Го користам константно зацврстувачот на Essence, го земам од ДМ 100 и некој денар е. Доаѓа во мало метално - сиво шишенце, 9 мл, е сега затоа што состојките не ги пишува на самото пакување, јас ги ѕирнав на официјалната страна на Есенс. Содржи: ETHYL ACETATE, BUTYL ACETATE, NITROCELLULOSE, PHTHALIC ANHYDRIDE/TRIMELLITIC ANHYDRIDE/GLYCOLS COPOLYMER,ISOPROPYL ALCOHOL, ACETYL TRIBUTYL CITRATE, ACRYLATES COPOLYMER, CAMPHOR, BENZOPHENONE-1, FORMALDEHYDE, GLYCINE SOJA (SOYBEAN) GERM EXTRACT, TRITICUM VULGARE (WHEAT) GERM OIL, TOCOPHERYL ACETATE. Е сега, јас имам претерано меки нокти и премногу чувствителни, ама и покрај формалдехидот - мене не ме болат, т.е не ми реагираат како што било случај со други зацврстувачи, да ми доаѓа од болка и неубаво чувство на раздразнетост - да ги извадам. Него сосем е во ред, функционира одлииииииично, а нема последици. Премногу е течен и прелесно се нанесува - што нормално придонесува и самиот лак да трае подолго, и предност му е што за 2 секунди се суши.
На самото пакување на Евелин(кој исто има ова чудово, формалдехуде) пишува пред да ставите од него, да ги намачката со било каква крема за нокти кутикулите. Ја ги мачкам целите нокти, со она кремчето на капачето на aцетонот на Далија, оставам да се засуши и после мачкам со евелин лаковиве, имам 3 од нив различни и сите три ги ставам Инаку да, без такво печат нотките, не само кутикулите, целите нокти пецкаат. Мачкајте се убаво со било каква крема, ако веќе немате посебна за нокти и кутикули, колку се спречува не знам, ама барем не се става на гол нокт. Ноктите никогаш не би миле поцврсти, не ми се лупат толку, и веќе 3 недели не ми се скршија, што е ол тајм рекорд. Штетно е тоа чудото, го прочитав тексот на википедија, како што разбрав тоа дури и во некои продукти за исхрaна го ставале, зашто го подолжувало рокот и свежината на храната Упм, што да кажам, не знаеме што јадеме и што ставаме на нас. Нико ни је сигуран. Мора да има некоја граница, 0.0нешто која е не толку штетна, али да веројатно треба да се бара алтернатива на чудава или да се престане да се ставаат.
Го користев зацврстувачот на Евелин,но многу ме болеа ноктите и престанав да го користам,па барајќи алтернативно решение го зедов минералниот комплекс од Аура и сум презадоволна.
И јас се жалев дека ме болат ноктите од Евелин, ама после 10-дневно користење, болката комплетно ја снема и ноктите никогаш не ми биле поцврсти. Јас ги правев со гел ноктите речиси година дена континуирано, на секои две недели, па затоа ми беа премногу тенки, меки и оштетени и затоа толку ме болеа од Евелин. Претпоставувам болката е присутна кога ноктите се премногу тенки и оштетени. После извесно време користење, ми зајакнаа и воопшто не чувствував никаква болка со Евелин, а веќе не го ни користам зошто немам потреба, ноктите ми се опоравија 100%. Нормално дека формалдехидот е штетен, но е во многу мала концентрација, па не може да се каже дека е опасен по здравјето. Јас лично немам сретнато зацврстувач за нокти без формалдехид - го има во сите досега што ги имам користено. И зацврстувачите не се наменети за константно користење, не е тоа лак за нокти. Кога ќе зацврснат ноктите, треба да се престане со користење. И да напоменам дека не видов никакво оштетување на кутикулите и кожата околу ноктите. Сега ќе го користам само кога ќе увидам дека имам потреба, ама јас сум презадоволна колку ми ги зацврсти ноктите.
Aура лаковите за зацвстување мене ми се катастрофа, немав никаков ефект од нив. Ни од оние од мисс-спорти, авон, орифламе... Само есенс не сум ги пробала и севентин. Од е што сум пробала, само ова на Евелин има ефект. Башка не го нанесувате како што треба, не треба по 2 слоја, туку 4 дена по 1 слој, после 4 ден се вадат со отсранувач на лак, и пак уште една или две тури по 4 дена истата постапка, за да има ефект. Со претходно мачкање со крема за нокти на сите нокти рамномерно на цел нокт и на кутикулите.
