1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мексиканска кујна

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од Angelche, 25 октомври 2010.

  1. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    Мексиканската кујна е една од најпознатите во светот. Корените на мексиканска кујна потекнуваат од времето на древните Маји и Астеки, а со доаѓањето на Шпанците во тие предели, дошло до нејзино збогатување.
    Мексиканската храна е препознатлива по лутиот вкус на чили пиперчињата и е совршена за љубителите на лутите јадења.
    А вие? Дали сте љубител на лутото? Сте пробале некогаш мексиканска храна? Сакате да пробате?
    Што ви се допаѓа а што не?
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  2. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Еве јас ќе го кажам своето, зошто баш пред еден месец бев во Мексиканскиот ресторан на улица Македонија. Во принцип не сум љубител на лута храна, ама зачинета и пикантна сакам.

    Прообав бурито. Пилешко месо, кашкавал, ориз, пченка замотани во тортиља. Беше гооолемо и доста најадува. Типична мескиканска храна, што свтарно вреди да се проба.
    [​IMG]

    Пробав и мексички ќофтиња од пилешко и ориз, со пекарски компир и многу зеленчук. Ми се допаѓаше тоа што порцијата сама по себе беше многу колоритна, со многу зеленчук и различни бои.
    [​IMG]

    Нормално, секоја порција, ни донесоа и лути сосови. прво се мислев дали да провам, ама после си реков кога веќе сум тука, зошто да не. Ставив малку, букавлно мала капка...и кога каснав мислам дека почнав оган да испуштам од уста, како змеј :rofl:
    Се на се, значи ми се допаѓа кујната. Има некои работи кои не би ги пробала, ама гоелм дел се интересни и звучни, и содржат месо и ориз, и доста зеленчук.
    Дефинитивно пак ќе одам таму.
     
  3. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.401
    Допаѓања:
    91.313
    Пол:
    Женски
    Ми се допаѓа, затоа што многу сакам луто, а и богата е со бои. После нашата, дефинитивно е мој избор за кујна.
     
  4. red

    red Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    не сум пробала, ама би сакала зошто да не :D
     
  5. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Многу ја сакам. Експлозија на бои и вкусови. Сакам разновидност и сакам малку луто јадење. Начос (или Доритос) обожавам само така да ги грицкам или пак со сос од сирење и со jalapenos пиперчиња.
    Исто го сакам буритото, енчиладас (не знам точно дали вака се чита), chili con carne....лиги ми потекоа. Доста е затоа што ќе се префрлам уште малку во темата со диетите :)
     
  6. Zamzara

    Zamzara Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    32
    хмм да ја сакам мексиканската кујна и стално знам по дома да си зготвам нешто..Чили кон карне многу сакам,ама после тоа имам мака во желудникот...Мешавина која не сум навикната вообичаено да ја јадам :)
    Такоси,па оние нивни сосови,ммм...Прекрасно.
     
  7. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    До сега се што сум пробала ми било чудно :?: би пробала пак, ама неможам многу да јадам таква храна...
     
  8. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Како што ме боли грлото сега и страшно ме пече, само за во мексиканска кујна сум, и од тоа лутите сосови да макнам и да се издувам убаво :devil: :lol:
    Ептен сакам да пробам, никогаш не сум пробала, ама ете од немукаетност не сум отишла во мексикански ресторан. :wasntme: Ама во најблиска иднина морам да отидам и да ја вкусам таа храна :talk:, макар што не сум по лутото јадење :$
     
  9. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Па немора луто да ставаш... И пази со сосовите кога ке одиш, една капка е „отров“ лута, ќе блуеш оган
    [​IMG]
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Пробајте fajitas!!!Малце е скапо :!: ама е стварно многу добро посебно сосовите што го стваат ;)
     
  11. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Ја обожавам значи мексиканскава кујна...Не дека нешто луто многу сакам ама затоа зачинето... :inlove: И им ја препорачувам на сите што љубат многу зачинета храна :)
     
  12. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Јас се спремам да одам во мексиканскиот ресторан уште одамна, изгледа до крајот на неделава ќе ми се оствари желбата :clap:
    Би сакала да пробам Бурито или Фахитас, па ќе видиме.
    За лутите сосови секако ќе ги одбегнам, луто не јадам воопшто. :(
    Ама нема да ги заобиколам маргаритите, 5+1 гратис ;)
    За нив сум веќе информирана. :D
    Па ќе пишам подетални впечатоци, иако знам дека ќе ми се допаѓа. :)
     
  13. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Ваљда не планираш сама да ги пиеш? Цел бокал донасаат :lol:
     
  14. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    127
    Не сум пробала, по лутото секако не сум, па би барала нешто по не лутко :lol: а незнам можеби ќе посетам некогаш, па ќе ви кажам како сум минала и каков впечаток ми оставила оваа кујна :)
     
  15. NelChe

    NelChe Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    277
    Немам пробано мексиканска храна зошто ми асоцира дека е лута и пикантна, а јас луто не можам ни да лизнам. Нема шанса. Но сепак би сакала да пробам од нивните зачинети јадења, зошто сакам зачини. Се надевам ќе имам прилика наскоро :)
     
  16. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Штотуку за прв пат пробав мексиканска храна. Јадев taquitos со пилешко, начо сирење, чипс и еден црвен салса сос и можам да кажам дека секако ќе ги пробам и останатите јадења од оваа кујна. Прекрасно јадење, умерено луто, затоа што многу луто и јас не можам да јадам. Мора да се проба и нешто што е со многу зачини, и секако она по кое е препознатлива оваа кујна - бурито.
     
  17. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    483
    Сеуште ништо не сум пробала од мексиканската кујна ама затоа сакам да идам деновиве и конечно да вкусам некој специјалитет :$
     
  18. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Немам пробано некој мексикански специјалитет/ јадење од мексиканска кујна, ама се надевам кога ќе ми се укаже прилика ќе пробам.
     
  19. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Jас одам доста често. Mенувам тука мексиканска, арапска, индиска. Сега се спремам на кинеска да одам, па на јапонска.
    Досадно ми се тие класични излегувања кафе, диско. -.-
    Не знам што ќе правам понатака кога и ова ќе ми здосади.
    А срцка јас, старолика сум си, плус кој на мои години би идел навечер во ресторан си нарачувам вино, ни лична карта ни ништо. :$ Пст! :P Не се пијанчам хаха, само така повеќе уживам во храната. :$
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Sanji4ka21

    Sanji4ka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    88
    Девојки па ако знаете пишете некој рецепт од мексиканската кујна.Во моето мало гратче нема добар ресторан што прават македонска храна, камоли пак мексиканска,дали воопшто се слушнале за неа.Позз