Мемоарите на една гејша (Memoirs of a Geisha) [2005]

Дискусија во 'Филмови' започната од ludoto19, 10 април 2012.

  1. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.464
    Филмов не е филм,туку филмиште :) Јас го обожавам преубав е, немам зборови :D Се работи за животот на едно сиромашно девојче

    Chiyo Sakamoto кое татко и ќе го продаде, заедно со сестра и :( дали го имате гледано и каков впечаток ви оставил?
     

    Прикачени фајлови:

    • gejsa.jpg
      gejsa.jpg
      Големина на фајлот:
      70,6 KB
      Прегледи:
      669
    На Calypso и nela.oh им се допаѓа ова.
  2. nela.oh

    nela.oh Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    270
    Memoirs of a geisha-Mемоарите на една гејша

    Филмов го гледав пред некои 3-4 години и го доби заслужено првото место на мојата топ листа. Се сеќавам дека тој беше првиот филм на кој сум заплачила, особено на самиот крај на филмот.
    Пре-емотивен, предобра приказна, сценарио, глума, уникатна тема... немам зборови.
    Од тогаш го имам изгледано уште 3-4 пати, на тв и на своја рака и никогаш нема да ми здосади или да го заборавм.

    Тој викенд кога го гледав се сеќавам гледав уште еден многу добар емотивен филм - Love in the Time of Cholera.

    Ох кога ќе ми текни колку сум плачела тој ден на овие два филма... :tmi: :D Незаборавни...

    Едит: Посебно ме трогна приказната затоа што беше пишувана по вистински настан, односно врз основа на роман. Колку тежок живот на девојката... :x
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Calypso

    Calypso Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    75
    Memoirs of a geisha-Mемоарите на една гејша

    Jaс го гледав филмот и ја читав книгата пред една година. Во филмот многу делови се изоставени или изменети.
    На пример дека цурата спиеше со американецот во книгата. Понатаму раскажува и после откако ќе заврши војната и ќе биде со саканиот, ќе се пресели во Њу Јорк и таму ќе остане старица се додека еден пријател кој е помлад од неа, не почне да се интересира за нејзин живот и најми писател да го преточи тоа во напишано.
    Убав е филмот, но со читање на книгата многу работи се комплетираат.
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. nela.oh

    nela.oh Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    270
    Верувам дека книгата е подобра, впрочем како во 99% од случаите, но дека ние прво филмот го гледавме ни остави восхитувачки впечаток.
    Да сум ја прочитала книгата прво сигурно нема да бев толку воодушевена од филмот. Ама во план сум да ја прочитам книгата па да си ја надополнам приказната.

    Како и да е, ова е еден од неколкуте филмови кој мора секој да го изгледа и доживее.
     
    На Calypso му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Calypso

    Calypso Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    75
    Види и во книгата и филмот подеднакво ќе уживаш. И јас прво го гледав филмот, потоа ја читав книгата. :)
    Очекував да има прескокнати делови но не и изменети, затоа ми беше чудно. Инаку филмот изобилува со уметнички сцени од секаков аспект. Дали прво ќе се гледа филм или ќе се чита книгата е споредно кога се работи за вакво дело. :)
     
  6. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Книгата ми е една од омилените и филмот го имам гледано и можам да кажам дека е еден од редките филмови направени според книга, а толку добро да се држат за содржинатана книгата. Многу е добар ми се допадна е само како што се сеќавам крајот беше малку изменет, но во секој случај многу добар филм.
     
  7. DarkRose

    DarkRose Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    21
    Добар е филмот, преубав, ама треба да се прочита и книгата. Ја имам читано 5-6 пати, совршенство. :)
     
  8. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    319
    леле добар филм и жаловит ,повеке пати го имам глеано и не ми е досаден мн е добар филмов
     
  9. NightAir

    NightAir Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    491
    " She paints her face to hide her face. Her eyes are deep water.
    It is not for Geisha to want. It is not for geisha to feel.
    Geisha is an artist of the floating world. She dances, she sings. She entertains you, whatever you want.
    The rest is shadows, the rest is secret."


    Филмиште! Самиот филм е прекрасен а за книгата, без коментар.Прекрасни детали, прекрасни описи...се чита во здив. Дефинитивно мој омилен филм, а и има прекрасни поговорки низ него. :inlove:
     
    На Sephora и nela.oh им се допаѓа ова.
  10. Miss-Angie92

    Miss-Angie92 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2011
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Прекрасен, еден од моите омилени филмови. :inlove:
     
  11. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Го гледав 2 пати, еднаш на Нова Година, и вториот пат пред едно месец дена. (и двата пати на Канал 5).
    Преубав филм, еден од омилените ми е, прекрасна глума и глумци.
    Баш е опишан животот на гејшите во тоа време, и добиваш впечаток дека е којзнае колку благородна професија.Испреплетено и со сцените од војната, кога гејшата не се цени толку, и завршува со сосема (според мене барем) неочекуван крај.
    Книга незнаев дека имало, верувам дека е подобра од филмот, ќе гледам да ја прочитам. :)
     
  12. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Ме наежи. Само што почнав да читам во глава почна да ми одѕвонува гласот на гејшата.

    Ken Watanabe ми беше омилен машки лик. Многу го сакав и многу ме привлекуваше.
    Michelle Yeoh и Gong Li, совршени.
    Уште ме гони погледот на Хатсумомо кога ќе ми текне на филмот.
    Филмот е фантастичен. По мене многу подобар од книгата иако имаше испуштено многу сцени и беше поразлична приказната каде-каде.
     
  13. Jowe

    Jowe Активен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    14
    Филмот го имам гледано со мајка ми кога имав околу 7-8 години и не го разбрав.Книгата ја прочитав пред неколку месеци.Книгата и филмот имаат многу малку заедничко,но сепак интересна приказна се.
     
  14. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Го немам гледано но ќе го гледам.
     
  15. skygirl

    skygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    153
    Сакав да чекам, прво да ја прочитам книгата, па потоа да го гледам филмов, ама не издржав. Како и да е, супер филм.
     
  16. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.795
    Овој филм го имам гледано неколку пати и секогаш ми е како да го гледам прв пат, одличен е!

    “You cannot say to the sun, "More sun." Or to the rain, "Less rain." To a man, geisha can only be half a wife. We are the wives of nightfall. And yet, to learn kindness after so much unkindness, to understand that a little girl with more courage than she knew, would find her prayers were answered, can that not be called happiness?“