Пробајте со Калциум гел лак 50ден. Прекрсно ги зацврстува ноктите и одма се суши само еден слој мајка ми врви недела,времето зависи од тоа колку бргу ви растат ноктите. Лакот на ноктот се суши за неполна минута што е супер. Да ја надополнам baby-star од Aura има исто така и крема со повеќе витамини што е одлична за ноктите,ама е 87 ден,лилава ја има во Зегин.
^ Од зацврстувачот на евелин/по еден слој ставав , секако така и пишуваше на упатството , ама пак ме печеше многу и поради супстанцава престанав...може да го пробам на аура
^Jас го користев зацврстувачот на Аура подолго време, но џабе. Воопшто не ми помогна... Го користам моментално на Евелин и има подобрување ама и мене ми е страв од супстанцата. Не знам дали да продолжам или да престанам да го користам Евентуално да почнеме да се замараме со топла вода, сок од лимон и маслиново масло. Барем ќе знаеш дека не е штетно
Да , во право си, а инаку штом не помага тогаш да не го земам, општо немав проблем со ноктите ми беа цврсти само ги зезнав со гелот па со тек на време ќе се обноват И секако здравјето е на прво место
А да почнете да внесувате во организмот материи кои што ќе ви ги зацврсне не само ноктите туку и коските и ќе ви го подобри квалитетот на косата? Јас имам многу долги и цврсти нокти и никогаш не сум користела ништо од горенаведените работи. Не сакам да ме сфатите погрешно, не ве осудувам, ова уствари го кажувам со многу мил тон. Навистина.
Абе луѓе џабе е се, и внесување калциум, калиум и сите витамини, јас секој ден по 2 портокали и банани јадам, ама кога ќе си ги зафркнеш ноктите со надградби, стануваат неподносливо меки и само вакви чуда се чаре. Не сме ние само на смоки, чоколади и кока-кола, некогаш исхраната нема врска со ноктите. Инаку штом си правела како што треба се коритсаки, батали го, нема со сила да ставаме нешто што боли. Пробај со друг и готово, крај краева,сако обични креми ставај, Дикла, онаа на капачето на Далиа ацетонот е одлична, и со маслиново или лимон. Ти ставаше цело време надградба,затоа сега ќе се помачиш малку Јас 6 месеци по ред секој месец ставав, ми требаше уште толку да ги опраам. Језда со ова на евелин за месец дена се средија, и не ме болеа и ништо слично ама веќе не планирам да го користам, зашто ми се зацврстија, да не ги урочам не им треба безпотрено сега хемикалии, само лак и од кремот се супер. Тоа е и привремено решение, не е за константно ставање, сепак со причина.
јас пијам и витамин ц и б комплекс , ама сега ова со витамините нема врска, јас цело време ставав надградба а можев моите да си ги пораснам , ама среќа памет ми дојде сега ќе ја прелистам пак темата , би сакала да пробам и друг зацврстувач без оваа супстанца , ако не постои тогаш ќе си ги премачкувам со лимон и тоа е тоа
Еве уште нешто ќе ви кажам што го нема тука.. Ако имате некој во странство или одите вие земете си го јас сега го најдов го купив летоска во странство и го користев до пола ми е потрошено и ми помагаше. Ги има состојките во споилер Спојлер Ingredients- Water, Polyquaternium-11, Butylene Glycol, Panthenol, Hydrolyzed Soy Protein, Aloe Barbadensis Leaf Juice, Keratin Amino Acids, Hydrogen Peroxide, Magnesium Ascorbyl Phosphate, Soluble Collagen, Calcium Pantothenate, Hydrolyzed Wheat Protein, Disodium EDTA, Methylparaben, Sodium Chloride, Imidazolidinyl Urea. Едит: иако е за побрзо растење исто така помага за меки и општетени нокти.
