1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мемоарите на една гејша (Артур Голден)

Дискусија во 'Книги' започната од sweety-m, 25 септември 2011.

  1. sweety-m

    sweety-m Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    52
    Мемоари на една гејша е дело на Артур Голден за прв пат објавена во 1997 година и воедно е и негов прв роман. Се наоѓа на листата на бестселери, продаден е во повеќе од 4 милиони примероци и е преведен на 32 јазици.
    Авторот ја пишувал книгата цели 10 години и направил три преписи, за на крај да се одлучи таа да биде напишана во прво лице. Тој ја пишува книгата преку раскажувањата на Минеко за животот на гејшите. Минеко била гејша и раскажува за уметноста и животот да се биде гејша, но самиот автор вели дека на ниту еден момент не се обидел да дознава детали од животот на Минеко. На прашањето дали Минеко претставува жив модел за ликот на Сајури, Голден вели дека не би можел да го потврди тоа мислење.

    Книгата започнува со зборовите на Сајури (името на Чио откако ќе стане гејша) : „Не бев ни родена ни одгледувана да бидам гејша во Кјото“.
    Во книгата се раскажува животот на малата Чио, која живее во рибарско село во Јапонија со нејзините сестра, мајка и татко. Тие имаат скромен живот, но сепак Чио е среќна. Нејзината мајка се разболува и таа несреќа доведува до тоа нејзиниот татко да ги продаде со нејзината сестра. Тука започнува другиот живот на Чио. Таа е одделена од својата сестра, а нејзините родители умираат. Започнува да живее во Окија, во квартот Гион, дел од Кјото. Тука таа започнува да учи за тоа како да стане гејша, а една средба за неа ќе биде најголемиот пресврт во нејзините размислувања и нејзините желби и посакувања. Другите детали не ги откривам, тие што прочитале знаат, а оние кои сеуште ја немаат прочитано, треба тоа да го направат. Во овај роман ќе дознаете нешто повеќе за еден различен свет, за една различна култура, за нешто што нас ни е толку далечно, а сепак не фасцинира.

    На македонски јазик е објавена во 2004 година. Исто така во 2005 година е направен и филм. Нешто што секој треба да го прочита. Дело кое фасцинира со опишувањето на убавините на тој таен свет, свет во кој може да се избега од реалноста барем на само еден миг. Се опишува уметноста да се биде гејша, вештините кои треба да се поседуваат и секако убавината. Животот на гејшите е испонет со убавина, поезија, музика, но исто така и патот до тоа да се стане гејша е тежок.

    [​IMG]

    Делумно историски роман, делумно бајка, делумно романса, ова не е само роман полн со добродушни портрети на жени, туку и вешто набљудувана слика на еден необичен, и во голема мера, исчезнат свет. Во ист миг ни се откриваат сјајот и бедата на еден далечен свет, темелите врз кои тој е изграден, сфаќањата и вредностите на една култура. Во тој утврден систем, се одвива една индивидуална судбина, животот на едно човечко суштество чии желби, радости и таги, забранета љубов и страдање се борат со санкциите и ограничувањата; и во таа неизвесна битка, гејшата Сајури настојува да го осмисли сопственото постоење, да ја достигне сопствената среќа. Толку далечна, а сепак толку блиска и дофатлива приказна.

    Дали ја имате прочитано книгата? Каков впечаток ви оставила? Јас ја вбројувам во едно од моите омилено дела заедно со Клетници од Виктор Иго. Филмот исто така е добар, изобилува со убави слики и сето тоа што сме го прочитале ни станува поблиско, но сепак препорачувам прво да се прочита книгата.
     
    На Whitecloud95, Magnolija, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Мемоари на една гејша (Артур Голден)

    :clap: Ја прочитав во еден здив. Оваа книга ми ја разгори желбата за културата на јапонскиот народ и нивните дамнешни и не толку дамнешни времиња (само не овие сега).

    Цело време сочуствував со Сајури и се претресував нешто лошо да не и се случи. Романот е доста успешен, за тоа докажуваат и милионските тиражи.

    Се заљубив во гејшите и нивниот живот. Мислам, не се толку заљубив како што сочуствував со нив. Потоа некој ќе ми зборува дека гејшите биле проститутки. Ма ајде ви се молам... Колку мака тие претрпеле за да дојдат до тоа што се. Мене ми е интересен дури и нивниот живот. Нивните излегувања, шминките и облеката. Тоа што постојано се дотерани и елегантни, што познаваат толку луѓе. Способноста да знаат кога да почнат, а кога да престанат.

    Дефинитивно ќе ја прочитам по втор пат ова книга!
     
