Јас имам пробано мексиканска кујна само еднаш, во тој на ул. Македонија ресторанот и храната беше чудна за мојот вкус. Некако не ми беше по кеиф. Можеби сум премногу навикната на нашата храна па ова не ми се допадна.
Освен тој на ул. Македонија има ли некаде некој друг мексикански ресторан? Оваа идеја ни падна на памет за 5 години од нашата врска па сакаме по интимна атмосферичка а на ул. Македонија ми е некако бучно. Како да потчув во Бисер имало, ама не ми е сигурно.
Има уште еден, еве линкче... Ај па ако одиш пиши како е, да знаеме http://www.facebook.com/?ref=hp#!/pages ... 5446045654
Bitter-girl нема во Бисер таков ресторан. Мислам дека единстевeн е тој на ул.Македонија. Знам дека има Мексиканска храна и во еден друг ресторан, ама не е тоа тоа... Јас бев викендов повторно, и беше многу празно. Си седнавме горе, и баш беше пријатна и мирна атмосферата. Единствено петок и сабота е повеќе полно, инаку внатре секогаш има место. Овој пат јадевме тортиљи полнети со кашкавал начо, и пилешко. Мх, мх, самата помисла ме тера пак да ми се јаде. Ептен ми е вкусна оваа храна значи, ептен!
Претпоследниот пат кога бев во Мексиканскиот ресторан седнавме горе, масата гледаше кон прозорот. Немаше многу луѓе, тамам. Пријатна и интимна атмосфера како што сакав.
мноогу сакам да пробам начос...а исто и такос ама начос ми изгледаат како многу вкусни...треба одам до мексикански ресторан некој ден
Значи многу ја обожавам, многу, многу, неможам да ви опишам колку Несакам баш луто, ама сакам зачинето, а овде храната е зачинета прилично, ама не и лута. Впрочем можеш да бираш, ама јас лутиот сос го избегнувам. Другите зачини и сосови се екстра. Посебно тој жолтиот што иде со начос, мх мх. Кај ја отворив темава во овие ноќни часови. Утре ќе чекам пред мексиканси да отворат Следен пат ги пробувам тортиљите на старфиш Инаку стварно им е добра хранава на нашиов мексикански. Имав можност да пробам баш оригинал бурито, мексиканци со семејна традиција во бизнисов и неможам да се пожалам од нашиве или да кажам дека нема веза. Има некој информации за готвачот во мексикански? или да не му ја мислам, само да јадам
Готвачот во Амигос се натпреварува во шоуто ВО ОГАН. Еден крупен, ќелав, (Ангеле мислам дека се викаше, слабо памтам имиња). И неколку пати го имам фатено како прави некои мексикански рецепти, и баш го споменува Амигос, и кажува таму како се приготвуваат јадењата
Имам пробано уште пред шест години кога работеше мексикансикиот ресторан во скопска чаршија и кесдиите премногу ми се допаднаа (тортиљи со ракчиња) исто и начосот многу често си го подготвувам и дома.
Имам двапати одено во мексичкиот на ул македонија и искрено ич не ме бендисува...малку е поскапа ,ама ништо посебно,дечко ми пак ептен ја бендиса храната и нонстоп ме тера да одиме,но не благодарам.Да не ми се смеете на името ,еднаш јадевме кесадиљи еднаш енчиладес незнам дали е вака,си избираш со какво месо и со што да ти биде,една порција знам во просек не чинеше околу 600ден...
Многу сакам да пробам само незнам како се движат цените во нашиот ресторант. Ај ако знае некој цена на начос или пак на што било, отприлика хелп
Додека не бев у мексикански ресторан не знаев ништо за кујната ни какви јадења има ни вкусот дали би ми одговарал,но испадна дека баш ми се допаѓаат тие пикантни јадења! Обожавам начос со тие двата сосови што ги сервираат за мацкање..мммм..салатите исто се прекрасни со свежи зленчуци и преливи...многу добро!
Освен салатата мексиканска и бурито (без кашкавал ,по рецепт на мама) друго немам јадено ,а баш си сакам така лутко ,да ми прочадат ушињата. Прво одење во Скопје морам да го посетам тој ресторанот ,ние овде немаме такво чудо
Такос мммммм Немам пробано многу,ама мислам дека сите ќе ми се допаднат затоа што во принцип јадам зачинето и луто.