Форумџика на годината

Мемоарите на една гејша (Артур Голден)

Discussion in 'Книги' started by sweety-m, Sep 25, 2011.

  1. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Joined:
    Apr 19, 2013
    Messages:
    1,691
    Likes Received:
    12,655
    Gender:
    Female
    Прекрасна книга која зборува за животот на гејшите, ме воодушеви нивнијот начин на живот и нивната култура кој се многу поразлични од тој ние што го знаеме. И се восхитував на убавината и шармот на Саури, и на тоа што никогаш не се откажа од Претседателот. Ви ја препорачувам,нема да зажалите.
     
  2. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Joined:
    Nov 25, 2013
    Messages:
    3,101
    Likes Received:
    69,908
    Книга која ќе ве натера да ја мислите цело време кога правите пауза меѓу читањето.

    Жестоката реалност со која се соочува хероината, разочарувањето, предавството и низа други впечатливи моменти кои се проследени со надеж и искреност. Навистина интересна приказна, длабока, потресна.
    За сите кои што сакаат да читаат дела со убава содржина, а воедно да спознаат дел од културата и начинот на живот на еден народ прикажан преку Саури.

    Дело кое што вреди да се прочита.
     
  3. нина122

    нина122 Популарен член

    Joined:
    Jan 20, 2018
    Messages:
    4,813
    Likes Received:
    14,132
    Gender:
    Female
    Има ли некој што ја прочитал пред брзо време книгава?
    Стигната сум до глава 16 и ме интересира дали Чијо ќе се сретне некогаш со сестра и, т.е дали е прикажано тоа во книгата..
     
  4. Anne Boleyn

    Anne Boleyn Истакнат член

    Joined:
    Mar 14, 2021
    Messages:
    419
    Likes Received:
    1,849
    Gender:
    Female
    Јас од поодамна ја имам читано и колку што се сеќавам ,последната средба е додека се сеуште мали ,брзо откако ќе ги однесат во куќата а понатака не се спомнува.
    Инаку супер книга ,а и филмот е преубав, скоро исто интерпретирано како во книгата со исклучок на неколку работи.