  3. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.760
    Допаѓања:
    37.869
    Пол:
    Женски
    Ова е една од моите омилени книги и филмот е еден од моите омилени филмови.Зошто?Затоа што раскажуват за еден друг начин на живот, за битен дел од Јапонската историја на одредени жени, за нивната елегнтност, префинетост и убавина, нивните моќи и начини на заведување.Јас прво ја зедов книгата ја читав на српски, одамна беше уште ја немаше во многу примероци преведена, колку толку ја разбрав, мада имав потешкотии.
    Уште првите страници ме фасцинира толку што се сеќавам ја проголтав за рекордно време.Мене гејшите одсекогаш ме фасцинирале, пред се затоа што нивното однесување е толку префинето, а нивните знаења и вештини се огромни.Описите во книгата се прекрасни, боите, кимоната, шминката, шаренилото, јапонските градини, црешовите цветови, фризурите, играњето и музиката...се е толку фасцинантно и волшебно.
    Филмот воопшто не ме разочара исто толку добар како и книгата, деталите се запазени и поголем дел од приказната е опфатен.Ликот на Сајури баш така го замислував и кога ја видов во филмот, толку нежна и мила, едноставно прекрасна, останав со отворена уста искрено немам зборови да ја опишам убавината со која зрачеше.Јас ја почитувам таа култура, начинот на кој мажите им се восхитуваа и паѓаа на нивната убавина и таленти, тие според мене не се проститутки, тие се многу повеќе од повеќето „чесни“ жени кои ги озборуваат.
    Омилена сцена од филмот ми e оваа... црешовте цветови се волшебни, а кога и паѓаат врз косата од ветерот што ги разнесува....не знам, волшебно е.
    После филмот бев опседнана со гејши, цртав постојано и симнував слики од нив...сакав да ја насликам Сајури, ама не ми успеа, ми помина опседнатоста :D
    Книгата ќе ја читам уште еднаш кога ќе ми падне во раце на македонски, а филмот го имам гледано 5-6 пати...секогаш кога добивам желба го пуштам, само за да се восхитувам на убавината.
     

    Прикачени фајлови:

  4. sweety-m

    sweety-m Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    52
    Јас да прокоментирам за болдираното. Навистина сите оние кои на ниту еден начин, ниту преку книга, ниту филм или ниту преку некој статија, не се запознаени со тоа што значи да се биде гејша го мислат тоа, дека тие всушност биле проститиутки. Мене многу ме иритира тоа кога ќе спомнам нешто за нив и ќе речат е како да не остај тие биле проститутки. Навистина многу погрешно мислење. И да надоплнам во еден момент од книгата и филмот велат: "да се биде гејша е уметност" и дефининитивно се согласувам со тоа.
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  5. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Мојата омилена!
    Ја имам препрочитано 3 пати, а верувам дека секој пат кога ќе ја читам, ќе ми биде интересна, одново и одново. Љубител сум на книгите кои раскажуваат за нешто, за мене непоимливо, далечно, што постоело...
    Многу се навлеков на содржината и еден период константно читав за гејшите.
    Целата приказна е толку убава, емотивна и во исто време интимна, што нема шанси читателот да не го засака ликот на Сајури. Најтрагично, и она што допре до мене, е периодот на распадот на целиот тој свет во кој живееле гејшите. Самото раскажување на Сајури, како од мала толку вложувала во процесот на изградба на гејша, се до самиот крај кога ги продава своите скапоцени кимона.

    Филмот не е за фрлање, ама мислам дека не е доловена самата емоција, пропуштени се многу клучни моменти и совршените описи.

    Што се однесува за гејшите, страшно се фрустрирам кога некој неначитан ми објаснува како гејшите биле проститутки. И тука морам да објаснувам како тие биле нарекувани „слики што се движат“, префинети, од глава до пети, образовани, духовити, притоа поседувајќи исклучителни вештини како танц, свирење на три инструмента, сипување саке и сл. Лично, фасцинирана сум, а мислам дека книгата е виновна, што допре толку до мене.
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Stam

    Stam Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    175
    Книгава ја читав одамна во шесто одделение. Се сеќавам два пати ја побарав во библиотека и библиотекарката ме лажеше дека ја немале за третиот пат да се одлучам сама да прошетам низ полиците да ја побарам и ја најдов 8) .
    Книгата ја прочитав во еден здив и можам да кажам дека ми е една од омилените. Преубава приказна, убаво опишани настаните сеуште јасно се сеќавам на некои детали, а можам да кажам и дека филмот е изненадувачки добар, ликовите се претставени баш онака како што ги замислував. :up:
     
  7. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Книгата од филмот многу се разликува.
    Не ми го долови тоа кое го очекував, многу пати се разочарав во текот на книгата, плачев и така натаму, за крајот да ми дојде премногу наеднаш. Ја прочитав неверојатно брзо, гледајќи од тоа колку здодевни ми беа првите страни, па ми стана интересна и така се вртев во круг.
    Мислам дека особено ме разочара фактот што не е вистинита приказна, повеќе од се.
    А како е претставено, кој кажува, кој запишува, прекрасно. :)
     
  8. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Прекрасна книга! Една од поомилените ми е. Го имам гледано и филмот, но ни во најмала мера неможе да се спореди со книгата. На толку сликовит начин е опишан животот на гејшите, нивните проблеми и нивните успеси.
     
