Мелено месо

Дискусија во 'Рецепти' започната од maja8, 2 ноември 2011.

  1. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.201
    Допаѓања:
    41.162
    toa brasno se stava vo samoto jadenje i crveniot piper ili se prprzuva? :$

    imam 2 tikvicki i 1 modar patlidzan, morkovce pa mislev da gi iskoristam za turli tava ama do sega ne sum praeila :*
     
  2. s.t.e.f.a.n.j.a

    s.t.e.f.a.n.j.a Нов член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    51
    Солена бајадера од мелено месо

    ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
    малку Црн бибер
    малку Сол
    30 грама Презла
    1 кесичка/ки Прашак за печиво
    300 милилитри Млеко
    2 Кришка/ки леб
    400 грама Кисела павлака
    30 грама Брашно
    500 грама Јунешко мелено
    4 Јајца/це
    КРАТОК ТЕКСТ:
    Јунешкото месо е многу вкусно, и е доста употребувано поради својата хранлива вредност, бидејќи содржи многу белковини и масти.

    Исто така, многу добро месо имаат и телињата кои се хранат само со кравјо млеко, и со свежа храна, така што овие телиња се препознаваат според темниот црн дроб, а и нивното месо е меко и сочно.
    ПОДГОТОВКА:
    Замесете го меленото месо со едно јајце. Додадете го брашното, презлата, сол, бибер и останати зачински билки по желба. Добро измешајте и истурете на дното на еден огноотпорен сад. Одозгора премачкајте со малку масло.

    Жолт фил: Изматете цврст снег од белките и додадете ги жолчките. Средината од лебот извадете ја и потопете во малку млеко. Кога лебот ќе го впие млекото, додадете го во белките и добро измиксајте. Додадете го прашокот за печиво и останатите зачини, па прелијте преку месото. Печете во рерна загреана на 200 степени околу 30 минути. Кога горе убаво ќе се испече, премачкајте со павлака, која малку со лажица сте ја разматиле. Потоа повторно ставете во рерна и запечете уште 10 минути. Сечете правоаголници и послужете.
    Полнети канелони со македонски шмек
    Потребно е:
    1 пакетче канелони или лазањи (читај горе)
    2 главици кромид
    2 чешниња лук
    500 гр мелено месо
    5 печени, лупени црвени пиперки
    1 лажиче мелен црвен пипер
    500 мл доматен сос + уште 200 мл за подлога во тавчето за печење
    1 лажиче оригано
    1/2 китка свеж магдонос
    сол, бибер
    рендан кашкавал
    Подготовка: Во врела и солена вода сварете ги канелоните или лазањите. За тоа време, подгответе го филот. Во тавче за пржење ставете малку масло да се загрее. На загреаното масло пропржете ги кромидот и лукот. Откако кромидот ќе стане проѕирен, ставете го меленото месо. Зачинете со многу бибер (бибер и мелено месо е одлична комбинација). Лупените пиперки исечкајте ги покрупно и додадете ги во смесата. На прај, ставете го доматниот сос, зачинете со сол и оригано и оставете да провире 15 минути.
    Сварените канелони внимателно наполнете ги со подготвената смеса, со помош на лажиче или шприц, ако имате. Ако рецептот го правите со лазањи, постапете како на сликата: ставете малку од смесата на една лазања и свиткајте ја како палачинка.
    рерната загрејте ја на 250 целзиусови степени. Во тавата за печење ставете 150-200 мл доматен сос. Врз доматниот сос наредете ги наполнетите канелони. Од горе, ставете малку доматен сос, изрендајте кашкавал и ставете да се пече 35 до 45 минути.Ако не јадете месо, може да ставите соја трошки. Исто така, може да создадете фил по ваш вкус.
    Триаголник-погача со мелено месо
    Потребно е:
    500 гр лиснато тесто
    2-3 чешниња лук, истолчени
    1-2 главици кромид, ситно исечани
    150 гр кашкавал, изрендан
    1 помал страк праз
    50 мл кечап
    250 гр јунешкомелено месо
    250 гр свинско мелено месо
    30 гр семки од сончоглед
    прстофат оригано
    4 лажици масло
    2 јајца (едно ја филот, а друго за премачкување)
    сол и бибер
    Подготовка: Лиснатото тесто оставете малку да се опушти на соба температура додека го подготвувате филот. Празот исечкајте го на ситно. Кашкавалот изрендајте го. Во тавче за пржење ставете го маслото да се загрее. На загреаното масло ставете ги празот и кромидотда се пропржи, т.е да омекне. Кога ќе омекне, ставете ги двете видови месо и пржете додека да не поруменат. Во месото ставајте по малку вода, по потреба и гответе го додека да испари целата вода. Пред крај ставете ги кечапот, лукчињата, ориганото и зачинете со сол и бибер. Измешајте и гответе кратко додека да испари течноста во целата смеса (не треба да има ни малку течност, затоа што ќе го раскашави тестото). Готовиот фил оставете да се олади и во оладениот фил ставете едно јајде и ренданиот кашкавал. Измешајте се за да се соедини убаво. Лиснатото тесто развлечете го со сукало со дебелина од 0,5 см. Филувајте го со подготвениот фил, нанесувајќи го на целото тесто. Потоа, завиткајте го филуваното тесто како ролат. Ролатот исечете го на поголеми триалогници Триаголниците наредете ги во тркалезна тава за печење обложена со хартија за печење, во круг, премачкајте ја погачата со изматено јајце, посипајте со сусам и семки од сончоглед и ставете да се пече во рерна загреана на 200 целзиусови степени, додека да порумени (околу30 до 35 минути, во зависност од рерната).
    Потреби состојки:

