Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мексиканска кујна

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од Angelche, 25 октомври 2010.

  1. RedWine

    RedWine Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    61
    Текила :lol:
    Маргарита!!! Се што е од нивната храна го сакам,јадам,уживам,ми отвара апетит и не знам кога ми е доста! Па и уште некој Мехикано да ми свири на гитара.....
    Јас обожавам лута храна, така да Мексиканска и Кубанска не би одбила,а диетата се знае " започнува од утре" ;)
     
  2. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Ја обожавам Мексиканската кујна.
    Дома правам по некој специјалитет.
    Но, сакам дечко ми да го изненадам да одиме на вечера во тој Мексоканскиот ресторан во Скопје што е на улица Македонија...
    Пааа...ќе ми кажете ли како се движат цените. Да си знам за буџетот, да си се припремам. Хахх
     
  3. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    http://www.restorani.com.mk/restoran/re ... amigos/50/ Повели тука го имаш менито со цените. :)
     
    На Animali му/ѝ се допаѓа ова.
  4. SarahTayMomsen

    SarahTayMomsen Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    650
    Обожавам, највеќе патос.
     
  5. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Мексиканска кујна кај нас единствено имам пробано во Амигос и повремено знам да седнам таму на начос и нешто друго ситно, а ретко имам пробано и некој друг специјалитет. ;) Се ми се допаднало од тоа малку што имам пробано, а за остатокот од менито ме кочат астрономските цени кои сега во новото мени што го имаат ми се чини дека се уште повисоки. :worried: Инаку изборот на јадења е зголемен. Порциите се прилично малечки т.е. парчињата се јадат во 2 залаци.
    За начосот им нема рамен! И чипсот и кашкавалот и сосовите се најдобри, а многу кафичи и ресторани имаат неуспешен обид да прават начос со обичен кашкавал кој нема врска со тоа што треба да биде.
    Бурито имам јадено ама надвор од МК. Беше ооогромно :o за 2ца да се најадат таман, за 1 беше премногу и беше не повеќе од 3 евра, а превкусно и богато внатре. Сакам да пробам тука ама како што реков цените се изгор, а гледајќи ги оброците изгледа и буритата се минијатурнички м? Кој пробал нека даде информацја :D за големината. За вкусот не се сомневам, сигурно е убаво.
    И да...тие што мислат дека храната е лута, не е така бар овде во Амигос. Опционално е дали некој ќе си додаде екстра лут сос.
     
    На Animali му/ѝ се допаѓа ова.
  6. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    ^ Ох Амигос...препрепревкусна храна, во се ставаат кашкавал, па со некое мевценце, зеленчук, со сосчиња од страна, со тие лепињата, погачиците...Ми се пријаде :sweat:
    Не обожавам лута храна или премногу зачинета, некако тешко ја варам, ама ова што го имам пробано во Амигос не беше толку зачинета, а беше навистина убаво зготвено, спремано, соединето... (течат лиги).
    Ама, скапо си е, како за 2пати во годината да седнеш, меракот да си го направиш :D
    Сакам да пробам дома да си направам, само незнам како го мешаат кашкавалот, да биде таков убаво стопен, течен, да не се стврднува :worried:
     
  7. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    kravce види во темава како се прави таков кашкавалот, јас до сега успешно го правам само уште треба да се усовршувам...како и да е како нивниов начос во амигос тешко на друго место да се јаде :clap:
     
    На Animali и kravce им се допаѓа ова.
  8. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.756
    Мексиканскиот ресторан Амигос баш пријатно ме изненади!
    Вчера на роденден што се’ не пробавме! Јас јадев емпанадас, полнети со крем сос, парчиња пилешко, многу малку халапењо пиперче, доволно за да лутка, свеж домат и одозгора премачкано со павлака. Пробав и говедско бурито, малку ми беше прејак вкусот, но фино изгледа. Другарка јадеше тортиљи полнети со кашкавал, домат и печурки, тоа беше супер, и на крај јадевме Мачмалоу фритата, пржена тортиља, полнета со мачмалоу, путер од кикирики и крем од лешник. Врв. Доста благо, но вкусно.

    Љубител сум на зачинета храна, така што ова многу ми се бендиса. Имав прилика во Париз да јадам целосно мени во еден мексикански ресторан, и добив ептен добра понуда. Ми донесоа Чиликонкарне тава со црн грав и два вида месо, прелиени со сос од кромид и кашкавал, по желба ти носат и лут чили сос. Имаше прилог од ориз со зеленчук и чипс со крем од кашкавал. Т.е тоа беше главно јадење, а за предјадење имавме тапас, мали залчиња чипс, зеленчук и похован кромид со три соса - еден од мелен грав со лутика, другиот беше од кашкавал и зачини а третиот павлака со копар. Ептен вкусно! За десерт ми донесоа чоколадиран мус со парчиња ананас и еспресо. Лудница.
     