СЕ НАДЕВАМ ДЕКА МАЛКУ КЕ ВИ ПОМОГНАМ Третмани од природата за совршено негувани нокти Пробајте ги ефикасните третмани за нега на нокти на природна основа. Сончогледово масло Во едно стаклено шише ставете 0,6 дл. сончогледово масло, пет капки витамин А и четири капки тинктура од јод, потоа промешајте. Со оваа течност мачкајте ги ноктите два пати на ден. Маслиново масло Третманот со омега киселини е вистински благослов за ноктите. Доволно е околу десет минути да ги држите ноктите во млако маслиново масло. Терапијата се повторува секој втор ден, се додека ноктите не станат повторно цврсти и мазни. Растително масло Во еден сад ставете млако растително масло и додадете пет капки сок од лимон. Со оваа течност натопувајте ги ноктите два пати неделно. Кромид Земете една главица кромид, исечкајте ја на половина и со неа секојдневно тријте ги ноктите. Од овој зеленчук исто така можете да го исцедите сокот и со истиот да ги триете ноктите. Млеко Стоплете го млакото, па ставете ги рацете и држете ги така пет минути. Со овој третман се зајакнуваат и хидрираат ноктите, бидејќи млекото е полно со лактоза и природни алфа- хидроксилни киселини, кои нежно ги отстрануваат мртвите клетки од кожата. Праски Измешајте една тврдо сварена жолчка и 4 гр пчелин восок, а потоа смесата лесно растопете ја на пареа и додадете малку масло од праски. Мешајте додека не добиете кремаста маса, а потоа оставете да се олади и соберете ја во една тегла. Вака добиената крема нанесете ја на ноктите секоја вечер, а потоа навлечете памучни ракавици. 1 минутен третман за совршени нокти Во едно стаклено шише сипете 0,6дл сончогледово масло, пет капки витамин А и четири капки тинктура од јод, потоа се лесно промешајте. Со оваа течност мачкајте ги ноктите два пати на ден. Ги најдов на нет пред некое време и ги зачував, но сеуште немам ниедна пробано
Размислував,размислував па решив да го земам зацврстувачот на Аура со лилјаковата кутија , баш за него читав по нет дека помогнал на повеќето , па ќе видиме , еве денес прв пат ставив од него , не ме печат ноктите бидејќи и не содржи формалдехид. Сега дали навистина ќе помогне баш ќе видиме , ако не , ќе чекам сами да се обноват на упатството пишува по два слоја да се нанесува но никаде не пишува колку да се користи , дали 5 дена па на 5 ден се брише со ацетон и потоа пак се нанесува? Ја пишете вие што сте го користеле
Колку што знам лаковите на Аура се прилично скапи,јас користам крема од Аура 50гр. мислам 87 ден.Скапо!ЗА 50 ДЕН: ЛАК КОЈ ЦЕЛОСНО ЌЕ ВИ ГИ ЗАЦВРСТИ НОКТИТЕ И ТОА ОД ОБИЧЕН ПАЗАР!ТОА Е КАВАЛИТЕТ И ЕФТИНО ,НЕ СЕ ЛАЖЕТЕ ДЕКА САМО МАРКИТЕ СЕ НАЈДОБРИ! Инаку лакчето има крем боја,со само еден слој исто како и безбоен,само сјај не се ни осеќа. koritsaki- земи го овај лак нема да зажалиш ORKIDE-Nail care Calcium Gel, а можеш и овај другиот,ако ти се листат ноктите. 50ден. Ем ќе си заштедиш. Јас порано го имав овај проблем ама после лкчињата се си е ок.Од лично искуство :geek:
Незнам зошто си имала болки брачеда ми истиот овај го користеше и го користи како base coat и си е задоволна . Ова е највистинито јас искрено не препорачувам надградба на нокти бидејќи и таа допринесува тие да станат дупло по нежни и помеки,а со тоа и покршливи.Една моја другарка ставаше гел и катастрофа и се направија ноктите,ама таа не си ја научи лекцијата и пак става. Меѓутоа важно е тој кој ви сатва гел/акрил(сеедно е) да е перфектно обучен и да користи нови турпии секоии две недели да си сменува,бидејќи со турпиите се пренесутаат бактерии,ако кај мене тие бактерии се корисни кај тебе нема да бидат и обратно. И плус ви ко стружат ноктот,а ноктот си има свој слој на обвивка шо си го штити ноктето .И така ќе се уништи тој слој.Ама тој слој може да се уништи и со ацетони недоволно добри лакови како лаковите на Gabrini и Olivia,Malena, оние по ефтините .Мене тато ми вели помалку ацетон оти ноктите ќе си ги оштетип во детството,па кога ќе пораснеш ќе немаш убави нокти . И затоа за време на школска си ги одмарам Спојлер Не можев да го редактирам предходното мислење па затоа во две
Да си ги одморевте ноктите барем на 6 месеци од овие прозиводи полни со хемикалии, кои што си ја вршат функцијата, но исто така прават да мораш да ги употребиш пак инаку ќе им пропадне бизнисот нели? Џабе е кога однадвор нешто им ставаш, важно е во организмот да ги имаш потребните материи за да не мора да се замараш. Не можеш да очекуваш да имаш цврсти нокти ако стално нешто им ставаш, надоградуваш...иако се храниш здраво. Значи пак да напоменам, пишувам од лично искуство. И јас имав меки нокти порано, но почнав да внесувам повеќе калциум и други материи во организмот и после неколку месеци, нели додека се обнови ноктот, ја забележав разликата. За тој временски период буквално си ги одмарав ноктите од секакви сваштарии.