолготрајни се
Два пати го користев ова, и задоволна сум. Можете да видите дека е од Oriflame. Но кога се користи ова нетреба да се лакираат ноктите.
Лакот ги зацврстува да, но треба да се внимава доста. Во ова мое 3-4 годишно лумпување со лакови и слични препарати сум искусила пријатни и непријатни случки, дури и во моментите кога ми биле најцврсти ноктите ми се случувало да пукаат, понекогаш тие пукаат и од тоа што не се доволно еластични. Е сеа, лек, внимавајте со тоа колку ги третирате со хемикалии, доколку сте задолжени за чистење по дома со јаки хемикалии заштитувајте ги со ракавици, ако сте задолжени за миење тањири исто така заштитете ги со ракавици, да непријатно е ама ако сакате убави нокти не се нафаќајте да ги измиете сите садови после слава Овие зацврстувачи се ОК, користете ги кога имате мака, но откако ќе ги нанесете барем малку време не ги лакирајте ноктите, барем два часа убаво нека влијае. Редовно под лакот кој ќе го нанесете ставете база, или барем безбоен, било што што нема пигмент и нема да ви ги обои ноктите и да ве натера после да ги третирате со ацетони. Користете исклучиво отстранувач без ацетон, на Далија е предобар, бидете внимателни и трпеливи додека бришете нокти, ако не се лупи лесно лакот не го гребете од површината на ноктот, повремено турпајте ги со оние 3 турпии, за чистење, полирање и светнување што се, вршат колку толку работа. Мачкајте ги редовно со масло или некоја крема, можете и сами да си направите масла, од маслиново, сусамово, какво имате по дома, во комбинација со некои други додатоци од кујна како мед, млеко, лимон, кафеав шеќер, какао, белка... И сеа гарант си мислите оваа е луда, ама верувајте после 20годишно грицкање на ноктите научив сва и свашта, само за да можам конечно и јас да имам нокти.
Моите нокти обично се цврсти, ама има периоди кога одвај ги одржувам сите на еднаква должина - пукаат почесто, се лупат, меки се, иако си внесувам витамини не верувам да е до тоа. Си купив калциум гел, како top coat e, со некаква pinky nude нијанса, па да видиме колку ќе помогне. Не можам веќе со кратки нокти, навистина.
Моите нокти ако не се лакирани веднаш стануваат кршливи. Ве молам помагајте !!! Дајте некаков лек(природен или не ). Веќе ми е доста!!!
јас ги чувам во жолчка и маслиново масло десет минути еднаш неделно ем побрзо ми растат ем ми се цврсти и здрави
Го користев овој лак од орифлејм и многу ми помогна во зацврстувањето на ноктите. Веќе немам од него .. сега планирам да нарачам некој друг исто така од орифлејм .. гледам задоволни сте од нивните производи за нокти
Јас ви го препорачувам овој производ. 150 ден е и многу ефикасен. Имате упатство како се користи. позз
епа вака имам многу кршливи нокти и постојано ми викаа дека немам доволно калциум,но јас знам дека јадам премногу млечни производи и имам калциум...Пред една недела купив еден лак и навистина ми бев чудни ноктите и многу сум среќна што конечно имам цврсти нокти и навистина не е скап лакот околу 130 денари еве го лакот. Го купив од дм
И јас го користам овој лак и уште после првото ставање (нели треба да се става 4 дена по ред, петтиот ден се брише и потоа пак се повторува постапката), откако го избришав лакот петтиот ден, пред да ставам нов слој забележав дека ноктите ми се поцврсти, а толку цврсти до сега никогаш не ми биле. Само еден ми пукна малку на средината и сега таму ми се лупи лакот, ама кога ќе му дојде време за скратување се надевам ќе се среди и тоа. Сакам да споделам искуство со начинот на употреба, мене ми се виде малку комплициран ама јас си го поедноставив . Во упатството пишува дека пред употреба кутикулите треба да се заштитат со крема, бидејќи лакот содржи формалдехид. Е сега ако ставам крема претходно макар и само на кутикулите, а од кремата може да отиде и на ноктот, од што е мрсна кремата лакот нема да фати убаво. И затоа јас обично ставам од лакот навечер отприлика саат време пред спиење (за да може да ми се исуши убаво) и баш пред легнување си ставам крема на рацете па убаво ги измасирам со кремата и кутикулите и до сега не сум забележала никакви промени на кутикулите и кожата околу ноктите.
Го има ли лаков во Космо? Јас моите меки и кршливи нокти ги средив со еден пазарски и преефтин лак - чини само 35 денари и со два слоја изгледа приближно онака како што си ги замислувам „гел“-ноктите. По нијанса е како млечен, т.е. некоја бледорозеникава боја и на ноктите изгледа како да нема ништо нанесено, а сепак си имаат убав сјај. Не знам дали потсвесно или не, ама доста ми пораснаа и се зацврстија откако го користам и мислам дека помина месец и нешто откако се префрлив на овој. Orride така некако пишува, го нема низ така да кажам модерните парфимерии, јас го купив од една локална каде продаваат Габрини козметика. Едит - најдов слика. Првиот од лево.
Јас го користам тој на евелин за дијамантски тврди нокти и имав мака на почеток пишував за тоа во темата лакови за нокти. Еве како го решив проблемот (една феминка ми спомна дека болката ми е баш од формалдехидот кој во допир со оштетена кутикула предизвикува болка)... избегнувам со нанесување на лакот близу до кутикулите и коренот на ноктот и не ставам повеќе од два слоја, или еден слој од зацврснувачот а врз него лак во боја и повеќе си немам мака ни болка а ноктите си раснат!!!
Јас имам многу кршливи нокти и веќе неколку недели почнав да користам зацврстувач за нокти од Manhattan, ќе видиме што и како ќе биде ама веќе чувствувам разлика, околу 200 денари е помалото шишенце ама квалитетот повисок од другите мислам. Јас го земав од Шатци, а веројатно го има и во други дрогерии и парфимерии.