    На Animali, darlingB и mims-89 им се допаѓа ова.
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.916
    Допаѓања:
    81.190
    Пол:
    Женски
    Јас обожавам лута и зачинета храна, па Месиканските јадења би рекла дека се едни од моите најомилени, ако не дури и поомилени од нашата мусака, гравче и све по списак. Добро, не си го давам единствено гравчето со пушено месо. :angel:
    Како и да е, се собиравме со друштво и имавме многу голем избор, па си одбравме да ги пробаме овие Мексиканскиве тракатанци.
    Јадев бурито. Имаше пилешко, ориз, пченка, некои други зеленчуци, луто пиперче и сосови и многу ми беше вкусно - дефинитивно би пробала пак.
    [​IMG]
    Грицкавме и начос, е само текила или маргаритка не пробавме, ама биче. :lol:
    Обожавам луто, а среќа моја што и желудникот ми поднесува вакви работи.
     
  10. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Mishela колкаво е буритото? :D Се прашувам дали само јас сум начекала такво џиновско за 2ца да се преждерат или и тука го прават такво што чисто се сомневам?
     
  11. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.916
    Допаѓања:
    81.190
    Пол:
    Женски
    Тоа што го јадев јас беше толкаво баш како на сликата, дури ми беше исечено на две половини.
    Мене големо ми беше дека се заситувам од малце, ама за инает го изедов цело. :D
    Не беше огромно од кое би можеле двајца да се најадат без проблем, ти изгледа си имала среќа, дај сподели каде си го начека вакво. :wasntme:
     
  12. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Не го јадев тука кај нас, туку во странство и тоа ми е единствено бурито изедено до сега кое го памтам по тоа што беше превкусно и огромно :D Ќе пробам некогаш и тука во Амигос, па ќе направам споредба за вкусот.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  13. tofi

    tofi Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2012
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    13
    Многу сакам мексиканска кујна, посебно fajitas :)
     
  14. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.046
    Допаѓања:
    36.077
    Пол:
    Женски
    Не сум пробала мексиканска кујна, а сакам да пробам. Сакам зачинета храна.
     
  15. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    презачинета еее...и многу многу не ја обожавам...
     
  16. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.712
    Пол:
    Женски
    Вкусна е, интересни вкусови, вреди да се проба, но кој обожава и поднесува појаки зачини. (fingers)
     
    На KuklickaMoja, Lovelybaby<3, Soncence3 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Ма.нев

    Ма.нев Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    780
    Допаѓања:
    1.224
    Пол:
    Машки
    Не сум некој голем фан на Мексиканската кујна, но имам обичај да отидам до Мексиканскиот ресторан еднаш месечно и да пробам мексиканска храна.
     
    На marijaml му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.320
    Пол:
    Женски
    Обожавам љута храна.
    Препорачајте некој ВЕГЕТАРИЈАНСКИ рецепт.
    Без медо и сувомеснато без сенф и мајонез.
    Со тортиља нешто :wasntme: :$
     
  19. marijaml

    marijaml Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2015
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Во Мексико се јади цутот од тиквите. Уште малку ке почни да ги има. Може да се готви сос со домат, кромид и лути пиперчиња хабанеро или јалапењо кој се наоѓаат во македонскиот пазар. Друга варијанта е Тортиљи со гуакамоле и пико де гаџо. Овде неколку идеи што сум ги напишала, се надевам во иднина ќе има повеќе, тешко наоѓам време да експериментирам и да барам состојки за да изгледа тоа бистинско :)
    https://meksikanskakujna.blogspot.com/
     
    На MissDior и Feminka22 им се допаѓа ова.
  20. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.261
    Допаѓања:
    12.228
    Пол:
    Машки
    Обожавам мексиканска храна! Луто, зачинето... мх мх

    Пред неколку дена бев повторно во Амигос, храната е навистина превскусна и зачинета баш како што треба, единствена замерка се цените, до плафон!
    Јадевме такос со свинско и некоја салата, но за големината на порциите особено такосот не вреди таа цена што ја плаќаш.

    Во Ла Пуерта речиси редовно јадам бурита ама не е тоа тоа, нешто им недостасува.