    250 гр мелено месо (мешано, 70% телешко, 20% свинско, 10% јагнешко)
    1 јајце
    1 до 1/2 шоља лебни трошки (одокативна метода)
    3 супени лажици брашно
    1 главица кромид (ситно сецкан)
    1 чешне лук (ситно сецкан
    2 феферонки, (ситно сецкани); може чили пиперчиња
    1 зелена, тенка, лута - полулута пиперка
    2 супени лажици пире од домати
    2 супени лажици соја сос
    2 супени лажици маргарин (со омега 3)
    1/3 шоља маслиново масло (ладно цеден)
    Сол ( количина по желба)
    Вегета (количина по желба)
    Црн пипер (ситно мелен) ( количина по желба)
    Копар (количина по желба)
    Босилек (количина по желба)
    Кисела/слатка павлака или кајмак
    Рендан пармезан
    Начин на приготвување:
    Меленото месо, јајцето, лебните трошки, кромидот, лукот, феферонките, пиперката, брашното, маслиновото масло, соја сосот, пирето од домати, зачините и зејтинот се мешаат во голем сад додека не станат еднаква и еднолична смеса.
    Потоа, смесата се става, рамномерно распоредена, на тава претходно премачкана со малку маргарин (со омега 3), во кружен облик и се пече во претходно загреана рерна на температура од 350 степени отприлика 25-30 минути или додека не добие темно кафеава боја.
    Се служи во плиток овален сад, премачкана со павлака или кајмак и посипана со рендам пармезан.
     
  3. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    13.779
    Допаѓања:
    75.326
    Пол:
    Женски
    Женски пишете некој рецепт за ќофтиња? А да прашам мора ли да е стар лебот ( бидејки немам моментално стар леб дома :$ )
     
  4. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.811
    Допаѓања:
    2.102

    Не мора леб да се става. Еднаш пробав со леб и не ми излегоа убави. (Ако веќе ставаш, не мора да биде стар). Јас ставам мелено месо, магдонос, кромид и презла. И зачини секако. Некои ставаат јајце за поубаво да се изедначи смесата. Може ама и не мора.
     
