1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Меморија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Unfaithful18, 4 август 2010.

  1. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.382
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Дали сте од оние кои паметат речиси се, па макар и најмали ситници и глупости, или пак сте заборавени?
    Што паметите повеќе, лица или имиња?
    Паметете ли важни датуми во вашиот живот, родендени на пријателите, телефонски броеви?

    Јас сум како матичар, навистина. Понекогаш се изненадувам од тоа какви глупости паметам. Знам датум на прв дечко ,прв бакнеж, прва менструација...Родендени на некои личности кои и не се толку битни, телефонски броеви и на кого треба и на кого не треба, имиња, презимиња обавезно :lol: На школските од средно дури и татково име знаев :D
    Не дека се трудам да запаметам, туку едноставно така ми влегува во умот. Не сакајки :D
    Но во некои ситуации оваа особина и те како ми послужува.
     
    На dolly.doll му/ѝ се допаѓа ова.
  2. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    Меморијата добро ме служи. Памтам имиња и презимиња, датуми на раѓање и телефонски броеви.
     
  3. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Анфејтфул бидејќи ти бев инспирација за темава- да одговорам на истата ;)

    И јас сум како тебе- значи памтам многу работи, и тоа ми помага многу- посебно кога учам.
    Еве овде на форумов како што кажав и во друга тема - имам силна меморија и за некои членки чии мислења ми се интересни знам речиси се и исто како да ги познавам ( некои и открив според мислењата, ама не им кажувам за да не ја расипам магијата ;) :lol: )
    Инаку, повеќе паметам дати и лица отколку места. Пример Историја секогаш веднаш ја памтев годината, а ликот и местото потешко.
    Инаку мислам дека јаката меморија е правопропорционална со љубопитноста- колку повеќе те интересира нешто, толку повеќе памтиш, складираш информации :D
     
  4. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    508
    Ситничарка сум и секогаш ги запазувам деталите... и оние кои не сакам да ги запомнам...
    Инаку повеќе памтам имиња, броеви, датуми отколку лица, т.е. побрзо би се сетила на нечие име, отколку од каде ми е познат човекот што го гледам.
    Инаку памтам дати ненормално (родендени на кој стигнам, требало не требало јас знам кога е роден... па дури и годишници...), телефонски броеви знам и домашни од школски од основно.
     
  5. elygj

    elygj Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    68
    Па и јас често се фаќам во ситуација кога сфаќам дека памтам непотребни работи.Посебно јака ми е бројчаната меморија.Поголем дел од броевите во телефонот ги знам напамет.Памтам родендени и на личности кои не ми се битни и блиски,ама некогаш сум слушнала кога им е роденден.Памтам регистарции на авта каде што често поминувам.Исто така и екои детали,на пример каде сме го рпавеле тој муабет,кој точно го кажал и слично.И повеќе памтам имиња и некои такви податоци отколку лица ]:)
     
  6. Winter.Girl

    Winter.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    177
    Памтам многу ситници.Некои непотребни датуми,тел. броеви,имиња и слично.Памтам доста настани и муабети на кои никој во моето друштво веќе не се ни сеќава.Ова ми помага во учењето,посебно историја.Махер сум :D Нема нешто што не сум запамтила по историја :D
     
  7. son

    son Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    5
    ma ne pamtam nisto :)))cela sum zaboravena :))))) :D :D
     
  8. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.298
    Пол:
    Женски
    Многу, многу чудна меморија имам... Значи помтам: географски поими ( имињата на државите од цел свет, со се нивните главни градови, реки, планини, езера... буквално се ), имиња на фудбалски клубови со се тим, менаџери, стадиони... , памтам лица, имиња и презимиња, родендени, овде на форумов и членки со 50 мислења ги памтам убаво се што напишале...
    Е сега имам друг проблем... не паметам формули во никој случај, во средно бев експерт по математика а не знаев жива формула, секогаш си ги изведував по логика... имам проблем и сега на факултет, значи запомтувам буквално се што ќе биде кажано на предавања, а дома кога седнам и по 2 саати да читам 2-3 страни, не можам да запомтам... или ќе ми се чини дека сум ги научила, а по 2 дена заборавам... посебно нешто што треба на долго да се раскаже. Секогаш на кратки прашања вадам добри резултати, на прашања со раскажување тапа...
    Тоа имам читано е до тоа која страна од мозокот повеќе ти работи...само незнам баш поточно што и како е
     
  9. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    1.090
    Допаѓања:
    767
    ахх..меморијаа :lol: Понекогаш се нервирам и си го поставувам прашањето зошто бог ме надарил со толкава меморија?? :rofl: едноставно се запомнувам!! значи: лица,имиња и презимиња,тел. броеви,најразлични и непотребни датуми,матичните броеви на сите од семејството,се што ќе чујам во моментот ( на пример мајками додека седиме вдневна ќе пушти вести да гледа,ама таа онака не дека многу сака да гледа туку само ако нешто ја интересира,додека јас-кога мајками ќе ги пушти вестите несакајќи ама баш сите информации ќе ги слушнам и ќе ги запомнам па макар и да се сите непотребни :lol: ) се ми влегува во оваа главата :P и сосема се сложувам со хороскопот за девица -Многу сте слатки и наивни, но вашиот брз ум никогаш не пропушта ниту еден детаљ. Обожавате да анализирате сè! Фактички може да полудите, затоа што никогаш не престанувате да мислите.
     