  9. paulina2

    paulina2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    122
    Книгата сеуште не сум ја прочитала но филмот го гледав неколку пати без здив...многу се нервирам кога луѓе кои го немаат гледано филмот ниту пка ја читале книгата сметаат заради некои дезинформации дека гејшата е уставри к**ва или проститутка...а е далеку од тоа
     
  10. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Најдобрата книга на сите времиња!
    Филмот исто така!
    Книгата не памтам колку пати ја имам читано, а филмот секој месец го гледам, напамет го знам секој стих, ама буквално се.
    Mе фасцинира тој нивни волшебен свет, самите гејши, значи совршенство од жени ми се, да се биде гејша е нешто толку уникатно и посебно, таква жена, која зраче со посебна енергија, со посебни вештини, образована и права дама.
    И да, и мене ме нервира кога гејшите ги споредуваат со проститутки, но тоа само мал човек може да го направи нели, ние, љубителите на оваа книга, сме сведоци на тоа што навистина се тие, слики што се движат :)
    Заљубена сум буквално во книгата и филмот, според мене, филмот успеа да ме воодушеви, посебно зашто секогаш филмот нема везе со книгата, но тука, според мене, се случи чудо, прекрасно е доловено се, и сум премногу задоволна.
    Сајури е една и единствена, совршенство.
     
    На lola-86 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Една од најдобрите и најквалитетните книги некогаш излезени. Секако од секој аспект се разликува од филмот.
    Посебна е книгава и нуди некоја посебна слика за секој пишан збор.
    Вреди да се прочита !
     
    На LetsTalkFashion му/ѝ се допаѓа ова.
  12. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Најголем впечаток ми остави описот на ликовите,значи така блиску се доловени до читателот тоа и не е баш честа карактеристика кај секој автор.Од овој роман научив многу за гејшите и нивните животи.Прекрасно дело :clap:
     
  13. LetsTalkFashion

    LetsTalkFashion Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    879
    сега ја гледам темава , книгава ја имам прочитано поодамна ама ми е една од најнајомилените , ја пролитав во еден ден од сабајле до вечерта буквално во еден залак ги проголтав тие 500 страни и ја препоралувам на секој. и филмот е убав но ни блиску колку книгата...
     
  14. Rebecca

    Rebecca Активен член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Прекрасна!!
    Ја прочитав во еден здив,одамна немам прочитано книга која толку ме воодушевила.Браво за авторот :clap: :clap:
     
  15. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски
    Оддамна ја имам прочитано книгава и многу ми се допадна за разлика од филмот кој според мене не ја доловува книгата. Затоа, ви препорачувам прво да ја прочитате книгата, па потоа да го погледнете филмот.
     
  16. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.706
    Дефинитивно ако ја немаш читано книгата не можеш да го разбереш филмот.А книгата е преубава.Вреди да се прочита.Ми се допаѓа стилот на пишување како и развојот на настаните.
     
  17. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Јас сега ја читам на сам почеток сум и ми се гледа како доста интересна но и тажна.Ги прочитав вашите мислења и ќе ја прочитам да го дознаам крајот.
     
  18. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
    Стигната сум до делот каде што Чијо и станува помлада сестра на Махема, ептен ми се допаѓа книгава, мислам се е убаво опишано во неа секој детал, приказни, чувства убаво се опишани нивните кимона, шминки, ритуали... Прекрасна книга топло ја препорачувам :) За скоро 4 дена стасана сум до 212 страна.
     
  19. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Уште некои 100тина страници имам од книгава, што значи дека моментално ја читам.
    Ме воодушеви, пред се поради различната култура и начинот на живот на гејшите, нивните слугинки и обичаи да ги наречам. Интересна е, ама си ја влечам, некако како да не сакам да ја завршам.
    Мамеха, Хацумомо, Чијо ака Сајури сите тие се ликови кои ги има во секоја култура, но во книгата си имаат совршено место. :up:
    Кога ќе ја завршам ќе го погледнам и филмот.
     
  20. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.748
    Допаѓања:
    60.953
    Една од моите најомилени книги. Ја читав пред неколку години и ме воодушеви. Традицијата на крајниот исток на нашата планета - Јапонија од секогаш ми бил интересен за читање. Филмот е снимен откако ја прочитав книгата, го гледав и најблаго речено тотално ме разочара. Очекував дека барем малку ќе долови од убавината на книгата, но за жал според мене е бледа сенка на оваа прекрасна книга.