  5. blubell

    blubell Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2010
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    13
    Јас ќе ви предложам и 1 варен компир да ставите...многу убави се после..меки, јас така ги сакам :)
     
  6. bibitri

    bibitri Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2010
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    12
    Ова е еден поинаков ролат со мелено месо, често го правам, а рецептата е крадена од храна и вино, пробајте, излегува доста, а може за проба да се направи пола доза

    за ролатот
    - 1 кг. мелено месо
    - 3 компири
    - 2 главици кромид
    - 1 шоља ориз
    - зачини по желба

    за компирите кои се редат од страна на ролатат
    - околу 1.5 кг компири
    - доматен сос
    - 1 шоља зејтин
    - брашно и црвен пипер
    - лук

    Во меленото месо се рендаат компирите, кромидот, се додава оризот и зачините. Се оформува смесата како ролат и се става во средината на намрсено плехче за печење. Од страните се редат компири исечени на тркалца како за мусака, ред компири малку брашно и црвен пипер, повторно компири се додека компирите не ја достигнат висината на ролатот.
    На страна го мешаме доматниот сос (најубав е доматело, го има со различни вкусови), зејтинот, исечканиот лук и зачините и со таа смеса ги полеваме компирите.

    Ролатот се пече околу еден час на 200 степени.
    Можеби изгледа компицирано, но не е, а е многу вкусно.
     
  7. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.217
    Ролат од мелено месо
    Потребно: 750-800гр. мелено месо, главица кромид, 1/4 праз, 1 јајце, половина лажичка црвен пипер, 1 лаж. сало, 4 лаж. презла, 4 лаж. вода, 1/2 говедска коцка (бујон), 1 мала лажичка вегета, сол, црн пипер, малку босилок, 150-200 гр. рендан кашкавал.
    Подготовка: Кромидот и празот ситно се сецкаат. Во презлата се додава водата, а исто и коцката се става во малку вода да зоврие. Сите состојки заедно се месат (освен кашкавалот), но не да се стега, туку многу нежно со прстите. На крај кога убаво се измеси, месото се става во калап обложен со алуминимска фолија (долг калап за ролат). Се става прво половина од смесата и во средината се става кашкавалот, па потоа другата половина од месото. Така приготвениот калап се става во тава со вода и се пече 15 минути на 180-200 степени. Кога месото ќе се стврдне и ќе биде полупечено, му се отстранува фолијата и се става во друга тава во која се премачкува со белка и се пече уште 15 минути.
    Гарнир по желба и вкус.
    * Јас претежно кога го пренесувам во другата тава му ставам компири. Бидејќи самиот ролат си пушта сокови, компирчињата си добиваат убав вкус. Дополнително му додавам уште малку вода, масло, вегета и црн бибер.
     

    Прикачени фајлови:

    • 734.jpg
      734.jpg
      Големина на фајлот:
      124,1 KB
      Прегледи:
      761
    На danichap и Peppermint им се допаѓа ова.
  8. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    13.626
    Допаѓања:
    232.825
    Најбрз начин за правење ќофтиња ми е во релна.
    Не ми се омирисува толку и не мора да им стојам додека стасаат :lol:

    Многу ситно сецкам кромитче, кашкавалче, тикве... и ја додавам смесата од мелено, мешам заедно и ставам едно јајце и зачини.
    Од зачините доминира вегета и биберче.

    Ги оформувам кофтињата и ги редам на еден плех со хартија за печење.
    По околу 20 минути ги вадам и им ставам по едно парченце кашкавам озгора, потоа ги враќам да се допечат и да се стопи кашкавалчето.
     
    На mal.ecka, Vetruska, l-a-d-y-di и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. mariatim

    mariatim Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2010
    Пораки:
    1.127
    Допаѓања:
    12.489
    Пол:
    Женски
    меленото месо најмногу го јадеме дома,го употребувам за мусака со компир за плескавици/ќофтиња но јас не ставам леб во тестото туку месото мелено,кромид,јајце,брашно,зачин,и сода бикарбона малку и ги замесувам со претходно рацете намачкани со зејтин и правам облик.а најмн правам макарони со месо мелено тоа ни е јадење без кое не можеме дома :lol:
     