  10. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    5.686
    Пол:
    Женски
    На луѓе како што се, мајками и таткоми, дечко ми, некои најблиски други, им памтам роденден..
    За лица,многу, дури ми се чудат секогаш како може толку да памтам лица. Секое искачање во град кога секој 2-р што ќе помине ја викам,познат/а ми е .. :) Телефонски броеви.. Па исто на поблиските,и на кои им вртам најчесто.. :wasntme:
     
  11. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    Имам навистина одлична визуелна меморија. Неверојатно добро памтам слики и ликови. Ми се случило да видам некого по втор пат во мојот живот, ама веднаш да ми текне од каде го знам. Исто така и за сликите, за фотографиите сум тата мата :D Доволни ми се само 2 секунди да гледам во некоја слика, а да ги забележам сите предмети што ги има на неа. Се имам тестирано повеќе пати и во тоа сум навистина добра. Е сега... за бројки и имиња не ме бива баш, за тоа сум тапа. Затоа географијата никогаш не сум ја сакала како предмет. Инаку се сеќавам на случки од мојата четиригодишна возраст. Може да не памтам што сум јадела вчера, ама ако нешто ми оставило силен впечаток - го памтам во најситни детали колку и да било одамна.
     
  12. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    781
    Најмногу паметам броеви, формули и слики... Ги запаметував сите години од историјата со само 1 читање... Е со имиња и презимиња ми оди тешко... се сеќавам дека кога почнав во средно и по 3 месеци не ги знаев сите од класот со име и презиме :)
     
  13. broken099

    broken099 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2010
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    434
    мојата меморија сега за сега е добра :) на бившиот/"сегашниот"/идниот му памтам телефонскиот број, роденденот, зборовите кои ги кажал пред 45025892 години, роденденот на мајка му татко му и брат му, на моите дома се им знам и нема шанси да заборавам некој важен датум. Памтам имиња, презимиња (тоа и фб ми помага :)), памтам датум за првиот бакнеж, раскинување, датум од кога почнавме да сме заедно, од кога сакам некого, кога сум се сликала(кога гледам некоја слика одма ми текнува место), броеви, а посебно памтам некои реплики што ми биле многу важни, итн .. понекогаш ме викаат јавете се на стефи информации, пошто се си знам и што ми одговара и не .. :wasntme:
    А СО ФОРМУЛИ ИМАМ ПРОБЛЕМ! :devil:
     
  14. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    394
    Тешко паметам фаци,значи луѓе кои ги имам сретнато еднаш а не ми оставиле никаков впечаток неможам да се сетам на нивниот изглед.Се сеќавам сто сум разговарала или каде било тоа но никако неможам ликот да го доловам.Инаку имам добра меморија кога се работи за броеви,за разговори,паметам многу ситници .Понекогаш го присетувам дечко ми на некоја ситница одамна и ми вели како можеш да паметиш такви работи,ама ете ги паметам не ми лесно излегуваат од глава.
     
  15. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    Имам меморија како слон, а слоновите имаат прилично добра меморија. Најмногу памтам телефонски броеви, ситници, разговори, ликови, и нешта што ме интересираат. Кога нешто не ме интересира, ни со инка да ми го стават во памет, нема да го запамтам. А имам и некои моменти кога сум скроз заборавена, па ќе оставам некој предмет на некое место, а потоа нема да ми текнува каде сум го оставила.
     
  16. prettyButerfly

    prettyButerfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2010
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    13
    Блазе си ви луѓе јас не памтам многу многу..Дати само на личности кој ми се многу важни,тел.броеви оние кој најмногу ги користам а другото некако слабо..а се си викам ај наследно ми е затоа што таткоми многу заборава отсекогаш..Инаку дати не памтам,години уште помалку.Мислам дека пола живот сум си го заборавила..не сега буквално ама не памтам многу ситуации,што сум кажала и сл. Во школо ако некој ми рече да му донесам нешто обавезно заборавам и затоа си одам по тоа паметниот запишува глупавиот памти..:)
     
  17. WomanInLove

    WomanInLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2009
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    267
    Пол:
    Женски
    хаха ова и јас го ептен памтам, иначе и јас можам да се пофалам со добра меморија. Памтам родендени, телеф. броеви, имиња не многу, ама затоа пак лица и места многу, и во школо со географијата ми идеше добро, со бројките должините.. :D
     
  18. parisheroinstars

    parisheroinstars Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2010
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    25
    Памтам датуми, броеви, места, имиња, географски поими, интересни факти што ќе ги слушнам по емисииве на телевизија.. Прилично имам добра меморија :) .
     
  19. LovelyGirl

    LovelyGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    1.551
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Женски
    имам доста меморија, доста памтам датуми..бројки..некој регистрирации на коли...се само имиња не... :lol: имињата ги забравам...ама бројките ми остануват во главата... :lol:
     
  20. N.E.87

    N.E.87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    270
    Допаѓања:
    12
    Незнам дали е добра меморија ама јас памтам се што не треба :?: ,памтам работи што во животот никогаш нема да ми требаат.А исто памтам работи што во моментов ми требаат,а тоа што било одамна па макар било битно јас заборавам :lol: :^)