  10. jagoda1979

    jagoda1979 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    223
    Пол:
    Женски
    И јас ги правам во рерна, чиста работа :) Инаку може кашкавалчето да се стави внатре, како шарска плескавица ке биде :) а можеби уште поубаво, наместо кашкавал да се стави зденка и така е многу вкусно. Јас често правам вакви ќофтиња и покрај другото внатре во самата смеса ставам и малку сецкано сувомеснато (врат, печеница... било што)
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    790
    Допаѓања:
    485
    Пол:
    Женски
    Еве еден рецепт кој свекрва ми ми го кажа. Јадењето е превкусно и многу лесно и брзо се прави (за 20тина минути):

    Потребни состојки:
    1 коцка за супа (или вегета)
    1 јајце
    1 главица кромид
    Малку ориз (колку 1 чашка за ракија)
    Свинско мелено месо
    Томатело или некоја замена (може и природно рендани домати)
    1 лажица брашно
    пола лажица црвен пипер
    сол
    бибер
    магдонос

    Се вари оризот и се меша со меленото месо и јајцето и се зачинува со вегета и бибер.

    На страна се пропржува кромидот и кога ќе омекне се додава 1 лажица брашно и се промешува. Се додава пола лажичка црвен пипер, томателото, 1 коцка за супа (или вегета), сол дополнително по желба и бибер, па се намалува ринглата на тивко. Се додава вода (по желба за густина) и откако ќе почне да врие малку се додава сецкан магдонос, се промешува па со лажица се прават топчиња од меленото месо и се спуштаат во сосот. Откако ќе се стават сите топчиња, се поклопува и остава 15 минути да проврие на тивко. Не се меша никако, за да не се распадне меленото месо. Може да се промеша пред крај.

    Може да се јаде само вака, со салата и лепче, а може и да претставува сос за шпагети.
     
  12. dzanina

    dzanina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    291
    Допаѓања:
    117
    аргентински кебап
    500гр мелено месо,500гр компири,1 цело јајце,3 белки од јајце,лук и една главица кромид,сол,вегета,бибер,магдонос.
    ситно се сеЧка лукот и кромидот компирите варени се рендат и сите состојки се месат со меленото месо и се додават јајцето и заЧините се остава да отстои 15-20 минути и се прават кофтина.
    се матат белкитте се бребелат кофтината во белките и потоа во презла и се пеЧат.

    сос;200мл павкала 200гр мајонез и сок од лимони 4 Чеснина лук се преливат над кофтината и магдондос му се става одозгора ;)
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  13. April87

    April87 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    438
    Пол:
    Женски
    За колкава количина на месо е рецептов? :)
     
  14. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.894
    1 кгр. компири
    300 гр. мелено месо
    1 гл. кромид
    3 јајца
    масло
    млеко
    сол

    Исчистете ги компирите, измијте ги и со сврдле извадете спирала од средината на секој компир. Сварете ги компирите и спиралите во солена вода. Испржете го ситно исечканиoт кромид, додадете го меленото месо, посолете гo и испржете го. Наполнете ги компирите со месо и редете ги во тава. Ред компири, ред спирали. Печете ги 1 час на 200°. Пред крај на печењето прелејте ги со изматени јајца во кои сте додале малку млеко. Како додаток за ова јадење можете да послужите бешамел сос. Бешамел сос
    Ставете во тенџере 1 лажица масло. Кога маслото ќе се растопи, додајте 2 лажици брашно. Брашнoто пржете го да остане бело. Потоа налејте го со млако млеко. При налевањето непрекинато матете ја смесата сo жица за матење за да не се направат грутчиња. Сосот сварете го, посoлете го.
     
  15. skenco

    skenco Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2013
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    47
    ролат од мелено месо

    1кг мелено месо(готова смеса за плескавици)
    4 варени јајца
    парцинја каскавал

    се отвара кора од месото во форма на правоаголник,се редат хоризонтално парцинјата каскавал и одозгора се редат варените јајца,се витка во форма на ролат и се става во плех.се пеце околу 20-25 минути на добро загреана рерна додека да добие убава кора,се сеце на парцинја и во средината на секое парце излегува како око(од варените јајца) :rofl: